Контакт

Култура

Ралф Фајнес ја додели наградата на Наташа Петровиќ

Објавено пред

Младата македонска актерка Наташа Петровиќ се закити со награда на „Shooting stars“ на годинашниот Филмски фестивал во Берлин. Наградите за десет млади европски актери кои се дел од „Shooting stars“ ги доделувал актерот Ралф Фајнс

dobivaj vesti na viber

На прес-конференцијата, на која биле претставени сите млади актери кои учествуваат во „Shooting stars“, на прашањето какви улоги сака да игра, Наташа Петровиќ изјавила дека е премногу млада и дека сè уште го нема искуството на филм за да може да пребира, но дека веројатно најмногу сака главни улоги.На официјалниот дел на презентирањето, кој се одржал синоќа во Берлинале палас, Наташа Петровиќ се претставила со особен шарм и смисла за хумор. Официјалниот дел на претставувањето во рамките на „Shooting stars“ завршил со голема забава на која присуствувале голем број кастинг-директори, агенти и продуценти.Актерката Наташа Петровиќ учествува на годинашното Берлинале како македонски претставник во селекцијата на десет млади европски актери. Нејзиното претставување го организира Филмскиот фонд на Македонија.Како актерка Наташа Петровиќ досега одиграла една главна улога, во филмот „Како да ме нема“ на ирската режисерка Хуанита Вилсон. Станува збор за копродукција помеѓу Македонија (Сектор Филм), Ирска (Wide eye Films / Octagon Film) и Шведска (Stella Nova Film). Претходно имала епизодна улога на „Сенки“ од Милчо Манчевски.На годинашното Берлинале се прикажуваат три македонски филмови. Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски со повеќе проекции се прикажува во рамките на селекцијата „Панорама“.На Филмскиот маркет што се одржува во рамките на фестивалот денес ќе бидат прикажани филмовите „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски и „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Недела на романскиот филм во Кинотеката

Објавено пред

Од 14-18 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во чии рамки ќе бидат прикажани три играни и два документарни филмови.

dobivaj vesti na viber

Романската кинематографија доживеа вистински подем во последните две децении, со таканаречениот „нов романски бран“ како водечко движење кое внесе свежина и оригиналност на европската филмска сцена и филмови кои се карактеризираат со минималистички пристап, документарен стил, социјално-политички теми и силна критика на посткомунистичкото општество. Режисерите како Кристи Пују, Кристиан Мунџиу, Корнелиу Порумбоју и Раду Жуде успеаја да ја постават Романија на мапата на светската кинематографија преку своите реалистични и интензивни филмови.

Новиот романски филм не само што ја отвори вратата за нови таленти во Романија, туку и остави траен впечаток на светската сцена. Филмовите добиваат признанија на најголемите светски фестивали, како Кан и Берлин, а режисерите стануваат почитувани автори надвор од границите на нивната земја. Овој своевиден филмски бран претставува пример за тоа како една мала, но посветена филмска индустрија може да го освои светот преку силни приказни и уникатен визуелен јазик.

Циклусот на романски филмови за 2024 година во Кинотека на Македонија ги претставува најновите достигнувања на романската кинематографија, нагласувајќи ја нејзината креативна разновидност и актуелните општествени теми. Со избор на интензивни и инспиративни наслови, овој циклус поттикнува важни разговори и овозможува длабинско запознавање со романската култура и проблематика. Очекуваме нови возбудливи проекти во иднина и продолжување на оваа значајна кинематографска размена.

Селектор на програмата: Бојан Станишиќ, Уредник на филмската програма при Кинотека

14 ОКТОМВРИ (ПOНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

РЕВИЈА НА РОМАНСКИ ФИЛМОВИ

ДЕТЕ ОД ВОЈНА

(Warboy)

Игран филм, Романија

2023, 85 мин., колор, ДЦП

Режија: Мариан Кришан (Marian Crisan)

Сценарио: Мариан Кришан (Marian Crisan)

Улоги: Даниел Балис, Реџиналд Амонс, Едуард Адам (Daniel Bâlis, Reginald Ammons, Eduard Adam)

Романија 1944-та. Втората светска војна е при крај. Тинејџерот Нику е многу приврзан за двата коња на неговото семејство. Осиромашената романска армија планира да ги заплени имотите на цивилите за да го обезбеди својот опстанок за време на војната. Двата коња може да бидат одземени. Тоа го принудува Нику да започне опаснo патување во планините за да ги спаси.

