Контакт

Култура

Концерт во МКЦ на учениците по народни инструменти на Драган Даутовски

Објавено пред

Во Младинскиот културен центар – кино „Фросина” вечер концерт ќе одржи класата по народни инструменти на професорот Драган Даутовски од Факултетот за музичка уметност – Скопје

Концертот „Дома – на седенка кај учителот“ е во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености 2010“. Гости се Виданка Георгиевска и учениците во класата на професорите Бајса Арифовска.Даутовски е вонреден професор на Факултетот за музичка уметност. Предава етноорганологија и изведувачка техника на орофов и народен инструментариум. Иницијатор е на отворање отсек „народни инструменти“ при ФМУ во 1993 и во средните музички училишта во Скопје и Штип, како и во нижите музички училишта во Струмица, Кавадарци, Прилеп, Штип.Целокупен музички опус на Даутовски денес брои повеќе од 700 композиции. Тој учествува во музиката за филмот „Пред дождот“, во основањето на „Синтезис“, како и во создавањето музика за голем број театарски претстави. Моментно е член на „Драган Даутовски квартет“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Новиот албум на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“

Објавено пред

Единаесеттото издание на наградата „Импала“ за најдобар албум носи 25 номинирани албуми од сите делови на Европа докажувајќи уште еднаш разновидност на европската независна музичка сцена.

Меѓу номинираните, кои беа избрани оваа година од членовите на РУНДА – Регионално здружение на независните дискографи, е и албумот на Влатко Стефановски – Taftalidze Shuffle, објавен за најголемата регионална дискографска куќа Croatia Records.

25-те номинирани албуми носат разновидни музички стилови, од фински поп до француска електроника, преку балканска ска-музика, дански блуз, до еклектичен музички израз на номинираните британски изведувачи.

Извршниот директор на „Импалина“, Хелен Смит, со објавувањето на списокот со номинирани вели: „Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми! Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер во грбот за добар почеток на 2021 година!“

Taftalidze Shuffle е ново студиско издание на македонскиот виртуоз, а деветте песни снимени во неговото студио „Езотерија“ сигурно ќе ги израдуваат сите љубители на добрата музика. Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и своето маало Тафталиџе, кое има посебно место во неговото срце.

Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстовите и аранжманите, како и продукцијата на сите девет песни, ги потпишува самиот Влатко.

Прикажи повеќе...

Култура

Виртуелен Роденден на уметноста на МКЦ в петок

Објавено пред

Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години ја почнува годината.

Ова издание на Роденденот ќе биде одбележан со избор од онлајн-настани организирани од и во МКЦ во текот на 2020 година.

Виртуелниот настан ќе се одржи на 22 јануари (петок), со почеток од 18 часот, на социјалните мрежи на МКЦ.

Програма и редослед:

Креативна работилница за деца со Биби и Доротеј преку „Зум“

[Flipbook film presents] Змијулче, рeжија: Кристина Стојановски, Крсте Господиновски, Жарко Иванов

Pluto’s doubts [Култура во време на корона]

[MAKEDOX presents] Сите ќе умреме, рeжија: Сашко Потер Мицевски

Црнила Remix [Cross Шtream]

[CINEDAYS presents] Скопје 2020, рeжија: Радован Петровиќ

Фолтин [European music day]

[Flipbook film presents] Карантин, рeжија: Иван Андреевски

ИСКРА [концертна промоција]

[CINEDAYS presents] Неонски срца, рeжија: Ана Јакимска

Светлост + Odron ritual orchestra [Cross Шtream]

[Flipbook film presents] Девојката што паѓа, рeжија: Владимир Лукаш

Импров група Настап [Култура во време на корона]

Прикажи повеќе...

Актуелно

Театар „Комедија“ објави конкурс за избор на комедија од македонски автор

Објавено пред

Театар „Комедија“ – Скопје објави конкурс за избор на комедија од македонски автор со цел да се стимулира жанрот комедија и да се промовираат домашните автори.

Конкурсот е отворен до 30 мај 2021 за сите комедиографи – државјани на Република Северна Македонија. Секој автор има право да конкурира со една комедија, напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавувана.

Од пристигнатите комедии комисијата ќе избере еден драмски текст, кој ќе има своја премиера на сцената на Театар „Комедија“ во текот на 2022 година.

Пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примерока, со назнака: Конкурс – комедија и шифра. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име и презиме, адреса, контакт-телефон, е-пошта и кратка биографија на авторот).

Текстовите да се испраќаат по пошта на следнава адреса: Театар „Комедија“ – Скопје, бул. Климент Охридски бб, Скопје, најдоцна до 16 часот на последниот ден од рокот за пријавување.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион2 часа

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател...

Регион3 часа

Во Загреб почина 11-годишно дете од коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион4 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет5 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион5 часа

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет6 часа

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион6 часа

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет7 часа

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион20 часа

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ21 час

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет22 часа

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ23 часа

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет24 часа

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија1 ден

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет1 ден

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ1 ден

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Топ1 ден

Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен. Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од...

Македонија1 ден

Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Свет1 ден

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни...

Досие