Култура
Оливер Мусовиќ на биеналето во Мардин
Македонскиот уметник Оливер Мусовиќ учествува со првото биенале во градот Мардин, Турција кое ќе биде се отворено на 4-ти јуни и ќе трае до 5-ти јули на повеќе локации во градот
На изложбата со наслов „Абаракадабра“ (абара е архитектонски елемент, премин, специфичен за Мардин, кој е воедно и во јавен и приватен простор), под кураторство на турската кураторка Доне Отјам, кое за тема ја има фузијата на историскиот архитектонски простор на градот Мардин и современа ументност, ќе се престават 63 уметници меѓу кои и Бен Риверс, Урсула Мајер, Адриан Паци, Хусеин Чалајан, Ферхат Озгур и други.Делото „Соседи верзија 2.010“ со кое Оливер Мусовиќ се преставува на ова ново биенале е серија на дигитализирани фотографии кои се пропратени со кратки анегдотски текстови.„Ова е трето дело во мојата серија насловена „Соседи“ и како и претходните две дела преставува сцени од еден двор на зграда од преградието на Скопје, еден заеднички простор обликуван од жителите на зградата, според нивните потреби и желби. Овој пат со новото дело се фокусирам повеќе на природните процеси на стареење и пропаѓање во еден пост-социјалистички урбан пејсаж.” вели авторот.Оливер Мусовиќ дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1997 година, магистрирал во 2004. Досега имал 15 самостојни изложби во Македонија, Швајцарија, Словенија, Србија, Австралија, Косово и Црна Гора. Учествувал и на бројни меѓународни изложби на современа уметност во земјата и странство, меѓу останатите учествувал на 3. Биенале во Букурешт во 2008, 1. Биенале во Солун во 2007, „Во клисурите Балкан“ во Касел во 2003, на Манифеста 4 – Европско биенале на современа уметноство Франкфурт во 2002 година и на 6. Меѓународно истанбулско биенале во 1999 г. Неговите дела се дел од повеќе јавни колекции како МСУ Скопје, Народниот Музеј на Црна Гора, Модерна Галерија од Љубљана, фондацијата Каза ди Риспармио ди Модена и се објавени во книги објавени од најголемите светски издавачи на уметничка литература.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