Мариан Кришан е еминентнен романски синеаст познат по филмовите МОРГЕН (2010), РОКЕР (2012), ХОРИЗОНТ (2015) и КАМПАЊАТА (2020). ДЕТЕ ОД ВОЈНА е нетипична мешавина од жанрови како историски и воен филм, вестерн, но и детска авантура.

Самиот режисер ќе изјави дека бил инспириран од приказните на неговиот дедо за тинејџерските воени денови кога се грижел за коњите на еден богат сосед. Ова е воен филм кој се интересира за обичните луѓе – без големи војнички херојства и ровови.

15 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

РЕВИЈА НА РОМАНСКИ ФИЛМОВИ

МЕЃУ РЕВОЛУЦИИТЕ

(Intre revolutii / Between Revolutions)

Документарен филм, Романија

2023, 85 мин., колор, ДЦП

Режија: Влад Петри (Vlad Petri)

Сценарио: Лавиниа Бранисте, Влад Петри (Lavinia Braniste, Vlad Petri)

Улоги: Илинка Харнут, Викториа Стоичиу (Ilinca Harnut, Victoria Stoiciu)

Во 1970-тите, иранска студентка по име Захра се среќава со колешката Марија на Универзитетот во Букурешт. Двете студираат медицина и развиваат длабоко пријателство и восхит една кон друга. Кога избувнува Иранската револуција во 1979 година, Захра се враќа во Иран, трогната од надежта за политичка трансформација, иако брзо следат разочарувања. Захра никогаш не сe враќа во Романија. Во текот на следните децении, Захра и Марија разменуваат писма за протестите, општите потреси во двете земји, угнетувањето на жените и како тоа влијае на нив; ниту Романија не треба да остане недопрена од револуцијата.

Разделени со револуциите, нивната кореспонденција прикажува две жени кои се борат да се усогласат со општествените стереотипи и се борат со нивните длабоки чувства една за друга, кои се протегаат надвор од едноставното пријателство. Во својот филм, Влад Петри целосно се потпира на неверојатни, зачудувачки монтирани архивски снимки од Иран и Романија за да ја раскаже приказната за овие две жени на таков начин што границите помеѓу документарецот и фикцијата се заматуваат. Длабоката врска помеѓу овие две жени се користи за да се истражи празното ветување за револуција во имагинативниот, високо ефективен документ-хибрид.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

16 ОКТОМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

РЕВИЈА НА РОМАНСКИ ФИЛМОВИ

МАМАЛИЈА

(Mammalia)

Игран филм, Романија /Полска / Германија

2023, 88 мин., колор, ДЦП

Режија: Себастијан Михаилеску (Sebastian Mihăilescu)

Сценарио: Андреј Епуре, Себастиан Михаилеску (Andrei Epure, Sebastian Mihăilescu)

Улоги: Иштван Теглаш, Малина Мановиќи, Дениса Николае (István Téglás, Mãlina Manovici, Denisa Nicolae)

Триесет и деветгодишниот Камил е проблематичен млад човек. Тој се чувствува несигурно со жените околу него, особено со неговата партнерка. Една ноќ се буди без пенис. Кошмарот продолжува кога и неговата партнерка исчезнува по средбата со нејзин поранешен љубовник и се придружува на тајна комуна во природа, покрај езеро, посветена на плодноста. Не сакајќи да се помири со губењето контрола, неговата работа, неговиот социјален статус, неговата врска – тој тргнува во потрага по неговата партнерка што го наведува да ја доведе во прашање основата на неговиот идентитет како маж. Облечен во женска облека, се придужува на бизарниот и вознемирувачки свет на комуната. Она што ќе го открие таму ќе се покаже уште повознемирувачко од неговите неодамнешни несреќи, со трагично-комичен пресврт на улогите кој нè наведува да се сомневаме во сè.

МАМАЛИА е морничава и отуѓена комедија за родовите улоги, и во надреалистички стилМихаилеску работи со слободни асоцијации, некои од нив толку смешни и вознемирувачки што ги доведуваат во прашање идентитетот и мажественоста, а како што продолжуваат сè понепредвидливите настани, гледачите може да се збунат од тоа колку приказнатабрутално се спротивставува на нивните ставови за тоа што се очекува од еден маж во општеството.

