Култура
Египетски функционер уапсен за кражбата на сликаат на Ван Гог

Фунционер од египетското министерство за култура и уште четири лица вработени во музејот во Каиро се уапсени во понеделник во рамките на истрагата за кражбата на скапата слика на холандскиот мајстор
Сликата „Афионови цветови“ или „Вазна со цвеќе“ од Винсент Ван Гог процента на вредност од 50 милиони долари беше украдена в саботата од Музејот на Махмуд Халил на западниот брег од Нил во ехипетската престолнина. Раководителот на одделот за убави уметности при египетсткото министерство за култура, Мохсен Шаалан и уште четворица вработени во музејот се обвинети за пропуст, односно дека не ги спроведувале строгите безбедносни мерки за музејска заштита на вредните експонати, пренeсува AFP.Државниот обвинител на Египет, Андел-Мегвид Махмуд тврди дека за кражбата е виновен недоволно фунцкионалниот безбедносен систем и дека во музејот во времето на кражбата не работел ниту еден аларам, како и дека биле вклучени само седум од вкупно дури 47 камери за надзор во просториите на музејот. Музејот е отворен во 1962 г. А името го добил по египетскиот политичар Мохамед Махмуд Халил кој заедно со неговата сопруга Французинкс биле страсни собирачи на уметнички дела. Во него се чува збирката од повеќе од 300 дела, меѓу кои и дела на Моне, Тулуз-Лотрек, Гоген и Роден, и претставува најголемата и најскапа збирка на слики и уметнички дела од европскат ауметност од 19. и 20-от век на Блискиот исток. Останува нејасна судбината на сликата на славниот холандски уметник, која во саботата беше крадена од музеј во Каиро, и покрај потврдата на египетскиот министер за култура дека е најдена. Во саботата доцна попладне египетскиот министер за култура, Фарук Хосни објави дека сликаат е пронајдена и дека во врска со тоа се уапсени двајца италијански државјани, но подоцна појасни дека „претходните информации не биле прецизни и ни биле потврдени од релевантните агенции“. Хосни во текот на вечерта за египетската државна телевизија изјавил дека „продолжуваат мерките за пронаоѓање на сликата“Сликата беше украдена во сабота претпладне по отворање на музејот, а тоа беше соопштено дури попладнето. Ова е вторпат оваа иста слика чија вредност се проценува на 50 милиони долари, да биде украдена од каирскиот музеј. Првиот пат тоа се случи во 1977 г. но тогаш беше пронајдена по дури десет години. Тогаш египетската полиција не го кажа иднетитетот на крадците, како сликата е украдена и каде и како е пронајдена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Изведбата на моќното ремек-дело „Набуко“ од Џузепе Верди во рамките на 53. издание на Мајските оперски вечери

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20.00 часот во рамките на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.
Насловната улога (Набуко) ќе ја толкува, Луис Кансино од Шпанија, во улогата на Абигаиле ќе настапи Ханјинг Цо од Кина, Николина Јаневска ќе ја толкува улогата на Фенена, Уго Тарквини (Италија) ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Џовани Пароди (Италија), во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Ана Ројдева, Дејан Стоев, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
„Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull’ali dorate“ („Летај на златести крилја”).
Култура
Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Во издание на „Бата прес“ објавен е првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик, на кој автори и редактори се осум универзитетски професори. Објавувањето на речникот е поддржано од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2024 година.
Својата прва промоција речникот ќе ја има на годинешниот Саем на книгата во арената „Борис Трајковски“, на штандот на издавачот, во вторник, во 11.30 часот. Речникот ќе го претстават рецензентката проф. д-р Весна Костовска и авторката редактор проф. д-р Елизабета Бандиловска.
Во првиот том се поместени зборовите од буквата А до буквата Ж, а авторите (универзитетските професори) и соработниците постојано работаат, така што во наредните изданија ќе бидат обработени зборовите до буквата Ш, и правописно-нормативниот речник како плод на повеќегодишен труд ќе биде комплетиран.
Овој капитален лексикографски зафат се надоврзува на повеќето изданија од овој вид, почнувајќи првиот македонски правописен прирачник Македонски правопис со правописен речник од Блаже Конески и Крум Тошев (1950) до Правопис на македонскиот јазик во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и издавачката куќа „Култура“ (2015 и 2017 година).
Автори и редактори на изданието се: Лидија Аризанковска, Елизабета Бандиловска, Снежана Велковска, Виолета Јанушева, Елена Јованова-Грујовска, Искра Пановска-Димкова, Симон Саздов, Људмил Спасов.
Соработници на проектот се Марија Антевска, Филип Белчев и Македонка Додевска.
Култура
Изложба ,,Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ во Загреб

Во македонскиот КИЦ во Загреб во рамките на програмата по повод 145-годишнината од постоењето на Музејот на уметности и занаети – Загреб, на 13-ти мај ќе биде отворена изложбата ,,Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ на една од најзначајните македонски графичарки, Менча Спировска. На изложбата ќе бидат претставени речиси непознати дела за хрватската јавност создадени во 1950-тите години во Загреб.
Изложбата се реализира како заеднички проект на загребскиот Музеј на уметностите и занаетите и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб по повод 145-годишнината од основањето на загребскиот Музеј за уметности и занаети. Директорката на македонскиот Културно-информативен во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, ги потврди заложбите на директорот на Музејот за уметности и занаети, Сањин Михелиќ дека со оваа изложба се промовираат вредностите на меѓународната соработка и културните врски меѓу Хрватска и Македонија, кој потенцираше дека во годината кога ја одбележуваат 145-годишнината од постоењето на Музејот ќе следи уште една исклучителна изложба на фотографии од студиото на семејството Арсовски во соработка со македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и Музејот на Град Скопје.
Изложбата насловена ,,Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ за првпат го претставува комплетниот уметнички опус на Менче Спировска создаден за време на нејзиното студирање во Загреб, кој што се чува во фондовите на Музејот на уметности и занаети. Централно место на изложбата е нејзиното до сега неизложено дело од областа на графичкиот дизајн, „Концептуален дизајн за рекламна туристичка брошура на Загреб“, кое сега за првпат ќе биде изложено во целост, создадено за време на нејзините студии на поранешната истакната Академија за применети уметности во Загреб, којашто оставила значаен траг во развојот на уметноста, дизајнот и визуелната култура во Хрватска.
Изложбата го прикажува и придонесот на македонските студенти на загрепската уметничка сцена во 1950-тите, а Менче Спировска зазема посебно место како посредник на културните и естетските вредности на двете земји.