Контакт

Култура

Последна вечер за награди на фестивалот во Стоби

Објавено пред

На сцената во Стоби, љубителите на античката драма ќе имаат можност да ја погледнат тетарската претстава „Цар Едип” во режија на Руслан Кудашов

dobivaj vesti na viber

Актерската екипа на куклената претстава се членови од повеќе тетари од Бугарија.Со одличната тематика за Царот Едип и денот на ослепувањето преку кукли, актерите ќе го преточат слепилото на Едип во величествен симбол полн со многусложни насоки.Бугарските актери преку куклената претстава  ќе и овозможат на публиката да ја долови вистината за ништожните човечки знаења, и за дофатите на нови суштества и светови  со нова светлина која е чиста и предходно не загадена.„ Цар Едип“ е последната театрска претсатва на овогодинешниот фестивал на античка драма  Стоби 2010 која е во конкуренција за една од престижните награди.Покрај оваа античка драма, во трката за награди се и претставите ,,Хамлет,, на Драмски Скопје, Монодрамата,, Антигона” , од прилепскиот ,, No name” и  „Баханалии” од велешкиот театар домќин на овој фестивал.Претставата „Цар Едип“  е со почеток во 21 часот.Завесата на Фестивалот на античка драма, ќе се спушти сабота на 31 јули кога ќе бидат доделени наградите, а во нивна чест прилепскиот тетар „Војдан Чернодрински” ќе ја одигра претставата „Крпен Живот”.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Книжевна вечер со Венко Андоновски за српското издание на „Вештица“

Објавено пред

Утре (13 март 2025), со почеток во 19 часот, во Српскиот културно-информативен центар „Спона“ ќе се одржи книжевна вечер со Венко Андоновски, посветена на српското издание на неговиот култен роман „Вештица“ објавено минатата година. Ова е веќе трето издание на овој култен роман во превод на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод на Гордана Јовиќ-Стојковска, а ова е прво издание на територијата на Република Србија. Издавач е „Кораци“ од Крагуевац, а преводот е на Љиља Цревар.

dobivaj vesti na viber

На настанот, со свои видувања за романот „Вештица“ ќе се вклучат и истакнатите српски писатели и критичари Мирко Демиќ и Владимир Б. Периќ, уредник на списанието за книжевност, уметност и култура „Кораци“, којшто е и автор на поговорот на српското издание објавено во 2024 година, а свои излагања ќе имаат и претставници на издавачките куќи.

Во рамките на средбата ќе се оствари и разговор со Андоновски, во којшто со прашања ќе може да се вклучат и присутните. Модератор на книжевната вечер ќе биде Иван Антоновски.

За француското издание на романот, славниот автор Милан Кундера, откако го спореди Андоновски со Херман Брох и со Карлос Фуентес, романот го нарече „премногу модерен“, т.е. роман од третата историска епоха во развојот на романот. Во него, авторот не само што ги опишува околината и животот на главниот лик, туку успева да го опфати и недофатливото. Според него, станува збор за мајсторски полифонично дело во кое изненадува разноликоста на наративните техники при што „Вештица“ е голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Како што оцени и Георги Старделов, нема слично дело во историјата на книжевноста што толку жестоко ја насликало жестината на измачувањето на човекот. „Вештица“ е роман без „фабричка“ грешка, како што оцени Петре М. Андреевски. Тој и напомена дека оваа книга со ист восхит може да се чита на сите меридијани – Венко Андоновски во овој роман ги урива сите стереоптипи, воздигнувајќи се до највисоките врвови на романсиерската уметност, како што оцени и Старделов.

На оваа книжевна вечер, овдешната книжевна јавност ќе може да има појасен увид и во одгласите и толкувањата за овој роман од српската книжевна фела. За „Вештица“, во 2012 година, Андоновски ја доби и регионалната јужнословенска награда „Кочиќево перо“.

Со овој настан, Српскиот културно-информативен центар „СПОНА“ почнува нов циклус средби и работилници „ПАРАЛЕЛИ И СИНТЕЗИ: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, а во фокусот се дела од современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на српски јазик.

Прикажи повеќе...

Култура

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Објавено пред

Во сабота, со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе ја изведе симфониската суита „Итар Пејо“ од македонскиот композитор Филип Иванов како едукативен концерт за деца. Диригентка е Бисера Чадловска, а наратор ќе биде актерот Мартин Јорданоски. Во петок, на 14 март, концерот ќе има претпремиера за организирана посета од училишта.

dobivaj vesti na viber

Делото на македонскиот композитор Филип Иванов „Итар Пејо“, како што кажува и самиот наслов, е инспирирано од популарниот македонски лик од нашата традиција, лукавиот и снаодливиот Итар Пејо. Тој е познат како симбол на итрец, којшто успева да се справи со неправдите и предизвиците преку својата интелигенција и снаодливост. Особено е итар во надмудрувањето на богатите или на оние коишто сакаат да го искористат…

Делото на Иванов е поделено на седум делови со поднаслови коишто укажуваат на течението на нарацијата: „Триумфот на Итар Пејо пред селскиот кмет“, „Танцот на измамата: Маската на Пејо“, „Меланхолија на исчезнатата паричка“, „Шегите на Итар Пејо“, „Итар Пејо во судир со неправдата“, „Инспиративниот говор на Итар Пејо“ и „Свадбата на Пејо“.

Ова е прва симфониска суита од македонски автор која обработува лик од македонската фолклорна традиција, а е наменета за деца и млади. Композицијата е дел од наградените композиции коишто пристигнаа на конкурсот, којшто Филхармонија го распиша минатата година за откуп на дела од македонски автори наменети за симфониски оркестар.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ освои награда во Седона

Објавено пред

Македонскиот долгометражен игран филм, „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, ја освои наградата за Најтрансформациски Филм на 31-от Меѓународен Филмски Фестивал во Седона.

dobivaj vesti na viber

„Ова признание значи многу за целиот наш тим кој ги вложи своите срца и души во оживувањето на оваа приказна“, велат од тимот кој работеше на овој проект.

На фестивалот присуствуваше актерот Тони Наумовски, кој посетата на Седона ја опишува како просветлувачкото искуство.

„Седона беше магична; фестивалот, луѓето, разговорите…тоа беше навистина просветлувачки“, рече Наумовски.

Лена и Владимир е македонска фантастична драма во режија на Игор Алексов, и сценарио на Александар Русјаков. Премиерата се случи на 19 октомври 2023 година. Филмот е современа антибајка за два лика исклучени од општеството. Владимир ја изгубил љубовта и се повлекува во самотија, а Лена е девојка од дом за сираци, силувана, малтретирана, никогаш не почуствувала љубов. Кога ќе им се вкрстат патиштата на „чудовиштето“ и убавицата, животите им се свртуваат наопаку.

Потопени во длабоката болка на своето минато, Лена и Владимир откриваат кревка, но издржлива врска што ги надминува нивните поединечни трагедии. Сместено на заднината на шумско светилиште, нивното патување на исцелување и искупление се развива додека тие се движат низ сложеноста на траумата, простувањето и преобразувачката моќ на љубовта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...

Македонија1 час

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив, ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство...

Свет1 час

Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија

Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер...

Европа3 часа

(Видео) Објавени нови мапи, Русите силно напредуваат во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет4 часа

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија4 часа

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа5 часа

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет5 часа

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа6 часа

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет6 часа

(Видео) Трамп им вети пекол на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет6 часа

Стапуваат во сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...

Македонија14 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ15 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет16 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет17 часа

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...

Македонија17 часа

Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една...

Македонија19 часа

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ20 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија23 часа

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...