Филмот е снимен на 16 милиметарска филмска лента од Барбу Балашоу, со статични кадри и многу мизансценски движења во кадарот, а користењето на просторот е секогаш многу експресивно. Само неколку од главните ликови се играат од професионални актери. Сите останати се натуршчици и допринесуваат на натурализмот на екпресивноста на филмот. Некои критичари хуморот на Михаилеску го споредуваат со тој на Рој Андерсон но и со оној на Ежен Јонеско и Театарот на апсурдот.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

17 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

РЕВИЈА НА РОМАНСКИ ФИЛМОВИ

АРСЕНИЕ. НЕВЕРОЈАТНИОТ ЗАДГРОБЕН ЖИВОТ

(Arsenie. Viața de apoi / Arsenie. An Amazing Afterlife)

Документарен филм, Романија

2023, 96 мин., колор, ДЦП

Режија: Александру Соломон (Alexandru Solomon)

Сценарио: Александру Соломон (Alexandru Solomon)

Арсение Бока е свештеник, теолог и мистик прогонуван од комунистичкиот режим, кој живеел од 1910 до 1989 годинa. Неговиот поглед ги хипнотизира масите и многумина го сметаат за светец. Бока станува многу профитабилен бренд и е на пат да биде прогласен за светец од страна на Романската православна црква.

Следејќи ги стапките на отец Арсение, тргнуваме на измислен аџилак што нè води – со хумор и фантазија – низ нашата сегашна конфузија и глобални стравови. Следува патување со автобус што застанува на различни места што се појавувале во животот на овој „речиси“ светец. За време на патувањето „аџиите“ зборуваат за тоа што значи Бока за нив. Читаат извадоци од досието што романската тајна служба го правела за монахот во текот на децении и прикажуваат сцени од неговиот живот. Од овој спој на фикција и факти произлегува слика на еден лик кој е далеку од светец (и покрај тоа, верниците во групата остануваат непоколебливи од фактите) и е погодна за експлоатација, како комерцијална така и политичка.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

18 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

РЕВИЈА НА РОМАНСКИ ФИЛМОВИ

НЕ ОЧЕКУВАЈ ПРЕМНОГУ ОД КРАЈОТ НА СВЕТОТ

(Nu astepta prea mult de la sfârsitul lumii / Do Not Expect Too Much from the End of the World)

Игран филм, Романија / Хрватска / Франција / Луксембург

2023, 143 мин., колор, ДЦП

Режија: Раду Јуде (Radu Jude)

Сценарио: Раду Јуде (Radu Jude)

Улоги: Илинка Манолаче, Овидиу Пиршан, Нина Хос (Ilinca Manolache, Ovidiu Pîrsan, Nina Hoss)

НЕ ОЧЕКУВАЈ ПРЕМНОГУ ОД КРАЈОТ НА СВЕТОТ е црна комедија од 2023 година, по сценарио и во режија на Раду Јуде, еден од најпознатите и најуспешни современи романски режисери, добитник на повеќе награди по најголемите светски фестивали. Познат е по филмовите АФЕРИМ!, НЕСРЕЌНО ДУПЕЊЕ ИЛИ ЛУДО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc), и СИТЕ ВО НАШАТА ФАМИЛИЈА (Toata lumea din familia noastra).

Филмот е необична мешавина од филм есеј, црна комедија, сатира (на современиот живот и еконoмија во Романија), но во суштина е патувачки филм, road movie. Ангела, преморена и недоволно платена асистентка на продукција, вози низ Букурешт за да го снима кастингот за видеото за безбедност на работното место нарачано од една мултинационална компанија. Но, за разлика од конвециите на „роуд“ жанрот, нејзиното патување нема дестинација. Таа ја убива досадата со тоа што честопати запира да постира видеа на ТикТок и Фејс Ап. Досадната идила се нарушува кога еден од нејзините интервјуирани ќе даде изјава што предизвикува скандал и таа е принудена повторно да ја измисли целата приказна.

Во филмот се користат архивски снимки од филмот на Лусијан Брату од 1981 година АНГЕЛА ПРОДОЛЖУВА ПОНАТАМУ (Angela merge mai departe), кој раскажува за една таксистка во Букурешт. Не случајно така се вика и главниот лик на филмот на Јуде. Денешната Ангела посетува многу од локациите користени во филмот од 1981 година.

