Контакт

Култура

Инсталација од Јане Чаловски во лондонски „Тејт Британ“

Објавено пред

Во сабота, 15-ти мај, во лондонската галерија „Тејт Британ“ (Tate Britain) ќе биде презентирана инсталцаијата од македонскиот уметник Јане Чаловски во рамките на изложбата „Размисла, пауза, процес (Ситуација)“ која ќе биде поставена до 20-ти август

dobivaj vesti na viber

Изложбата ќе биде отворена во 11 часот, со разговор на Јане Чаловски со Луси Бајат, а пото ае планирана поширока дискусија во простор со ОуУнПо (Работилница на потенцијални светови).Инстлацијата на Чаловски е дел од програмата на националната  организација “Современо уметничко друштво” (Contemporary Art Society) во соработака со „Тејт Британ” во Лондон која се реализира по повод стогодишнината од нејзиното постоење. Во рамки на програмата „Современо уметничко друштво” покани три уметника да ја користат колекцијата на „Тејт” како појдовна точка за селектирање дела преку кои се доловува една поиканва и оргинална слика за развојот на модернизмот во уметноста. Оваа серија на изложби е насловена „Основање платформа” и започна во Тејт Британ со инсталацијата на Елизабет Прајс „Совршени текови и треперливи супстанци” (5 февруари – 3 мај). Вториот проект е делото на Јане Чаловски „Размисла пауза процес (Ситуација)” а третата селекција на делата ќе ја направи неодамнешниот добитник на британската награда „Тарнер”, Ричард Врајт, и која ке биде поставена есенва.Јане Чаловски ја прифати поканата на „Современото уметничко друштво” за да работи на колекцијата и архивата на „Тејт” како можност да започне период на истражување кое го водело, можеби неизбежно, да преиспита широк ранг на преокупации и претпоставки кои се однесуваат на концептите и теоретските постулати во моденизмот вклучувајки уметнички дела кои се потпираат на идејата за активно и концептуално залагање на публиката. Селектираните дела во проектот на Чаловски се „Голема конференциска платформа платформа”, (1998) на Лијам Гилик, дело кое повеќе од било кое друго се обидува да создаде простор како отворена структура за слободно размислување и за се уште „ненапишано” сценарио. Други дела кои се вклучени во инсталацијата на Чаловски се на уметниците Френсис Елис , ВитоАконци, Џозеф Бојс, Ема Кеј, Кристофер Вул, Анри Матис, Џеф Вол и необјавениот ракпоис на авторот Свен Берлин. Со додавање на саунд-арт делото „Група ротации” на францускиот уметник Самон Такахаши (Самон Такахасхи) и интерактивното делото на Чаловски “Улај” инсталацијата станува повеќе од збир на индивидуални дела, всушност тоа станува една поголема нарација за флексибилноста на идеите и флуидноста на кураторските и уметнички процеси. Овие дела го предвидуваат ефектот на гледачот кој е повикан да искуси нов начин на согледување на модернизмот во контекст на современата уметност. Како дополнение на проектот, на 15-ти мај Чаловски ќе одржи и јавна дискусија со истражувачката група „ОуУнПо (Работилница на потенцијални светови)” во која е член и еден од основачите. “ОуУнПо” е флексибилна работна група од дванаесет уметници, кураори и научни истражувачи кои ги поврзува интересот кон концептот на време и простор и улогата на субјективноста во современиот уметнички дискурс.     Јане Чаловски живее и работи во Скопје. Студирал на Факултетот за ликовни уметности во Пенсилванија, САД (1992-96) и колеџот Бенингтон (1997) и завршил постдипломски студии во Китакјушу, Јапонија (1999/00) и Академијата Јан Ван Ајк во Маастрихт, Холандија (2002/04). Неговата уметничка практика вклучува уметнички и кураторски проекти кои од критката се опишани како повеќеаспектни, кооперативни, ориентирани кон создавање контексти и базирани на цртеж. Неговите главни интереси гравитираат кон создавање на јазик на слободни асоцијации и значења кои се конструирани од лични искуства и од пронајдени уметнички и историски извори. Неговите дела ја акцентираат формулацијата на нарација во доменот на концептулната уметност која е поврзана со социјалниот дискурс и институционалната критика.Негови проекти неодамна беа претставени на Еуропеан Кунстхалле во Келн, ХДЛУ – Загреб и Манифеста 7 во Болзано, Италија. Неговиот следен проект ќе бидат претставен во галеријата „Жак-Браницка” во Берлин и Музејот на современа уметност во Скопје на есен, 2010 . „Современото уметничко друштво” во последните сто години подарило повеќе од осум илјади уметнички дела на јавните колекции во оваа земја. Друштвото во овој период игра улога на агент кој посредува во развојот на современите визуелни уметности на оваа земја создавајќи  публика, уметници, куратори, колекционери како и колекции. Благодарение на блиската соработката и партнерство со 63 членови-музеи на Друштвото, во колекциите низ Велика Британија ќе се одвива програма по повод стогодишнината од неговото постоење.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почина Кетрин О’Хара

