Култура
Изложба „ЛИНК“ на Жарко Башески во Прилеп
Во рамките на 45 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во петок навечер во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на скулптури „ЛИНК“ на вајарот Жарко Башески
Прилепчани и другите љубителите на театарот кои вечерва ќе бидат присутни во градот по Маркови кули на отворањето на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе имаат можност да проследат три скулптури од вајарот, работени со полиестер и силикон, кои предизвикаа интерес при нивното неодамнешно прво претставување во Скопје.Жарко Башески, кој е автор на скулптурите коњаници на макеодснките херои Гоце Делчев и Даме Груев, третпат самостојно се претставува во родниот Прилеп. Прилепската публика, како и македонската претходно, ќе има можност за првпат да види нова концептуална уметност која што ја нуди Башески, уметност која во светски рамки е одамна присутна. „Скулптурите се работени од најсовремен материјал, лесен за обработка, ефектен и практичен. Сакав да истражувам врз база на реалистичен третман на човекот“ ,вели Башески.Всушност трите скулптури се на човечки фигури, кои се реткост кај нас Две се предимензионирани човечки портрети, еден е минимизиран автопортрет.„Размислував за обичниот човек кој се бори да излезе, да се ослободи, кој размислува што ќе биде“, потенцира Башески, кој на проектот работел неколку години.Маја Чанкуловска Михајловска за неговото творештво ќе рече:„Скулптурите на Башески се новина во македонската уметност по начинот на изработка, употребата на новиот материјал, димензиите. Сепак делата се вбројуваат во рамките на реализмот. Секоја скулптура има своја приказна и се изведени до перфекција. Како основа ја користи фотографијата како интерпесонален и објективен почеток на прикажувањето“. Жарко Башески е роден е во Прилеп 1957 г. а факултетот за ликовни уметности во Скопје го завршил во 1988 г, каде десет години подоцна ги завршува и постдипломските студии. Член е на ДЛУМ од 1988 г, а во 2000-та е избран за наставник во звањето доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање, додека во 2005 г. се стекнува со звањето вонреден професор по истите наставни дисциплине, а сега работи како редовен професор на истиот факултет.Досега Башески реализирал девет самостојни изложби во земјава и во странство, учествувал на над педесет групни изложби во Македонија, САД, Австралија, Италија, Франција Турција Србија и др. Автор е на голем број споменици (монументални дела) и добитник на осум меѓународни и национални награди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

