Култура
Волонтери од цел свет работат на Хераклеа
Како логистички партнер на Фондацијата за Балканско наследство од Бугарија и како технички соработника на Заводот и музеј, Младинскиот културен центар од Битола веќе трета година е разлизатор на летна школа за малди археолози и љубители на археологијата на локалитето Хераклеа
од Оливера Михајловска од Битола
„Пред три години започнавме со десетина, за годинава имаме 60 учесници на летната школа на Хераклеа“, ни рече Златко Талевски од Младинскиот културен центар Битола.Од својат страна, нациоанлната установа Завод и музеј Битола, гледа голем бенефит од волонтерството на голем број учецници од цел свет, како во поглед на археолошките истаржувања, така и за туристичка промоција на градот.„Практичната работа на античкиот локалитет се потврдува македонската археологија дека е на високо ниво“, вели директорката Аница Ѓоргиевска.Волонтерите се под стручен надзор на стручниот кадар од Заводот. Тука студентите учат како се читаат монети, како се конзервира керамика, како се први мозаик и сл.„Лично не наоѓам интерес во американската архологија, има нешто за индијанците, но не е тоа тоа. Тука дефинитивно се враќам“, вели Емили Григ, волонтер арехолог од САД.„Она што ме натера да дојдам, да ја донесам животната одлука дали археологијата е она со што ќе се занимавам во животот“, се андоврза неговиот сонародник Џек Полман од Мисури.Инаку Фондацијата за Балканско наследство од Бугарија постои веќе осум години и вакви теренски практични школи органзиира во Македонија, Бугарија и Романија.„Основната цел на Фондацијата е да го популаризира културното наследство, да ја либерализира достапноста за балканското наследство за целиот свет“, рече Иван Василев, извршен директор на бугарската Фонадација.„Од друга страна, Хераклеа е еден навистина исклучително богат објект. Како што гледате се работи за мал простор, мал објект кој е истражуван во последниве осумдесет години, тука има работа за уште еден век, така да нашиот придонес колку и да е мал се надеваме дека тоа ќе го зголеми задоволството, научниот прозивод заедно со колегите од Забводот и музеј од Битола заедно со коелгите од МКЦ да се добие еден едукативен прозивод да го пренесеме заедно на студентите од целиот свет“, ги објаснува Василев мотивите што ги натерале дел од актѕивностите на Фондацијата да ги организраат во Битола и школата да ја одржат во Хераклеа.Студентите работат во двонеделни сесии цел јули во група од по триесет учесника. Досега биле пронајдени повеќе предмети кои се инвенатрирани и иако археологијата била бавна и внимателна работа, велат од Заводот, додавајќи дека абенефитот за самито локалитет, за Битола и државата од тоа е голем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.
Култура
Почина Георги Сталев Поповски
Друштвото на писателите на Македонија информира дека на 30 декември 2025 година, во 95. година од животот, почина Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки и најстар член на писателската асоцијација.
Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 година во Витолиште, а почина во Скопје. Високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на својата богата професионална кариера, меѓу другото, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“.
Член на Друштво на писателите на Македонија бил од 1956 година, како прв член примен во Друштвото по заслуга на своите достигнувања во областа на книжевниот превод.
Поповски е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои двапати наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ во Сараево (1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, како и македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.
Тој останува актуелен и во 2025 година како еден од авторите на збирката раскази Она што се памети живее („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ, во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на неговиот татко, Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.