Објавено пред

Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.

dobivaj vesti na viber

О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.

Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.

Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.

Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.

Фото: скриншот од филмот „Сам дома“

Прикажи повеќе...

Култура

Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски

Објавено пред

На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.

dobivaj vesti na viber

Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.

Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.

Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Локомотива на Canal 2026 во Витри-сир-Сен (Париз)

Објавено пред

Од

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Северна Македонија) ќе учествува на Canal 2026, дводневна професионална платформа иницирана од CN D – Centre national de la danse.

dobivaj vesti na viber

Настанот обединува 10 француски танцови институции и 6 институции од Балканот (Грција, Словенија, Бугарија, Северна Македонија) и го претставува работењето на 32 уметнички тима преку извадоци/перформанси, разговори, работилници, дебати, проекции и презентации на проекти.

Canal 2026 се одвива во Витри-сир-Сен на три локации—La briqueterie CDCN, MAC VAL – Musée d’art contemporain du Val-de-Marne и Théâtre Jean Vilar, како и на cnd.fr, со онлајн издание што започнува од март 2026.

Локомотива ќе биде претставена од Биљана Тануровска-Ќулавковски, која ќе ја презентира работата на Локомотива и ќе ги претстави кореографките/танчерки од Северна Македонија поврзани со организацијата: Тереза Лазарев и Викторија Илиоска. Дополнително, Биљана Тануровска-Ќулавковски ќе учествува и на дискусија, во петок, 30 јануари (11:00–12:30, во MAC VAL) на тема: „Кои се специфичностите на кореографскиот екосистем на Балканот…?“

Уметнички презентации од Северна Македонија

Викторија Илиоска ќе ја претстави својата уметничка пракса, вклучувајќи ја досегашната работа како и Hope for the Best – Prepare for the Worst, перформативен тренинг што го третира телото како ресурс, а театарскиот диспозитив како заедничка инфраструктура. Развиена во услови на кратења во културата и екстрактивни економии, работата ја поставува публиката како активен материјал на ситуацијата, а не како набљудувач—каде вниманието, физичкото присуство и издржливоста циркулираат како заеднички ресурси. Делото прашува: За што треба да се тренираме како колективно тело за иднината што доаѓа?

Тереза Лазарев ќе ја претстави својата уметничка пракса, вклучувајќи ја досегашната работа како и Passionate Animal, кореографски истражувачки проект што ја истражува врската помеѓу колективната меморија и личната танцова меморија, и прашува како нестабилноста и колапсот го трансформираат телото. Како дел од истражувањето, таа ќе изведе краток танцов сегмент на музика од Александар Гроздановски.

Оваа активност е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд, CN D (Centre national de la danse) и Театроскоп – програма иницирана од Францускиот институт, Министерството за култура и Министерството за Европа и надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија15 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија16 часа

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет18 часа

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија19 часа

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија19 часа

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија19 часа

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет19 часа

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ21 час

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет22 часа

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет23 часа

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет23 часа

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија24 часа

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа24 часа

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија2 дена

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија2 дена

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија2 дена

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ2 дена

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...