Култура
Фестивалот на монодармата ја одби Јоана Поповска
Фестивалот на монодарма во Битола го затвори конкурсот за годинава со што се знае кој ќе земе учество. Јоана Поповска конкурирала со најновата монодарма „Госпоѓата А“, но била одбиена
од Оливера Михајловска, Битола
„Мене ме има во цела Европа, само ме нема дома. Ова е злосторство – да го одбиете домашниот човек. Ми рекоа дека доцна конкурирав. Јас не милсам дека доцна конкурирав“, рече доајенката на битолското и макеоднско глумиште, актерката Јоана Поповска.Како што ни кажа, единствена желба и’ било во Битола да се случи премиера на „Госпоѓата А“, за одбележување на јубилејот 50 години работа. Но ниту сега на фестивалот, ниту претходно, на нејзиното барање од битолскиот театар не и’ дозволиле, со објаснување дека имаат премногу работа и немаат слободен простор, рече Поповска.Оваа монодрама имаше своја премиера неодамна во Албанија, каде Поповска ја доби најпрестижната награда на фестивалот Гран-при, а неколку дена подоцна петставата премиерно ја изведе и во Софија. За жал, пред битолчани не е одиграна.Неодамна Поповска ја доби главната женска награда за претставата „Столови„ во Приштина, каде отпатувала со големи тешкотии, заради немање средства, дополни актерката.„Господинот градоначалник не ме удостои, иако речиси на сите награди стои град Битола – Македонија. Па ако се толкави патриоти да се чукаат вгради, нека покријат нешто“, рече Јоана Поповска.На препорака на Нина Мазур, „Столови“ ја виде косовската публика, а наградата Поповски ја добила заедно со честитки за јубилејот.„За жал, за мене тоа не се случи во мојот град, мене таму ми ја честитаа годишнината“, рече разочараната актерка Поповска. На 10-ти овој месец Поповска се здоби со уште една награда – актер на Европа, за најдобра женска улога на во Подуево,на фестивалот за амбиетален театар и повторно за „Столови“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.

