Култура
Изложба „Апаратот на животот и смртта“
Во организација на Центарот за визуелни и културни истражувања при Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан во вторник (5-ти октомври)со почеток во 20 часот, во Музејот на современа уметност ќе биде отворена изложбата “Апаратот на животот и смртта“
Изложбата е дел од Саемот на електронски уметности – SEAFair (Skopje Electronic Art Fair) 2010 – Апаратот на животот и смртта чиешто 7-мо издание годинава ќе се одржува од 4-ти до 20-ти октомври. Во својата програма Саемот ќе опфати, покрај интернационалната изложба, и дводневна конференција и работилница за биотехнологија. Значајно да се напомене е дека Саемот претставува обнова на традиционалниот SEAFair (Skopje Electronic Art Fair) кој имаше 6 изданија во периодот од 1997-2002, а кој своевремено претставуваше центар на новата медиумска култура во Југо-источна Европа. Овогодинешното издание во овој след е 7-мо по ред, после седумгодишна пауза. Основан во 1997, SEAFair (Skopje Electronic Arts Fair), претставува прва манифестација од ваков тиоп на Балканот, поврзувајќи интернационални уметници, теоретичари и критичари кои работат во полето на новите технологии и медиуми. Од своите почетоци Саемот се етаблираше како интернационално и интеркултурно место за средба на уметностите и технологиите, поттикнувајќи дискусија за уметничките, филозофските, образовните и другите аспекти на процесите кои ја карактеризираат електронската култура и предизвиците на интернетот, биотехнологијата, генетичкиот инжинеринг и нано-технологиите. Куратор на фестивалот од самите негови почетоци е Мелентие Пандиловски, сегашен директор на Центарот за визуелни и културни истражувања.Идејата на 7-мото издание на SEAFair со наслов „Апаратот на животот и смртта“ е да одговори на креативен начин на општествената еволуција во сферата на биополитиките и да ни помогне во визуализацијата на иднината. Имено, SEAFair 2010 ќе ја изрази приказната на уметниците, критичарите и уметниците кои се убидуваат на навигираат низ новоконструираните биополитички апарати, во еден изменет општествен контекст, чиишто правила се штотуку положени. Уметниците на изложбата ќе претстават широк дијапазон на пристапи – од хумористични и игровити до смртно сериозни – по однос начините на кои ги осмислуваме изворите на животот, нивоата и димензиите на живата материја, врските со смртта, модата и појавите. Насловот “Апаратот на животот и смртта“ се однесува на современиот контектс на растечка реконтекстализација на врските помеѓу државата, науката и културата. “Апаратот на животот & смртта“ ги истражува модалитетите на биотехнологии кои се развиваат и појавуваат, нивното влијание на биополитичките доктрини на биомоќта и био-доминацијата, во теоретски, уметнички, критички и културен контекст. Во еден таков контекст, фестивалот ги акцентира различните модуси на заемно рефлектирање на фундаменталните идеологии со општествените и економските параметри кои има потреба да бидат дешифрирани и ги истражува структурите на биополитичкиот апарат и начинот на кој неговата конструкција ја променува стварноста во која живееме. Конференцискиот дел на конференцијата ќе се одржи на 6-ти и 7-ми октомври, 2010, исто во Музејот на современа уметност, со почеток во 17.00 часот. Во соработка со Лабораторијата за молекуларна биологија при Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во рамки на фестивалот ќе биде одржана и четиридневна работилница за уметници од затворен тип. Учество на овогодинешниот Фестивал ќе земат: Zoran Todorovic, Pier Luigi Capucci, Stanimir Panayotov, Michalis Pichler, Славчо Димитров, Denisa Kera, Polona Tratnik & Ajda Maric, Roy Ascott , Prof. Dr. Sasho Panov, Niki Sperou, Borjana Rosa, Petko Dourmana, Мелентие Пандиловски, Maja Kuzmanovic & Nick Gaffney, Marcello Marcado, Ubermorgen.com, Филип Јовановски, Eduardo Kac, Vladimir Todorovic, Rainer Matysik, Oliver Ressler и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Љубов, серенади и поезија во срцето на Дебар Маало
Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар.
Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче и испрати порака за љубов и мир.
„Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција, која нè враќа во старите убави времиња на серенади, поезија и романтика. Дебар Маало и денес е место каде што се негуваат дружењата, уметноста и културата. Наша обврска е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации“, рече Герасимовски.
Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ дебармаалските улички и ресторани. Со поддршката на ваквите културни настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на Дебар Маало.
Култура
Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата
Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.
Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.
Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.

Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.
„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.
Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.
(ПР)
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

