Култура
Канческа – Милевска одржа средба со културните амбасадори
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска одржа средба со културните амбасадори назначени да ја претставуваат Македонија во девет земји во светот.На состанокот беа разгледани сите реализирани минатогодишни активности, плановите за оваа година, проекти околу некои јубилеи и околу капиталните инвестиции кои се планира за оваа и идната година.Канческа Милевска по средбата истакна дека во овие неколку години минисерството со подршка на амбасадорите успеа да реализира голем број на активности, од кои повеќето се од големо значење за промоција на македонската култура и во домашни и во светски рамки. „Со Република Австрија до сега немавме потпишано програма за културна соработка. Благодарение на амбасадорот Елена Мисиркова успеавме да ја усогласиме програмата. Се потпиша програмата и реализиравме неколку културни настани во Виена. Имавме успешен концерт на Елена Мисиркова, успешен концерт за етно музика и етно инструменти кои се одржаа во еден престижен објект“ – рече МилевскаМилевска ја истакна и соработката со Италија каде беше потпишана програмата за културна соработка и настанот организиран од амбасадорот Благоја Нацевски за одбележувањето на 15 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Ватикан.„Буџетот на министерството за култура за таа година беше донесен, па мораше да се најдат екстра сретства и се потрудивме со тие што ги имавме да го направиме настанот на највисоко можно ниво. Министерството излезе во пресрет колку што можеше, а за другиот дел ги искористив моите лични контакти и познанства во Рим, а настанот тврдам дека се уште се памети како во дипломатскиот кор, така и кај обичните луѓе како нешто што досега било најдобро организирано“ – вели тенорот Нацевски.Нацевски учествуваше и на концертот „Десет ѕвезди за Мајка Тереза“, со кој беше одбележано сто години од раѓањето на големата хуманистка кој беше емитуван на РАИ телевизија. Годива во Руската Федерација ќе се одржат „Денови на Македонската култура“ во организација на македонскиот режисер Иван Поповски .Амбасадорот на културата Владо Јаневски минатата година даде значаен прдонес на концертот кој што беше организиран во Софија по повод жртвите во Хаити.Министерката за култура го истакна значењето на реализацијата на мјузиклот „Ало Будење“ на културниот амбасадор во Србија, Зафир Хаџиманов.На средбата со културните амабсадори беше разговарано и за програмата на „Охридско лето“, како и за „Струшки вечери на поезијата“ кои оваа година одбележуваат јублеј, 50 години од постоење на манифестацијата, за која е обезбедена финансиска и логистичка подршка од УНЕСКО. „Ќе превземеме една значајна инвестиција. Целосно ќе биде реконструирана и реновирана куќата на Браќа Миладиновци, коа ќе биде промовирана на самото отварање на Струшките вечери на поезијата“ најави Канческа – Милевска крај/ к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

