Култура
Македонски фолкрол во Полска
Фолклорниот ансамбл „Тиквеш” кој работи при Домот на културата „Иван Мазов-Климе” Кавадарци, како претставник на Македонија ќе учествува на престижниот, петнаесети по ред Меѓународен фестивал на фолклорот „Кастеланиа 2010″ кој ке се одржи во полскиот град Сиерпц
Поканата за учество е добиена од организаторот на фестивалот, а врз основа на досегасната работа на ансамблот „Тиквеш” кој македонскиот фолклор и традиција ги негува од 1953 г., односно од неговото формирањ, заедно со кавадарецкиот Дом на култура.Фестивалот ќе се одржи од 5 до 12 јули, а меѓу останатите учесници се и фолклорни ансамбли од Египет, Полска, Украина, Порторико, Шпанија и Турција.Подготовките за што подобро претставуванје на македонскиот фолклор, култура и традиција веќе започнаа. Кавадаречките играорци наредните два месеца ќе имаат интензивни секојдневни проби, само со една цел – претставување на Македонија во најдобро светло, пред граѓаните на пријателска Полска и, секако, пред другите учесници од целиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
(Видео) Сашко Коцев и Бојана Нушкова се суперхерои во апокалиптично Скопје – Македонија ќе го добие првиот Sci-fi филм со светски специјални ефекти

„Инатиум. Ситна светлина надеж во бесконечниот темен универзум. Ова небесно-сино парче скапоцен камен беше причината за мир и благосостојба низ универзумот се до еден ужасен ден. Во сега веќе разрушено Скопје гледаме како вселенскиот брод константно го емитува светлечкиот сноп црвена плазма со цел да ја апсорбира енергијата од јадрото на планетата…“ – Вака звучи краток исечок од сценариото на првиот македонски Sci-fi (научнофантастичен) 30 минутен филм „Инатиум“ во режија на Игор Стојановски.
Се работи за многу динимичен проект со импресивни специјални ефекти, чијашто премиера е најавена за оваа година. Филмот е во изработка на Старфал Филм Академија и Старфал Продукција. Сценариото е напишано од Кристијан Поповски, прв асисент на режија е Бојан Јуруковски, а режисер на сет е Гоце Цветановски.
Филмот ја раскажува вечната Битка помеѓу доброто и злото. Тоа е приказна за истрајноста, одлучноста како и надежта на протагонистите да се спротистават на негативните сили. Во универзум на работ од уништување, древниот кристал Инатиум е клучот за спас.
„’Инатиум’ ги спојува зачудувачките визуелни ефекти со моќна приказна. Од динамичниот дизајн на ликови до сложеното создавање на светот, секој детал е дизајниран за да остави траен впечаток. Нашиот тим од индустриски експерти, поддржан од години практично искуство, го оживеа ова визионерско дело претворајќи ја нашата страст за дигитално филмско творештво во незаборавно патување за публиката“, изјави режисерот Стојановски, кој е и продуцент на филмот.
Главните улоги на суперхерои кои се борат со злото ги играат Сашко Коцев и Бојана Нушкова, за кои Стојановски вели дека одлично ја завршиле својата работа.
„Сашко Коцев, нашиот етаблиран актер со своето искуство и вештина во актерската игра ја доловува приказната на специфичен начин, а талентираната Бојана Нушкова со својот професионален пристап, иако дебитант во улогата на главен актер покажа сериозен актерски потенцијал“, рече Стојановски, откривајќи дека дејствието на филмот се одвива на градскиот плоштад во Скопје, што на оваа дело му дава дополнителна специфичност и чувство на патриотизам и припадност кон родната земја.
View this post on Instagram
Тој говореше и за деталите, чувството да се создаде свет на спектакуларни вонземски бродови, моќни артефакти и незаборавна атмосфера.
„Овој проект ги комбинира најновите технологии со креативна визија, покажувајќи ја нашата способност за реализација на висококвалитетна продукција со холивудски стандард. Преку волшебни визуелни сцени на галактички војни, распаѓање на цивилизации и свети ритуали, „Инатиум“ ја истражува вечната борба помеѓу светлината и темнината. Станува збор за краток филм што ги истакнува нашите врвни вештини во VFX, 3D моделирање, концепт-арт и користење на Unreal Engine“, додава режисерот и продуцент Игор Стојановски.
Уникатните костими на суперхероите во филмот ги изработија Фросина Ангеловска-студио Фран (костим на Бојана) и Бојана Стевковска (костим на Сашко).
Култура
Жените во делата на македонските сликари

Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Галерија Матица, организира изложба на четириесет дела од македонски автори кои ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените. Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените.
На изложбата ќе бидат застапени дела на македонските сликари: Коле Манев, Павле Кузманоски, Тања Балаќ, Синиша Новески, Касиопеја Наумоска, Ниче Василев, Златко Глигоров, Симон Калајџиев и др.
Изложбата ќе биде отворена од 8 до 28 март 2025. Галерија Матица се наоѓа во самиот центар на Скопје, во непосредна близина на Министерството за финансии.
Култура
„Жива досада“ – новата претстава на МНТ набргу пред македонската публика, ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта

Денеска почнаа првите читачки проби за претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, во која играат заедно со Гоце Андонов.
Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат како децата така и родителите да остават да им биде досадно без да ги окупираат со разно-разни обврски, само за да ја избегнат досадата.
Ликовите на децата, Давид и Бојана, кои се претставници на децата на денешното време, во еден момент се среќаваат со дел од ликовите на Недојдија, каде што во одреден момент си ги менуваат местата, со цел да докажат во чие време е подосадно. Претставата поентира со тоа што ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта, како и да научат да комуницираат вербално помеѓу себе.
Костимограф е Валентина Чонкова, а сценограф е Мартин Манев.
Премиерната изведба се очекува кон втората половина на април или на почетокот на мај 2025 година.