Култура
Пет години МКУЦ во Софија
Поетска вечер посветена на авторката Гордана Михаилова- Бошнакоска ќе се одржи утре во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и ќе бидат одбележани пет години од неговото основањ
Во изминатите пет години, со поддршка на Министерството за култура, беа реализирани голем број проекти преку кои беше презентирана и афирмирана македонската култура во Бугарија. „Беа организирани повеќе книжевни визити, презентации на книжевни портрети и претставувања на македонските писатели, меѓу кои и на Драги Михајловски, Ристо Василевски, Филип Петровски, Али Алиу, Васил Тоциновски, а беа одржани и повеќе промоции на книги “, соопштува министерството за култура.
Преку проекција на документарни етнолошки филмови беше презентирана богатата македонска етнолошка традиција, а преку претставувањето на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ бугарската јавност беше запознаена и со македонско фолклорно наследство.За оваа година преку Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата, поддржани се и реализирани повеќе проекти. „Беше претставена изложбата на Марин Димески, потоа беше презентиран и книжевниот опус на Весна Ацеска, а Центарот за култура „Антон Панов“ реализираше и изложба на дела од струмичката ликовна колонија.“, стои во соопштението на министерството за култура.Во изминатиот период концерти одржаа повеќе македонски уметници, меѓу кои и Ана Гацева, Михаило Куфојанакис и Тодор Светиев, како и Тони Китановски. Македонскиот ликовен мозаик беше претставен преку изложбите на Ѓорѓи Чулаковски-Ѓото, Александар Ивановски-Карадаре, Ива Димеска, Тања Балаќ, Мифтар Мемети, Илија Аџиевски, Новица Трајковски, Тони Шулајковски. Меѓу многуте проекти, беше организирана и вечер посветена на македонскиот сликар Киро Урдин со проекција на неговиот филм „Вода и оган“.Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија е отворен во април 2005 година, согласно со потпишаната Спогодба меѓу Владите на Република Македонија и на Република Бугарија за основање културно-информативни центри во Софија и во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

