Култура
Цуклус филмови на Чехот Отакар Вавра
Од четврток – 27 до 31 јануари во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан циклус посветен на чешкиот режисер Отакар Вавра, кој својот прв кус докуметарец го снимил во 1931 г. а последниот исто така кус во 2003 г.
Речиси сто-годишниот режисер Отакар Вавра е токму оној филмски автор кој ги донесе поетиките на модерниот Европски филм во чешката кинематографија. Тој и’ припаѓа на филмската генерација од 30-ите години на минатиот век, генерацијата која иритирана од провинцијализмот и непрофесионалноста на тогашниот чешки филм, ја отвори вратата кон модерниот и професионален филм во Чешка. Вавра, во тоа време студент по архитектура, бил привлечен од авангардните левичарски уметнички струи во тоа време. Негова цел – чешкиот филм да стане уметност.Во периодот 1931 – 1936 година, Вавра се јавува и како писател на сценарија. Тој често и блиско соработува со познатите чешки писатели како што се Карел Чапек, Јан Дрда, Милош В. Кратохвил, Јан Оченашек, Франтишек Павличек, како и со поетите Франтишек Хрубин и Јиржи Шотола.Неговата прва филмска награда ја добива во 1938 година, на Венецијанското биенале. Тогаш тој има 27 години, и во Венеција се претставува со дури три филма: „Приказнат ана филозофот“, „Клуб на девици“ – со кој ја добива престижната награда Златен лав на филсмкиот фестивал во Венецеија, и филмот „Десетвеност“.Неговата уметничка активност го достигнува својот зенит во 1960-ите од минатиот век. Заедно со чешкиот поет Франтишек Хрубин, тој ја одбележува и ги акцентира – високо критички настроен кон реалноста на својата земја, настојувајќи филмски да се справи со бедниот и нискостандарден живот преку примерот испосничкиот живот на главниот лик во филмот „Златна Ренета“ во 1965. Филмот е награден со наградата Златна школка на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан, како и наградата Златна глава на Фестивалот во Акапулко. Заедно со Франтишек Хрубин создава уште еден артистички и лирски поетизиран филм „Романса за корнет“ во 1966 г.Во 1969 г., го снима одличниот историски спектакл „Лов на вештерки“, филм за инструираните и лажни судења и егзекуции на жени обвинети за вештерство во Северна Моравија во 1670-ите. Алчната инквизиција иницира серија судења во кои учествувале стотици луѓе, од кои 112 се запалени на клада.Отакар Вавра е автор на 82 сценарија и 49 филмови. Неговиот особен стил на снимање филмови е во паралелното водење на две или повеќе наративни линии во филмот. Познат е и по својата висока способност за работа со масовни сцени и кабасти сценографии, како и за особена сензитивност во прикажувањето на чешките природа и луѓе…Неговата едукативна страна кон чешкиот филм е огромна – судејќи само по фактот дека им бил професор на многу значајни и светски познати чеќки и странски режисери. Тој, со група чешки филмски автори од тоа време, го основаат Факултетот за филм при Академијата за сценски уметности (ФАМУ) во Прага во 50-ите години од минатиот век. Помеѓу неговите студенти се и „оскаровците“ Милош Форман и Јиржи Менцел, Вера Хитилова, Евалд Шкорм, и Емир Кустурица.Неговата работа и визии имаат огромен ефект и големо влијание не само на чешката, туку и пошироко на европската кинематографија.Претставите почнуваат секој ден од 20 часот, почнувајќи од четвртокот со „Девојка во сино“ по заедничко сценарио на Феликс де ла Камара, Отакар Вавра, Олдрич Нови, која е комична приказна за еден ерген вљубен во девојка од слика. Срамежливиот Јан Караш успешно избегнува да влезе во љубовна врска и ноќите ги минува во кафеани заедно со своите пријатели. Неговиот проблем е во тоа што е вљубен, но не во девојка што ја познава, туку во лик од една слика што му ја оставиле на чување. Еден ден Караш ја бакнува сликата, и девојката облечена во син фустан оживува.Во петок е проекцијата на филмот „Кракатит“, снимен 1947 г., кој е научно-фантастичен филм според романот на Карел Чапек за откритието на Кракатит, моќниот експлозив. По случајната експлозија предизвикана во неговата лабораторија, научникот Прокоп има халуцинации. Набргу дознава дека во таква изменета состојба на свеста, формулата за откриениот убиствен експлозив ја кажал на еден од своите колеги. Прокоп ќе се обиде да го спречи ширењето на формулата, но многу мрачни сили се заинтересирани за производството на ваквото опасно оружје.На 29-ти јануари – сабота, ќе бид еприкажан „Нема барикада“ кој е драма за историските денови во мај 1945 г. и судбината на неколку луѓе во Холешовице, предградието на Прага. Сите тие, активно вклучени во борбите за време на војната, сега го организиранизираат отпорот против германската окллопна единица што влегува во Прага. За таа цел поставуваат барикади на мостот во близина на барокната палата Троја, културно и историско наследство, ризикувајќи овој споменик да биде уништен во очајничките обиди на непријателот да не се предаде.Во недела на програмата е филмот „Златна кралица“. Станува збор за психолошка драма за стареењето и соочувањето со минатото, адаптација на автобиографското дело на поетот Франтишек Хрубин, Еден педесетгодишник се враќа во селото во кое ја минал младоста, па решава да ја побара својата поранешна љубов. Мора да преноќи во домот на своите роднини, но нивните секојдневни грижи му ја рушат идеалистичката слика што ја има за животот. Му навираат спомени, а некои од нив наликуваат на лош сон.Во понеделник на 31- јануари овој циклус за филмските сладокусци ќе бид езатворен со проекцијат на споемнатиот „Лов на вештерки“ од 1963 г. Со оглед на годините кога се создавани делата на Вавра, тие се во црно-бела техника, а пред скопските филмофили ќе бидат прикажанни без интервенции од современите техниологии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Љубов, серенади и поезија во срцето на Дебар Маало
Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар.
Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче и испрати порака за љубов и мир.
„Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција, која нè враќа во старите убави времиња на серенади, поезија и романтика. Дебар Маало и денес е место каде што се негуваат дружењата, уметноста и културата. Наша обврска е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации“, рече Герасимовски.
Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ дебармаалските улички и ресторани. Со поддршката на ваквите културни настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на Дебар Маало.
Култура
Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата
Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.
Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.
Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.

Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.
„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.
Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.
(ПР)
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

