Култура
„Дедо мраз и пријателите“ – новогодишна бајка
Почнувајќи од понеделник (13-ти декември) во Универзална сала, во соработка со Театар 007, најмладите ќе може да уживаат во новогодишната бајка „Дедо Мраз и пријателите“, а целиот настан е замислен како мултимедијален проект со изведба на 10 претстави на македонски и англиски јазик
Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници со претставата ќе се анимира најмладата публика (децата од сите училишта во Македонија со наставна програма на македонски и на англиски јазик, учениците од центрите и приватните училишта за странски јазици, како и децата на вработените во aмбасадите и дипломатските претставништва во Македонија, но и нивните професори, ментори, амбасадори, членови на нивните потесни семејства, соработници и сите добронамерници), од што организаторите на овој во наши услови несекојдневен настан очекува посетеност од десет илјади деца. Претставата е замислена како новогодшна бајка која ќе изобилува со магија, бајковидност, невообичаената илуминација, со специјално подготвена сценографија, светлосни ефекти, многу песни и танци, интеракција со публиката.Покрај сцената на која ќе се одвива претставата, холот и просторот пред влезот на Унвиерзална сала, ќе бидат специјално дизајнирани за овој настан. Ќе има најразлични костимирани аниматори за новогодишни дизајни, и специјални украс. Жонглери, Дедо Мраз, Новогодишно зајче, Добрата самовила… сесамо дел од ликовите од бајките кои ќе имаат за цел да ги анимираат најмладите посетители и целосно да ги внесат во предворјето на новогодишната магија.Проектот е под покровителство на Маја Иванова, која прифати да го поддржи и да присуствува а во проектот се вклучува и меѓународната асоцијација на жени IWA Македонија, со чија помош ќе биде инволвирани сите претставници на меѓународна заедница во Македонија и дипломатскиот кор, додека агенцијата УСАИД помогна при реализацијата на сценографијата за проектот.По 13-ти декември (понеделник) од 17 часот e првата претстава, и тоа на англиски јазик, на која ќе присуствува Маја Иванова и претставници на диопломатскиот кор, претставата ќе се одигра и на 26, (недела), од 19:30 часот кога е првата претстава на македонски јазик, како и на 27-ми декември (понеделник) од 11:00, 13:00 и 19:00 часот и во истите термини и на 28-ми декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Две нови награди за „Неми Филмови“ на Господиновски во Русија и Тајван
Анимираниот филм „Неми Филмови“ на Крсте Господиновски, минатата недела освои две нови награди на меѓународни фестивали, наградата за „Најдобар интернационален краток филм“ на „Меѓународниот фестивал за краток филм Вижн“ во Кемерово, Русија и „Почесно признание“ на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ“ кој се одржува во Тајпеј, Тајван.

Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во Тајван, по октомвриската награда на престижниот ТИАФ кој се одржува во Тајчунг.
Во септември филмот ги освои Гранд При наградата на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм Аниматор Фест“ во Јагодина и наградата од домашната публика на „Меѓународниот фестивал за краток филм Ѕирни“ во Скопје.

Од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, „Неми Филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни фестивали и има освоено 7 награди.
Филмот е во продукција на Фокус Покус Филм и во копродукција на Флипбук Продакшнс, а е поддржан од Агенцијата за филм на Република С. Македонија.
Култура
Кавадарци го слави „Месецот на театарот“ со премиера на Чехов и богата програма во Домот на културата
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат повеќе настани од областа на театарската уметност.
Во четврток, на 13 ноември 2025, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата “Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов. Претставата е состав на две едночинки. Режијата е на Микица Илова.
Во првата едночинка играат: Александар Малинков , Ивана Секуловска ,Саше Орешков, а во втората едночинка: Елена Илова, Петар Стојанов , Мартина Илиевска. Суфлер: Дијана Мишова; Костимограф: Сара Милевска; Сценска подршка: тим на Дом на култура Кавадарци; Светло/тон: Пепи Ангелов.
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци е и организатор на манифестацијата “Месец на Театарот“ која годинава се оддржува по петти пат. Манифестацијата ќе биде отворена со изложба на избор плакати од претстави на Театарот при Домот на кутурата Кавадарци изминатите децении.
Официјалниот распоред е:
15.11 (сабота) Свечено отворање на манифестацијата со Изложба на театарски плакати
15.11 (сабота) “Ухљеби“, ДРАФТ Театар, Тузла, Босна и Херцеговина
17.11 (понеделник) “Петок 13“, Народен Театар Струмица
19.11 (среда) “Предлог за брак/Мечка“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
22.11 (сабота) “Госпоѓа Министерка“, Театар “Џинот“, Велес
25.11 (вторник) “Смртта на еден човек на Балканот“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Сите претстави започнуваат од 19 часот.
Култура
Изложба на Иван Ивановски во Кина
Во Гуангдонг Сан Та Музејот за Уметност во Гуанџоу, Народна Република Кина, на 8 ноември 2025 година, беше отворена самостојната изложба „In Between“ на македонскиот уметник Иван Ивановски.
Куратор на изложбата е Александра Ацеска, а настанот е реализиран во организација на Фликер студио, Зенг Чуан, Чен Хуе Бин (Guangdong San Ta Museum of Art), со ко-организатор Жанг Веи, а изложбата е реализирана со поддршка на Министерство за Култура и Туризам на Република Северна Македонија.

Изложбата е придружена со музиката на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), студиски сет специјално снимен за оваа прилика.
Фотографиите се на Даниел Коцев – Пазамат, а дизајнот на постерот е на Лиу Чен.
![]()
![]()


