Култура
Две промоции на издаваштвото Блесок
Во „Менада“ во старата Скопска чаршија во петок и сабота во вечерниот термин од 21 часот ќе бидат одржани две книжени промоции на новите изданија на македонски јазик на словенечките автори Примож Репар и Jосип Ости
На 2 jули, пред македонската публика со поезиjа на словенечки (и преводи на македонски) ќе настапи Примож Репар. поет, преведувач иесеист, одговорен уредник на списанието за култура Апокалипса и главен уредник на издавачката кука Апокалипса. Книгата хаику од Примож Репар „Шуми, икони / Woods, Icons“, скопското издаваштво Блесок jа обjави во 2004 г.Јосип Ости, роден е на 19 март 1945 г. во Сараево, каде што дипломирал на Филозофскиот факултет. Бил уредник за култура на студентското списание Наши дни, уредник во издавачката куќа Веселин Маслеша, секретар на Подружницата на книжевниците на градот Сараево и директор на Меѓународната книжевна манифестација Сараевски денови на поезијата, секретар на Друштвото на писателите на БиХ, претседател на Друштвото на книжевни преведувачи на БиХ и лектор/коректор во издавачката куќа Светлост. Живее како слободен уметник во Томај, Словенија. Досега објавил дваесет ипет книги поезија (последните осум ги напишал на словенечки јазик), три книги проза, тринаесет книги есеи, книжевно-критички и публицистички текстови, како и книгата разговори со Изет Сарајлиќ и книгата преписки со Билјана Јовановиќ. Уредил и превел десет антологии на босанско-херцеговската и словенечката поезија и проза, и превел преку деведесет книги и шеснаесет драми од словенечки автори. Досега се објавени триесетина преводи на неговите книги на словенечки, италијански, чешки, англиски, полски, турски, бугарски и македонски јазик. Покрај другите, добитник е на словенечките книжевни награди: Златна птица (1993), Вероникина (1999), Жупанчичева (2000) и Јенкова награда (2006), како и на меѓународната книжевна награда Виленица (1994) и на посебното меѓународно признание за поезија Scrittore di Frontiera (Трст, 2005). Во издание на Блесок, Јосип Ости има објавено десет книги: Барбара и варварот (повеќејазично е-издание); Барбара и варварот (печатено издание); Куќа од јазик, Избрани песни /1995-2005/ (печатено издание); Ден и ноќ на секојдневието (повеќејазично печатено издание) • Сите љубови се необични (печатено издание); Сенки од светулки (повеќејазично печатено издание); Pušeljc pesmi za Barbaro (печатено издание); Учител на љубовта (печатено издание); Na križu ljubavi (печатено издание); Оживува мртвата гранка (повеќејазично печатено издание) и Ноќва снегот мириса на тебе (повеќејазично печатено издание) Следниот ден, сабота 3 jули, со поезиjа на словенечки и хрватски (и преводи на македонски) ќе настапи Jосип Ости, поет,прозаист, есеист, книжевен критичар, антологичар и преведувач. Автор е на повеке од четириесет авторски книги поезиjа, проза и есеи, како и наповеке од сто и дваесет книжевни преводи. Во издание на Блесок, Jосип Ости има обjавено десет книги, кои се меѓу наjпродаваните наслови на оваа издавачка куќа. Примож Репар е роден 1967 год. во Љубљана. Дипломирал филозофија и историја на Филозофскиот факултет во Љубљана. Работи како одговорен уредник на списанието за култура Апокалипса и главен уредник на издавачката куќа Апокалипса. Поет, преведувач и есеист. Единствен словенечки преведувач на Кјеркегор од оригинал. Со делото на Кјеркегор се занимава и стручно. Поетски книги: Крст и чекан, 1992; Отаде светот е тенка пајажина, 1994, Молитвеник, 1995, Mors barbariorum, 1996, Алхемија на срцебиењето, 1998, Шуми, икони / Woods, Icons, 2004, На жар, избрани песни, 2006. Избор од неговата поезија во 2003 год. излезе во превод на словачки јазик. Книга есеи: Записи за апокалипсата, 2000, номинација за наградата Рожанц за најдобра есеистичка книга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

