Култура
Операта што ја скандализираше Европа
Не стивнуваат реагирањата откако верзијата на операта „Лулу“ беше изведена на почетокот од месецов на салзбуршкиот фестивал во поставка на бугарската режисерка Вера Немирова
Операта беше најавувана како нов напад на еуротрешот, а рецензентите ја дочекаа „на нож“. Сепак од реномираниот фестивал на класичната музика на кој се поставуваат нови видувања на класичните дела исклучиво во сопствена продукција, не се очекуваше ништо помалку сензационално или контроверзно. Меѓутоа, како што се забележува во западниот печат, операта „Лулу“ како што ја пренесе Вера Немирова натприсечно ги возбуди духовите и ја подели уметничката јавност. Така, не може да се најдат барем две критики во специјализираните страници за уметноста каде ќе се сретнат барем приблиќни ставови по однос на режијата, сценографијата, костимите па и толкувањата на ролјите.За едни критичари без дилеми највпечатлива е сцената на берзанската паника, во која филхармонијата е мирна а над главите од музичарите берзанските трговци се размавтуваат со акциите, која била поставена под светлечка диско топка во сценографијата која ја изработила Вера Немирова заедно се германскиот сликар Даниел Рихтер, била единствената трага од провокативност и скандал во целата претстава Инаку, „Лулу“, како дело е осмислено во каква и да е поставка да предизвика контроверзи и очекувано е по секоја поставување на сцената да има противречности и скандали. За друг критичари, пак, во оваа поствка има многу секс, крв и бездушност. Тие забележуваат дека Немирова едиснтвено имала „разбирање и сочувство“ за Лулу, централниот и најинтригантен лик во делото. Лулу имено е фатална заводничка чиј маж богат банкар ја фаќа во прегратка со сликарот што го платил да наслика нејзин портрет. Мажот веднаш умира од инфаркт а Лулу сфаќа дека станува богата вдовица и почнува заплетот во приказната, полн со уцени, пресврти, при што Лулу бездушно манипулира со луѓето бидејќи тоа и’ е единственото оружје, но и запаѓа во мрежата од сплетки на оние што сакаат да дојдат до нејзиното богато наследство. Албан Берг (Alban Berg,) германски композитор кој живеел од 1885 до 1935 г., сам го напишал и либретото за „Лулу“, според драмите „Духот на земјата“ и „Пандорината кутија“ на Франк Ведекинд и целата поставка го има предвид скандалот. Така Немирова Лулу како фатална заводничка ја соблекла во долна облека а нејзините машки партнери ги натерала што повеќе да ја допираат, ги вметнала експлицитните алузии на сите видови сексуални игри, воведува и лезбијска нитка ставајќи ја Лулу во прегратките на грофицата Гешвиц, која е единствената која ја сака без заднина, потоа ја сплеткува со неконтролирани момчиња и злобни перверзни старчиња. Од ваквата постановка, единствено не можеле да профитираат оперските ведети кои ен добиле можност да ги покажат своите квалитети. Така Француската сопранистка, Патрисија Петибон која ја толкувала насловната ролја на Лулу, е оценета како повеќе кревка кукла отколку бесрамна фатална волшебничка на скескот, а ѕвездите како Павол Бреслик во улогата на страсниот сликар, Михаел Воле како искомпромитираниот Др. Шен и Франк Грундербер како Шиголш биле премногу директни и мажевни. Само толку водечките европски оперски критичари посветуваат внимание на протагонистите на сцената, покрај задолќителната компарација со, како што ќе повторат – повеќеслојната, возбудлива и авангардна псотановка на „Лулу“ на Петер Музбах пред петнаесетина години. Но „Лулу“ на Немирова не ја поштедеа и прекуокеанските критичари. И пред да биде одржана премиерата New York Timesa напиша дека сигурно нејзината „Лулу“ ќе биде уште еден еуротраш на сцената, особено окомувајќи се на сцената за која вели дека е бесцелна, кога се појавува Патрисиа Петибон со огромни ангелски крилја на грбот во сената кога сликарот ја портретира Лулу.Критиката прашува зошто „беше потребна речиси четиричасовна и скапа претстава на измачени луѓе измачкани со крв, голи мажи во ела низа сцени со ползење, цело време плазејќи се по Лулу“, што требало да го нагласи неодоливиот сексапил на Лулу. Исто така, на неразбирање наиде и замислата на режисерката во речиси целиот прв чин пејачите да се шетаат низ публиката пеејќи под запалените рефлектори, со служење пијачки и коцкање, претерано облечени во необичните костимографкси решенија на Клаус Ноак. Во германските критики, покрај доминирачките забелешки се признава дека пубиката неколкупати одушевено реагирала а дека само еднаш исвиркала, но најмногу реагирала со млаки куртоазни аплаузи. Најголемите овации актерите ги добиле на крајот, во сцената кога Лулу по сите заплети е сведена на ефтина проститутка и го убива човекот кој ќе ја собере од улица и ќе се покаже дека тоа бил лично – митскиот лондонски крвник Џек Мевосек.Меѓу критиките по острината се издвојува онаа која наведува дека никогаш не е видена кулминација на претстава режиран со толку нескриена деградација. Други, пак, тврдат дека Немирова ја прикажала вистинска природа на приказната за Лулу, некои дека покажала кукавичлак, егзибиционизам и неразбирање, покрај сиот невкус. Во секој случај, правот е подигнат, што можеби и е и целта на помалку заморениот оперски свет, кој бара нови доловувања на класиците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

