Култура
Филм на годината

Првиот македонски филмски портал „filmovi.com.mk“ врз основа на повеќе параметри, како најдобро рангирани филмови според топ-листите во САД и Европа, филмови кои најдобро поминале кај критиката, филмови со најмногу награди на светските фестивали, најгледани трејлери и рецензии, најспуштани филмови од Интернет, најпребарувани филмови и др., и по едномесечно гласање на Интернет, ја состави листата на најдобрите од филмската уметност за 2010 година. Од педесетина наслови кои беа дадени за гласање најмногу гласови добија следните наслови:Најдобар филм за 2010 година е „Почеток“ (Inception) на Кристофер Нолан.На второто место се најде „Црниот Лебед“ (Black Swan).Третото место му припадна на „Социјална мрежа“ (The Social Network).Титулата „Најдобар анимиран филм“ му припадна на „Како да си го истренираш змејот“ (How to train your dragon) кој освен визуелно, плени и со својата приказна.Најдобрата машка улога: Колин Фирт, за улогата на кралот Џорџ 6 во филмот „Говорот на Кралот“ (The King’s Speech).Најдобра женска улога: Натали Портман, за филмот „Црниот лебед“ (Black Swan).Најдобро сценарио: „Социјална мрежа“ (The Social Network) на Аарон Соркин (сценарио), Бен Мезрих (книга).Најдобри филмски ефекти: „Почеток“ (Inception).Најдобар македонски филм: „Мајки“ на Милчо Манчевски.Најдобар балкански Филм: „Мисија Лондон“ на бугарскиот режисер Димитар Митовски.Најдобар интернационален фестивал во Македонија: ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.Најдобар европски фестивал во Македонија: „Синедејс“.Најзначаен придонес за новите генерации на фестивал: „Скопје филм фестивал“ за филмската ретроспектива по повод 90-годишнината од раѓањето на Федерико Фелини.Наградата за афирмација на филмската уметност и култура: Златко Стевковски, директор на Младинскиот културен центар во Скопје.Специјално признание за борба против пиратеријата: Иво Антов, директор на „Скопје филм фестивал“.Наградените ќе се закитат со наградите „Фина“, кои дополнително ќе бидат доделени./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
75 години ДФРМ: од 3 септември филмска ревија со македонски филмови во Кинотеката

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) ќе продолжи во септември, по завршувањето на летните одмори.
На 3 септември програмата ќе биде отворена со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија.
4 септември: „Денес треба нешто да се случи“ (1978); „Ругање со Христос“ (2018)
5 септември: „Северен пол“ (2012); „Соба со пијано“
10 септември: „Види ја ти неа“ (2017); „Домаќинство за почетници“ (2023)
12 септември: „Вирово“ (1968) документарен филм; „Сестри“ (2021)
-Јубилејната филмска ревија претставува потсетување на 75 години активна работа на Друштвото на филмски работници на Македонија и истовремено – почит кон сите генерации визионери, филмски автори, актери, филмски работници и соработници кои низ сите овие години ја граделе и сѐ уште ја градат македонската кинематографија. Ревијата отвора простор за средби, дијалози и нови идеи за иднината на седмата уметност во нашата држава. Во време кога вниманието е фрагментирано, јубилејната ревија нѐ потсетува дека добриот филм останува моќна сила – да нѐ трогне, инспирира и обедини, вели Игор Иванов – Изи, претседател на ДФРМ.
Сите проекции се бесплатни.
Култура
„Физиогномски белешки/потиснати соништа“ – ликовна изложба во Галеријата Метаоја во Скопје

Вечерва, со почеток во 19 часот, во галеријата „Метаоја“ во Скопје, ќе биде прикажана ликовната изложба „Физиогномски белешки/потиснати соништа“.
Изложбата се состои од тресеттина ликовни дела изработени во Психијатриската болница во Демир Хисар и на неа учество ќе земат единаесет лица: уметникот Тони Попов, историчарката на уметност Јасмина Котевска и девет лица штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар.
„Физиогномски белешки/потиснати соништа“ се ликовни дела создадени од девет лица штитеници од Психијатриската болница во Демир Хисар за време на сликарските работилници во 2024 и во 2025 година предводени од ликовниот уметник Тони Попов. Сликарските работилници немаа цел само да создадат ликовни дела што ќе го збогатат творештвото на арт-брут уметноста во земјата, туку имаа и терапевтска функција. Станува збор за групни работилници во кои учесниците имаа можност да се запознаат, да ги разменат и искажат своите мисли и емотивни состојби, главно преку сликарството како примарна форма на комуникација. Резултатите се слики – визуелни дијалози со себе, интимни исповеди на потиснатите желби.
На изложбата ќе бидат прикажани слики што ликовно го обработуваат портретот како предмет на сликарско истражување и слики со архитектноски приказни.
Портретната уметност, покрај функцијата на претставување на физиономскиот лик на личноста што се портретира, во себе носи многу подлабоко значење и во суштина претставува визуелна претстава (физиогномска белешка) на карактерот и психолошко-емоционалните состојби на личноста, ликовно обликувајќи го невидливото во човекот.
Изложбата ќе биде отворена сè до 10 септември.
Култура
Концерт на музичари од поранешна Југославија во Филхармонијата

Во петок, 5 септември, во Камерната сала на Македонската филхармонија, публиката ќе има можност за прв пат во Скопје да го слушне No Borders Orchestra, ансамбл во кој свират најдобрите професионални музичари од поранешна Југославија.
Програмата ќе вклучува некои од најубавите дела некогаш напишани за гудачки оркестар: Adagietto од Малер, Verklärte Nacht од Шенберг и Metamorphosis од Штраус. Ова се дела кои, според уметничкиот директор Премил Петровиќ, претставуваат експлозија на страст собрана околу темите Љубов и Смрт.
Делата на овие тројца композитори се среќаваат и се одразуваат во делата на најважните помлади регионални композитори, меѓу кои е и една композиторка од Северна Македонија, кои го тематизираат нашето време на криза и неопходната потреба за трансформација на сите нас и на сите нивоа. Композиции од Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Бранимир Винце (Хрватска), Дарија Андовска (Северна Македонија) и Марко Никодијевиќ (Србија) беа напишани специјално за овој проект.
Социјалната мисија на овој ансамбл, во кој свират музичари од Западен Балкан, секогаш укажува и охрабрува позитивни општествени промени, соработка и толеранција, но исто така допира до луѓето и комуницира со публиката на иновативен и емотивен начин.