Култура
Хрватската претставата „Генерација 91-95“ ги одушеви сараевчани
Претставата за военото минато на блаканскиот простор „Генерација 91-95“ ја одушеви публиката на сараевскиот театарски фестивал МЕСС, а преку неа и иницијативата РЕКОМ се промовираше пред гостите од целиот регион
Претставата „Генерација 91-95“ работена според сатиричниот роман на Борис Дежуловиќ „Јебо сад хилјаду динара“ сараевската публика ја дочека со голем аплауз и преполна сала во Народниот театар во Сараево. Претставата на Загрепското казалиште на млади (ЗКМ) за која постоеше голем интерес во рамки на театарскиот фестивал (МЕСС) повторно на искрен и суров начин ги отвори темите за военото минато и нашиот однос кон него. Приказната за падот на позицијата во која за време на војната во Босна се нашле единиците на ХВО и Армијата на БиХ со заменети униформи ја пренесуваат 12 млади родени во периодот од 1991 до 1995 г. а авторот навлегува и во хронологијата на настаните од деведесетите преиспитувајќи го военото минато. Инаку со настапот на МЕСС оваа претстава ја започнува регионалната турнеа во име на Иницијативата за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите и причините за воените злосторства на територијата на поранешна Југославија (РЕКОМ).Претставата има јасна порака во врска со опасностите кои демнат доколку не се зборува вистината и колку е потребно да се соочиме со вистината, токму затоа и режисерот на претставата Борис Шепаровиќ и се придружи на Иницијативата за РЕКОМ кој на денешната прес-конференција истакна оти секој треба да се соочи со неделата на својот народ и да погледа во „својот двор“. „Сакавме да зборуваме за работите кои се премолчуваат и кои што постанаа табу тема во Хрватска. Во учебниците Хрватската војна во БиХ речиси и да не се спомнува. Сакавме да зборуваме за тие работи и да ја соочиме публиката со минатот за кое што знаат и некои погрешни работи.“ изјави Шепаровиќ.„Зборот вистина секогаш е преблематичен, но за фактите мора да се зборува, да се врати достоинството на жртвите и поради тоа Иницијативата за РЕКОМ има смисла, истакна Шепаровиќ. Следното гостување на претставата „Генерација 91-95“ е во Суботица и во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

