Култура
Промовирана книгата „Шаман“

Книгата „Шаман“ на македонската новинарка и писателка Јасмина Кантарџиева премиерни е промовирана во Белград во издание на „Интерпрес“
„Шаман“ е збирка од 77 песни во 7 поглавја, а премиерно се објавени на српски јазик. Со музика од Васко Серафимов и дегустација на македонските вина, за книгата говореа Драгослав Бокан и Мирко Мркиќ Острошки.„Порано поетите беа сакани, обожувани, опејувани и самите во песните на другите, критикувани, негирани, повикувани на двобој. Денес, тие се тивки, речиси невидливи, вовлечени, речиси скриени во своите песни. Што ни се случи? Дали поезијата стана непотребна дисциплина на сонувачите, фантазерите и занесувачите, на оние кои не се срамат од своите чувства? Или, пак, самата поезијата побегна од читателите, купувачите, потрошувачите, минувачите, површните набљудувачи. Верувам дека повторно доаѓа вистинскиот миг да ја почувствуваме потребата да се вратиме на убавото и доброто, да и се вратиме на поезијата и на уметноста воопшто. И подеднакво исто верувам дека ќе дојде денот кога во неподносливиот свет на калкулаторите, луѓето повторно ќе смеат да погледнат во својата душа.“ изјави за Форум, авторката Јасмина Кантарџиева.Таа неодамна ја издаде и книгата „Намасте“ во која ги пренесува импресиите од духовното патување во Непал. Книгата е збир на вистински приказни за Непалците и Тибетанците за нивните верувања и искуство за животот, смртта и она што следува по неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби
Изложба на Јана Јакимовска во Куманово

Во четврток ( 21 јануари 2021 година) во 12 часот во Изложбениот салон на НУЦК “Трајко Прокопиев“ – во Куманово ќе се отвори изложбата на небесни пејзажи со наслов „Небо“, на ликовната уметница Јана Јакимовска. На изложбата ќе бидат претставени 20 дела во техниката акрил на платно работени во последните 3 години.
„ Најновиот циклус дела на Јакимовска се пејзажи кои во класификацијата на пејзажното сликарство може да се окарактеризираат како небесни пејзажи бидејќи на нив две третини од композициската целост е посветена на небесните предели… Јана Јакимовска со своите дела ни нуди ,прозорец’ за бегство од реалноста во која живееме, нè носи во една поубава, посветла, похумана реалност, која во вонредни услови има покрај своја егзалтирачка природа и концептуална димензија – да делува психо-терапевтски на конзументот на нејзините дела“ вели во текстот за изложбата, историчарката на уметност Ана Франговска.
„ Со сѐ поголемиот замав што го зема дигитализацијата и присутноста на новите медиуми, резултат на времето во кое живееме, се чини како уметниците во одредена мера да ги ,подзабораваат’, да го губат допирот, релацијата со покласичните форми и медиуми на изразување во доменот на сликарството, скулптурата и цртежот. Но, Јана Јакимовска е авторка која и покрај тоа што се занимава со концептуална уметност, главно насочена кон дигитални и фотоманипулации, во овој нејзин најнов циклус дела, преку својата четка и сликарското платно нѐ однесе на едно ,патување’ од Скопје преку Струмица и Охрид во светските гиганти Токио и Њујорк, за повторно да нѐ врати назад во Скопје, укажувајќи ни дека просторно и временски каде и да сме, тоа е она исто небо што истовремено е ОВДЕ и СЕГА, за сите исто и единствено, поради што и оваа изложба може да се сфати и како симбол за нашата, условно кажано – ,просторна ограниченост’, но истовремено и… ,бескрајна безграничност’“ вели во рецензијата за изложбата, историчарката на уметност Ангела Витановска.
Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. До сега има реализирано 18 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време се занимава со мурално сликарство.
Актуелно
На 22 јануари гала-оперски концерт и „Болеро“ во НОБ

Поради големиот интерес, на 22 јануари повторно ќе се одржи гала-оперски концерт со почеток во 20 часот, информираат од Националната опера и балет (НОБ).
На него ќе настапат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при НОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Во вториот дел публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.
Ќе настапат женскиот балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на НОБ.
Диригент ќе биде Бисера Чадловска, концерт-мајстор Јане Бакевски, кореограф Саша Евтимова, костимограф Марија Пупучевска, светло-дизајн Милчо Александров.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моментната состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани.
Задолжително е носењето заштитна маска, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.
Култура
52 учесници од 16 земји на Првата зимска школа за македонски јазик, литература и култура

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како една од релевантните институции што се дел од националната платформа за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, ја почне новата или Блажевата 2021 со новини токму во чест на тоа одбележување.
Иницијативата за националната платформа е со цел да се усогласат сите проекти и настани предвидени на национално и на меѓународно ниво во чест на великиот Конески и таа доаѓа од двете министерства – Министерството за култура и Министерството за образование и наука. Првата зимска школа на МСМЈЛК ќе се одвива на далечина преку платформата „Зум“ во времетраење од десет работни дена (секој ден по 4 часа), во периодот од 25 јануари до 5 февруари 2021 година (со вкупен фонд од 40 часа), и тоа е вистински влог во почнувањето на прославата на овој голем јубилеј.
На Првата зимска школа ќе учествуваат 52 учесници од 16 земји (Босна и Херцеговина, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Косово, Полска, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка). За наставата на оваа Првата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ ангажирани се лектори (предавачи и професори) со долгогодишно искуство. Притоа организирани се лекторски групи за сите нивоа (почетно, средно и напреднато, и тоа напреднатото ги има и своите поднивоа – за јазик, за литература и за преведување). За своето учество посетувачите на Зимската школа ќе добијат и уверение, со што тие имаат можност да влезат во самата историја како први учесници на една ваква зимска школа на меѓународниот семинар. На отворањето на првата зимска школа пригодни видеообраќања ќе имаат претседателот Стево Пендаровски и министерката за образование и наука, Мила Царовска, а поздравна реч ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира