Контакт

Култура

„Пат во неврат“, збирка раскази од Васе Манчев

Објавено пред

Во едицијата „Современа македонска проза“ на Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје излезе од печат книгата раскази „Пат во неврат“ од истакнатиот македонски писател Васе Манчев

Збирката раскази на Васе Манчев донесува дваесетина текстови од овој исклучителен прозен автор кои тематски се разделени во три циклуси кои ги обединува димензијата на времето – „Пат со времето“, „Пат низ времето“ и „Пат без време“.„И со оваа своја збирка раскази Васе Манчев на супериорен начин ја докажува својата раскажувачка дарба, посебно во доменот на краткиот расказ. Сите текстови од оваа книга се неспоредливо привлечни во контекстот на современиот македонски расказ, посебно со ирониската стилска матрица и со неповторливиот лирски полнеж во прозниот израз“, истакнува за делото поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски.

Актуелно

На 22 јануари гала-оперски концерт и „Болеро“ во НОБ

Објавено пред

Поради големиот интерес, на 22 јануари повторно ќе се одржи гала-оперски концерт со почеток во 20 часот, информираат од Националната опера и балет (НОБ).

На него ќе настапат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при НОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

Ќе настапат женскиот балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на НОБ.

Диригент ќе биде Бисера Чадловска, концерт-мајстор Јане Бакевски, кореограф Саша Евтимова, костимограф Марија Пупучевска, светло-дизајн Милчо Александров.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моментната состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани.

Задолжително е носењето заштитна маска, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Прикажи повеќе...

Култура

52 учесници од 16 земји на Првата зимска школа за македонски јазик, литература и култура

Објавено пред

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како една од релевантните институции што се дел од националната платформа за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, ја почне новата или Блажевата 2021 со новини токму во чест на тоа одбележување.

Иницијативата за националната платформа е со цел да се усогласат сите проекти и настани предвидени на национално и на меѓународно ниво во чест на великиот Конески и таа доаѓа од двете министерства – Министерството за култура и Министерството за образование и наука. Првата зимска школа на МСМЈЛК ќе се одвива на далечина преку платформата „Зум“ во времетраење од десет работни дена (секој ден по 4 часа), во периодот од 25 јануари до 5 февруари 2021 година (со вкупен фонд од 40 часа), и тоа е вистински влог во почнувањето на прославата на овој голем јубилеј.

На Првата зимска школа ќе учествуваат 52 учесници од 16 земји (Босна и Херцеговина, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Косово, Полска, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка). За наставата на оваа Првата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ ангажирани се лектори (предавачи и професори) со долгогодишно искуство. Притоа организирани се лекторски групи за сите нивоа (почетно, средно и напреднато, и тоа напреднатото ги има и своите поднивоа – за јазик, за литература и за преведување). За своето учество посетувачите на Зимската школа ќе добијат и уверение, со што тие имаат можност да влезат во самата историја како први учесници на една ваква зимска школа на меѓународниот семинар. На отворањето на првата зимска школа пригодни видеообраќања ќе имаат претседателот Стево Пендаровски и министерката за образование и наука, Мила Царовска, а поздравна реч ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „За Прличев и неговиот XIX век“ од Вера Стојчевска-Антиќ

Објавено пред

Неодамна, во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, излезе книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска-Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски.
Книгата со својата содржина е особено актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска-Антиќ, се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски за да се дојде до XIX век со потреба од изразување на сопствен литературен јазик, поинаков од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.

„Григор Прличев е најочевидниот пример на интелектуалец од Охрид, кој во својот постепен и длабок развоен пaт, од детството до знаменит втор Хомер во Атина, за да дојде до сознание дека еден општословенски јазик е за него добредојден, појасно од употребата на бугарскиот јазик. Во суштина тој одлично го говори својот мајчин охридски дијалект, но ја чувствува потребата за еден општословенски јазик, кој сака да го поврзе со вековното влијание на словенскиот развоен пат на јазикот, поточно поврзан уште со времето на Климента, како еден вид измислен од него литературен јазик. Пред него и денес горат безбројни кандилца во Охрид. Толку е длабок Климентовиот култ во Охрид и денес. Вера Стојчевска-Антиќ  запира и на заедничките мотивации за создавање слова, особено влијанијата на св. Клиемт Охридски врз одредени слова на Григор Прличев, кои се мотивирани од заеднички извори“, вели рецензентот,  проф. д-р Георги Сталев, еден од најдобрите познавачи на животот и делото на Прличев кај нас.

Покрај 12 труда од д-р Стојчевска-Антиќ, книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (првпат во печатена форма), за најастарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема…

Плановите се книгата „За Прличев и неговиот XIX век“, посветена на патронот на НУ Библиотека во Охрид, да биде промоворана на почетокот од февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“. Нејзиното издавање финансиски е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

МТСП: Жените може да се пензионираат и на 62 години, доколку тие така одлучат

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет10 часа

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт11 час

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија11 час

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет12 часа

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија14 часа

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет14 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија15 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ16 часа

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија16 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија17 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа17 часа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет18 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион18 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет19 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет19 часа

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет19 часа

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет1 ден

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ1 ден

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет1 ден

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Досие