Култура
До пријателства преку музика
Детскиот парламент на Македонија од Велес и Фондацијата Марита Македонија, преку соработка со членовите македонската попдружница на Фондацијата Нетворк мисија Норвешка продолжуваат со активностите за промоција на здрав и позитивен имиџ кај младите
Со оваа цел во Велес во четврток (23-ти јуни) од 18.30 часот во Ликовниот салони во хорската сала на Музичко балетскиот училишен центар „Илија Николовски Луј“ во Скопје со почеток во 19 часто ќе се одржат два несекојдневни музички со заеднички наслов „Градиме пријателство преку музиката“. На овие настани своја програма ќе изведе плех оркестарот и парадниот марш на Недре Бекелагет од Норвешка кој постои од 1975 г. и е дел од Норвешката федерација на оркестри (НФО) и е најголема доброволна музичка организација во Норвешка, со над 66 илјади членови на секоја возраст. Во Велес свое претставувањје и поздрав до гостите ќе има Веселинка Маџарова, професор по музика и соло пеење, заедно со Вариса Хајдарпашиќ и пијано придружба од Александар Манев. Додека, пак, во Скопје во програмата поздравен и заеднички настап ќе има оркестарот од дувачки инструменти од БМУЦ „Илија Н. Луј“ заедно со гостите од Недре Бекелагет.Норвешката Федерација на оркестри опфаќа параден марш, плех и дувачки оркестар и има ученици во училишни, младински и аматерски оркестри. На овие концерти ќе биде претставена програма која опфаќа различен израз, како на пример, рок, модерна, класична, етно и филмска музика.Дувачкиот оркестар во модерен облик е започнат во текот на 1850 г. во Преусен кога воените оркестри се збогатени со туби и саксофони. Парадниот марш во обликот кој ни е познат денес потекнува од САД од XIX век, а во Норвешка се применува од средината на XX век. На националниот ден на Норвешка, 17-ти мај почнувајќи од 1959 г., народот може да види параден марш пред оркестарот кој има свое претставување пред Кралот на Норвешка.Името на диригентот и лидер на идејата за реализација на овој вид музички настани во Македонија е Сисел Грондал. Таа е професор по француска хорна на Музичкото училисте во Осло. Долги години работи како диригент и компонира, аранжира и пишува книги по методологија. Преку Фондацијата Нетворк мисија таа ја посети Македонија повеќе од 17 пати и остварува бројни музички контакти и работи со цел да ги поврзе младите музичари во Норвешка и Македонија на едно подрачје на музика и уметност.Целта на овој вид активности е да ја се претстави Македонија со нејзината природа, култура и народ и да се основаат врски мегу двете земји. Преку ова се надеваме да отвориме врата за понатамосна културна размена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Факултетот за музичка уметност го најави годишниот концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“
Факултетот за музичка уметност – Скопје го најави годишниот концерт насловен „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, кој ќе се одржи во петок, 5 декември, со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на Македонската филхармонија. Настанот е дел од одбележувањето на 59-годишнината од постоењето на институцијата.
ФМУ – Скопје истакнува дека како алма матер на голем број уметници од земјата и регионот, останува централниот столб на музичкото и балетското образование, создавајќи генерации изведувачи, педагози и творци кои го обликуваат уметничкиот живот во Македонија.
На концертната програма ќе настапат Симфонискиот оркестар на ФМУ, Мешаниот хор „Драган Шуплевски“, Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“, Оркестарот од народни инструменти со солисти, студенти од Катедрата за балетска педагогија, од Катедрата за џез и популарна музика, како и дувачкиот ансамбл на ФМУ, под водство на проф. м-р Цанев, проф. м-р Татарчевски и доц. м-р Спироски.
Публиката ќе има можност да слушне дела од Пурсел, Сен-Санс, Прокофјев, Тиле/Вајс, Коен, Сусато, Горецки, Гершвин, македонска традиционална музика, како и нови композиции од студентите А. Голчева и М. Цветановска.
Влезот на настанот е слободен.
Култура
Сè што ни е заедничко“ – во МСУ изложба што го иницира прашањето „Дали навистина го дишеме истиот воздух?“
Сè што ни е заедничко (Институција во дишење) – нова изложба во МСУ-Скопје од 27 ноември
Во Музејот на современата уметност – Скопје на 27 ноември 2025 година, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција во дишење)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова.
Во изложбата учествуваат Forensic Architecture, Денис Фереира да Силва и Арџуна Неуман, Дурмиш Ќазим, Џумана Мана, Зорица Зафировска и Палестинскиот музеј.
Проектот тргнува од прашањето дали навистина го дишеме истиот воздух. Изложбата го поставува воздухот како ресурс што формално го делиме, но не и еднакво, укажувајќи на токсичните атмосфери – буквални и политички – и на позицијата на маргинализираните заедници.
Инспирирана од концептот на Фанон за „борбено дишење“, поставката ги истражува уметничките практики што откриваат колонијални, империјални и капиталистички структури впишани во воздухот што го дишеме. Авторите визуелизираат токсични облаци, архиви на насилство и невидливи атмосфери што влијаат врз секојдневието.
Паралелно со изложбата, која ќе трае до крајот на февруари, ќе се одржат јавни програми. Во рамките на проектот „Институционални градини“ на Зорица Зафировска ќе има детски работилници за садење и изработка на семенски топчиња, активности за чистење и обновување на просторот околу МСУ, поставување компостна кутија и прикажување едукативни видеа.
Со оваа поставка МСУ-Скопје се претставува како „институција во дишење“ – отворена, инклузивна и ориентирана кон заедницата, со повик за заедничко размислување и акција. Визуелниот идентитет на проектот е дело на Албана Бектеши.
Култура
Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска
Во среда, 3 декември, со почеток од 19:00 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на најпознатата и најуспешна македонска кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима Рисимкин ќе ја претстави Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на „ПНВ Публикации“.
Во ова обемно и луксузно издание, на 180 страници, опфатени се сите значајни аспекти од 45-годишната кариера на Рисима Рисимкин ‒ од самите почетоци како балерина, со сите предизвици со кои се соочувала, до големите успеси што ја дефинираа како истакната кореографка од областа на современиот танц, којашто со нејзината едукациска работа зад себе остава нови генерации танчари и кореографи. Рисима Рисимкин е клучна фигура во македонската култура, а нејзиниот труд годинава беше крунисан и со високото признание ‒ Витез на францускиот ред на уметностите и книжевностите што го доделува државата Франција.
Покрај извонредно питкото писмо на Франговска, што на многу топол и непосреден начин го доближува животниот и професионалниот пат на Рисимкин, извадоците од позначајните рецензии за нејзините дела и обраќањата до читателот од самата Рисима, изданието е збогатено и со неверојатни фотографии од личната архива на Рисимкин и од архивата на „Интерарт културниот центар“, чиишто автори се: Андреј Гиновски, Драган Перковски, Сашо Димоски, Сердар Ајдин, Aнтонио Пиштолов, Ивана Тасев, Олга Ибатулина, Зоран Велјаноски ‒ Летра, Емил Петров и Борис Грдановски.
„Би ја опишала како македонската Пина Бауш, потпрена на белиот балет, којашто во еден момент посакува да излезе од таа рамка и да оди во слободата на движењето…“, ќе изјави Мирјана Радочевиќ за „Политика“, Белград во 2003 г.