НЕ ОЧЕКУВАЈ ПРЕМНОГУ ОД КРАЈОТ НА СВЕТОТ ја имаше својата премиера на главната конкуренција на Филмскиот фестивал во Локарно во 2023 година каде што доби признание од критиката и Специјалната награда на жирито и беше избран за романски претставник во категоријата за најдобар меѓународен долгометражен филм за 96-тото доделување на Оскарите.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ на 47. Денови на македонската музика

Објавено пред

Вечерва со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи последниот концерт во рамките на манифестацијата „47.Денови на македонска музика“, концерт на гудачкиот квартет „Атака“.

dobivaj vesti na viber

Овој настан ќе биде единствена можност да се проследат дела од различни периоди и стилови на македонската музичка мисла посветена на камерниот состав – гудачки квартет. Ќе бидат изведени делата на композиторите Валентина Велковска-Трајановска, Гоце Гавриловски, Филип Иванов и Академик Ристо Аврамовски. Гудачкиот квартет „Атака“ го сочинуваат младите, извонредни уметници: Ева Богоевска – виолина, Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола, Маја Михајловска – виолончело.

Фестивалот „47. Денови на македонска музика“ е во организација на Сојузот на композитори на Македонија, а се одржува под покровителство на Претседателот на Р Македонија, со поддршка на Министерство за култура. Влезот на концертот е слободен.

За уметниците:

ЕВА БОГОЕВСКА (1999) започнува да учи виолина на седумгодишна возраст (класа на Анна Кондратенко). Уште на самите почетоци нејзиниот талент доаѓа до израз со победата на Меѓународниот фестивал за класична музика „Охридски бисери“ после која добива покана да одржи два концерта во Братислава, Словачка. На 16 годишна возраст, како најмлад студент во Македонија, се запишува на ФМУ во Скопје (клас на Олег Кондратенко) каде дипломира во 2020 година. Добитничка е на бројни државни и меѓународни награди и признанија на реномирани фестивали и манифестации: Сан Ремо Јуниор во Италија (2012), Лауреат од прв степен на Меѓународниот фестивал за класична музика во Санкт Петербург, Русија (2014), Grand Prix на Меѓународниот фестивал за класична уметности и култура во Ерусалим, Израел (2016 година), Прва награда на Интернационалниот натпревар за класична музика во Њујорк, САД, по кој како првонаградена добива можност да реализира концерт во Карнеги Хол (2017). Настапувала повеќепати како солист со Филхармонија и Националниот оркестар на операта и балетот на Хо Ши Мин, Виетнам, а како солист остварила настапи во Словачка, Малезија, Виетнам, Италија, Русија, Австрија, Чешка, Унгарија, САД, Израел, Франција, Португалија и се разбира на најзначајните фестивали кај нас (Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонска музика, Златна лира). Во 2019 година со свој труд, како претставник на Музичката младина на Македонија учествува на Првата конференција за новите начини во изведбата на класичните дела, организирана од Интернационалната музичка младина во Берлин, Германија. Од 2017 година е членка на оркестарот F.A.M.E.S, а од 2020 година е и вработен во Оркестарот на Филхармонија. Од 2021 година е студентка на магистерски студии на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима под менторство на проф. Сергеј Островски, редовен професор по виолина на Музичкиот универзитет во Женева, Швајцарија.

МАРИЈА ТРАЈКОВСКА (1992) своето образование го стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ (класи на Олег Кондратенко и Љубиша Кировски). Продолжува на ФМУ во Скопје (класа проф. Михајло Куфојанакис), а во 2013 година добива стипендија за додипломски студии на Конзерваторимот при Лин Универзитетот во Јужна Флорида (класа на Гијермо Фигероа). Во текот на своите студии во САД, Марија учествува на бројни мастеркласи, концерти, натпревари и фестивали. Во текот на студиите на Конзерваториумот за музика е дел од симфонискиот и камерниот оркестар, со кој настапува на повеќе концерти заедно со светски познати солисти, меѓу кои и со реномираниот Џошуа Бел. Дипломира со почести CUM LAUDE во 2017 година. Од 2019 година е вработена во секцијата втори виолини во Филхармонија. Од неодамна е дел од тимот на Трала апликацијата од Чикаго, наменета за онлајн изучување на виолина, а има и своја класа на ученици од целиот свет. Во своето слободно време создава креативна и едукативна содржина за социјалните мрежи Instagram, YouTube и вебстрана под името Violynning. Марија моментално работи со реномираниот виолинист и професор Роберт Степаниан.

