Култура
Психомодо поп предгрупа на Били Ајдол

Психомодо поп ќе биде предгрупа на Били Ајдол, кој на 20 јуни ќе има концерт на отворениот простор на скопското Кале. Психомодо ќе ги загрее сите со шеесетминутно бест оф шоу пред да стапи на сцената ѕвездата на вечерта, Били
Бендот Психомодо поп е оформен во 1983 г. и од своето појавување на тогашната југословенска сцена до денес станува еден од најдобрите поп-панк групи на балканските простори. Во својата кариера има издадено осум албуми и освоено многу награди, но, како што велат самите членови на групата, нивната најголема награда е огромната армија фанови што ја имаат низ целиот Балкан.
Најголемата желба им се остварила кога 1990 г. свиреле заедно со своите идоли Рамонс. Лидерот на бендот, Давор Гобац, секогаш потенцира дека ништо не му е поважно од концертите и фановите: “Сакам да настапувам во секое село и метропола, од селски задруги до стадиони, сум пеел и пред петмина и пред десет илјади луѓе. Нашиот живот е рок енд рол”.
Влезниците се веќе во продажба по цена од 1.000 денари, а има и лимитиран број на фан-пит места по цена од 1.500 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Македонскиот филм „Лена и Владимир“ освои награда во Седона

Македонскиот долгометражен игран филм, „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, ја освои наградата за Најтрансформациски Филм на 31-от Меѓународен Филмски Фестивал во Седона.
„Ова признание значи многу за целиот наш тим кој ги вложи своите срца и души во оживувањето на оваа приказна“, велат од тимот кој работеше на овој проект.
На фестивалот присуствуваше актерот Тони Наумовски, кој посетата на Седона ја опишува како просветлувачкото искуство.
„Седона беше магична; фестивалот, луѓето, разговорите…тоа беше навистина просветлувачки“, рече Наумовски.
Лена и Владимир е македонска фантастична драма во режија на Игор Алексов, и сценарио на Александар Русјаков. Премиерата се случи на 19 октомври 2023 година. Филмот е современа антибајка за два лика исклучени од општеството. Владимир ја изгубил љубовта и се повлекува во самотија, а Лена е девојка од дом за сираци, силувана, малтретирана, никогаш не почуствувала љубов. Кога ќе им се вкрстат патиштата на „чудовиштето“ и убавицата, животите им се свртуваат наопаку.
Потопени во длабоката болка на своето минато, Лена и Владимир откриваат кревка, но издржлива врска што ги надминува нивните поединечни трагедии. Сместено на заднината на шумско светилиште, нивното патување на исцелување и искупление се развива додека тие се движат низ сложеноста на траумата, простувањето и преобразувачката моќ на љубовта.
Култура
(Видео) Сашко Коцев и Бојана Нушкова се суперхерои во апокалиптично Скопје – Македонија ќе го добие првиот Sci-fi филм со светски специјални ефекти

„Инатиум. Ситна светлина надеж во бесконечниот темен универзум. Ова небесно-сино парче скапоцен камен беше причината за мир и благосостојба низ универзумот се до еден ужасен ден. Во сега веќе разрушено Скопје гледаме како вселенскиот брод константно го емитува светлечкиот сноп црвена плазма со цел да ја апсорбира енергијата од јадрото на планетата…“ – Вака звучи краток исечок од сценариото на првиот македонски Sci-fi (научнофантастичен) 30 минутен филм „Инатиум“ во режија на Игор Стојановски.
Се работи за многу динимичен проект со импресивни специјални ефекти, чијашто премиера е најавена за оваа година. Филмот е во изработка на Старфал Филм Академија и Старфал Продукција. Сценариото е напишано од Кристијан Поповски, прв асисент на режија е Бојан Јуруковски, а режисер на сет е Гоце Цветановски.
Филмот ја раскажува вечната Битка помеѓу доброто и злото. Тоа е приказна за истрајноста, одлучноста како и надежта на протагонистите да се спротистават на негативните сили. Во универзум на работ од уништување, древниот кристал Инатиум е клучот за спас.
„’Инатиум’ ги спојува зачудувачките визуелни ефекти со моќна приказна. Од динамичниот дизајн на ликови до сложеното создавање на светот, секој детал е дизајниран за да остави траен впечаток. Нашиот тим од индустриски експерти, поддржан од години практично искуство, го оживеа ова визионерско дело претворајќи ја нашата страст за дигитално филмско творештво во незаборавно патување за публиката“, изјави режисерот Стојановски, кој е и продуцент на филмот.
Главните улоги на суперхерои кои се борат со злото ги играат Сашко Коцев и Бојана Нушкова, за кои Стојановски вели дека одлично ја завршиле својата работа.
„Сашко Коцев, нашиот етаблиран актер со своето искуство и вештина во актерската игра ја доловува приказната на специфичен начин, а талентираната Бојана Нушкова со својот професионален пристап, иако дебитант во улогата на главен актер покажа сериозен актерски потенцијал“, рече Стојановски, откривајќи дека дејствието на филмот се одвива на градскиот плоштад во Скопје, што на оваа дело му дава дополнителна специфичност и чувство на патриотизам и припадност кон родната земја.
View this post on Instagram
Тој говореше и за деталите, чувството да се создаде свет на спектакуларни вонземски бродови, моќни артефакти и незаборавна атмосфера.
„Овој проект ги комбинира најновите технологии со креативна визија, покажувајќи ја нашата способност за реализација на висококвалитетна продукција со холивудски стандард. Преку волшебни визуелни сцени на галактички војни, распаѓање на цивилизации и свети ритуали, „Инатиум“ ја истражува вечната борба помеѓу светлината и темнината. Станува збор за краток филм што ги истакнува нашите врвни вештини во VFX, 3D моделирање, концепт-арт и користење на Unreal Engine“, додава режисерот и продуцент Игор Стојановски.
Уникатните костими на суперхероите во филмот ги изработија Фросина Ангеловска-студио Фран (костим на Бојана) и Бојана Стевковска (костим на Сашко).
Култура
Жените во делата на македонските сликари

Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Галерија Матица, организира изложба на четириесет дела од македонски автори кои ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените. Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените.
На изложбата ќе бидат застапени дела на македонските сликари: Коле Манев, Павле Кузманоски, Тања Балаќ, Синиша Новески, Касиопеја Наумоска, Ниче Василев, Златко Глигоров, Симон Калајџиев и др.
Изложбата ќе биде отворена од 8 до 28 март 2025. Галерија Матица се наоѓа во самиот центар на Скопје, во непосредна близина на Министерството за финансии.