Култура
Незаконски вработувања во Албански театар
Висар Вишка, Анита Латифи и Илбер Муртези долгогодишни хонорарци во Албанскиот театар во Скопје, го обвинуваат директорот на оваа институција за незаконско вработување.Според нив, директорот Адем Карада, вработил тројца актери без претходно работно искуство во оваа струка и покрај тоа што во конкурсот тоа бил еден од главните услови.„Четири години бев стипендист на Албанскиот театар, со што задолжително требаа да ме вработат на минимум осум години. Долги години работам со договор на дело, добитник сум на престижни награди и признанија, играм во значајни улоги во претставите од овој репертоар и нејасно е како покрај сето тоа, на наше место вработуваат актери без соодветно искуство. Актерите кои се примени, претходно не беа пред комисија, не се провери во ниту еден момент нивниот талент, едноставно се нарушија сите критериуми за вработување нови актери во Албанскиот театар. За тоа е виновен директорот Карада, инстриуиран од неговите партиски колеги од ДУИ“, вели Илбер Муртези.Тој обвини дека градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити е главниот виновник за целиот овој скандал. Според Муртези, градоначалникот бил тој којшто наредил да се вработат тројца актери кои немале соодветно работно искуство во оваа струка.„Мојата борба не е да влезам во овој театар за да примам само плата, туку да го вратам и сјајот што го имаше оваа национална куќа во минатото. Поднесов приговор, заедно со моите колеги, не за платата туку за кршењето на основните човекови права, непочитување на Законот за вработување и процедурите“, додава Висар Вишка.Актерката Анита Латифи, која долги години е ангажирана во овој театар со договор на дело, вели дека политичарите ги прават сите проблеми. Таа заедно со Вишка и Муртези ги повикаа своите колеги од театрите во Тетово и од Куманово, да излезат на протести против политиката во уметноста и театарот. /крај/ии
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Две нови награди за „Неми Филмови“ на Господиновски во Русија и Тајван
Анимираниот филм „Неми Филмови“ на Крсте Господиновски, минатата недела освои две нови награди на меѓународни фестивали, наградата за „Најдобар интернационален краток филм“ на „Меѓународниот фестивал за краток филм Вижн“ во Кемерово, Русија и „Почесно признание“ на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ“ кој се одржува во Тајпеј, Тајван.

Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во Тајван, по октомвриската награда на престижниот ТИАФ кој се одржува во Тајчунг.
Во септември филмот ги освои Гранд При наградата на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм Аниматор Фест“ во Јагодина и наградата од домашната публика на „Меѓународниот фестивал за краток филм Ѕирни“ во Скопје.

Од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, „Неми Филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни фестивали и има освоено 7 награди.
Филмот е во продукција на Фокус Покус Филм и во копродукција на Флипбук Продакшнс, а е поддржан од Агенцијата за филм на Република С. Македонија.
Култура
Кавадарци го слави „Месецот на театарот“ со премиера на Чехов и богата програма во Домот на културата
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат повеќе настани од областа на театарската уметност.
Во четврток, на 13 ноември 2025, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата “Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов. Претставата е состав на две едночинки. Режијата е на Микица Илова.
Во првата едночинка играат: Александар Малинков , Ивана Секуловска ,Саше Орешков, а во втората едночинка: Елена Илова, Петар Стојанов , Мартина Илиевска. Суфлер: Дијана Мишова; Костимограф: Сара Милевска; Сценска подршка: тим на Дом на култура Кавадарци; Светло/тон: Пепи Ангелов.
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци е и организатор на манифестацијата “Месец на Театарот“ која годинава се оддржува по петти пат. Манифестацијата ќе биде отворена со изложба на избор плакати од претстави на Театарот при Домот на кутурата Кавадарци изминатите децении.
Официјалниот распоред е:
15.11 (сабота) Свечено отворање на манифестацијата со Изложба на театарски плакати
15.11 (сабота) “Ухљеби“, ДРАФТ Театар, Тузла, Босна и Херцеговина
17.11 (понеделник) “Петок 13“, Народен Театар Струмица
19.11 (среда) “Предлог за брак/Мечка“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
22.11 (сабота) “Госпоѓа Министерка“, Театар “Џинот“, Велес
25.11 (вторник) “Смртта на еден човек на Балканот“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Сите претстави започнуваат од 19 часот.
Култура
Изложба на Иван Ивановски во Кина
Во Гуангдонг Сан Та Музејот за Уметност во Гуанџоу, Народна Република Кина, на 8 ноември 2025 година, беше отворена самостојната изложба „In Between“ на македонскиот уметник Иван Ивановски.
Куратор на изложбата е Александра Ацеска, а настанот е реализиран во организација на Фликер студио, Зенг Чуан, Чен Хуе Бин (Guangdong San Ta Museum of Art), со ко-организатор Жанг Веи, а изложбата е реализирана со поддршка на Министерство за Култура и Туризам на Република Северна Македонија.

Изложбата е придружена со музиката на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), студиски сет специјално снимен за оваа прилика.
Фотографиите се на Даниел Коцев – Пазамат, а дизајнот на постерот е на Лиу Чен.
![]()
![]()


