Култура
Наградата Прозни мајстори за Трајче Кацаров

Жирито за доделување на традиционалната награда за најдобро специфично прозно дело од македонски автор објавено минатата година, одлучи наградата да му припадне на писателот Трајче Кацаров за книгата „ Шешири“, во издание на Центарот за културна иницијатива од Штип.
Годинава, за наградата се изјаснуваа над дваесет афирмирани македонски критичари, а покрај авторот Трајче Кацаров, во најтесен избор се најде и прозната книга „Две перници“ од Оливера Ќорвезироска.
Прозната книга „Шешири“ е концепирана мошне необично и оригинално, како спој на два драмски текста, кои се резултат на прозниот дискурс и стилската определба на веќе афирмираниот поет, прозаист и драмски писател Трајче Кацаров. Темата и во двата текста е универзална, всушност се допира до брачните врски и до вредностите и значењата кои произлегуваат од една социјална средина издиктирани од општествените прилики и особеностите на индивидуата.
Трајче Кацаров црпи мотиви од секојдневното живеење и ги проектира во книжевниот свет како своевидна естетска определба, со нагласени елементи на иронија, гротеска, па сî до цинизам. На тој план, авторскиот придонес на Трајце Кацаров е редок, специфичен и несекојдневен.
Инаку, досегашни добитници на ова врвно и респектабилно признание се: Ермис Лафазановски, Игор Исаковски, Горјан Петревски, Ким Мехмети, Александар Прокопиев, Томислав Османли, Јован Павловски.
Наградата на добитникот ќе му биде врачена во рамките на Фестивалот на чајот и читањето, што е веќе во тек и традиционално го организира во февруари Издавачката куќа „Феникс“./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.