ИЛЗА БАФТИАРИ се школува во ДМУБЦ „Илија Николовски – Луј“ (класа на Јован Бицевски), а студиите ги завршува на ФМУ во Скопје во класата на проф. Фросина Балова. Одржала бројни концерти и рецитали со својот брат, пијанистот Шкељзен Бафтиари. Настапувала во повеќе камерни состави и како солист со Македонската филхармонија, со Камерниот оркестар на ДМУБЦ на турнеја во Италија, како и со Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“. Била членка на неколку меѓународни оркестри (CEI Orchestra, Jugest Sinfonie Orchester) со кои реализирала концерти во Италија, Словенија, Австрија и Швајцарија, а веќе трета година е дел од германскиот оркестар Manheimer Philharmoniker со кого настапила во престижни концертни сали како ElbPhilharmony во Хамбург, Queen Elizabeth Hall во Антверп заедно со врни солисти, меѓу кои и Марта Аргерич. Илза е вработена во Косовската филхармонија, а од 2020 година и во Филхармонија. Веќе пет години е активна членка на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија, а редовно реализира и проекти со оркестарот на филмска музика F.A.M.E.S.

МАЈА МИХАЈЛОВСКА средното образование го завршува во ДМУБЦ „Илија Николовски – Луј“ (класа на Паскал Краповски), а дипломира CUM LAUDE на ФМУ во Скопје (класа на Живко Фирфов). Во 2012 година ја добива наградата „Франк Манинг“ од истоимената британска фондација за најдобар студент на генерацијата. Во 2015 година ги запишува магистерските студии на ФМУ во Скопје, работејќи под менторство на познатиот чешки виолончелист Микаил Канка. Во периодот 2025/06 година е дел од Yunge Orchester Akademie – YSO со кој реализира турнеи во Швајцаријаи на Балканот. Во сезоната 2006/07 и 2008/09 настапува со европскиот оркестар CEIYO на концертни турнеи во Италија, Австрија, Словенија и Романија. Во 2016 година членува во скандинавскиот оркестар Orkester Norden со којшто концертира во Данска, Шведка и Финска, под диригентската палка на Лоренс Фостер. Настапувала како солист со Филхармонија, оркестарот на ДМБУЦ и АРКО. Добитничка е на бројни награди и признанија. Редовно настапува со својата сестра-близначка Марија како дел од дуетот виолончела „Twins Cello“. Редовно учестува на мастерски курсеви и семинари работејќи со истакнати педагози и уметници (Астрит Селита, Имре Калман, Александар Књазев, Венцеслав Николов, Марк Купе, Детлеф Милке и Јоханес Мозер). Во 2012 година, на покана на тогашната селекторка на фестивалот „Охридско лето“, проф. Гордана Јосифовска – Неделковска, Маја настапи како гостин на концертот на познатиот виолончелист Енрико Диндо, на затворањето на фестивалот. Од 2015 година е дел од оркестарот на Филхармонија, а редовен учесник е и во проектите на филмскиот оркестар F.A.M.E.S. Маја еднакво комотно се чувствува во изведбата на класичен репертоар и други музички жанри. Таа е дел од бугарскиот кросовер квартет „Дестини“ со кој од 2019 година настапува во Бугарија и низ Европа.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков: Ќе дадеме голема поддршка за живата култура и за санација на објектот на Националната опера и Балет

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните работни посети на установите, денеска ја посети Националната опера и балет каде што се запозна со проектите и активностите во оваа најстара институција од овој вид во нашата земја.

dobivaj vesti na viber

Министерот Љутков ги поздрави направените интервенции во Националната опера и балет кои се однесуваат на подобрување на условите во оваа установа, за што в.д.директорот Оливер Арсовски, го посочи како пример, како за краток период, нецели сто дена, можат да се направат суштински подобрувања во една голема и обемна институција, како што е Националната опера и балет.

„Во изминатиов период е извршена ургентна санација на клучните инфраструктурни проблеми“, потенцираше Љутков, додавајќи дека комплетно се реновирани службеното фоаје и тоалетите за посетителите, извршени се и молерофарбарски работи на ходниците.

На средбата со новинарите беше истакнато дека во текот на вчерашниот ден е распишана и јавна набавка за реновирање на главниот влез на институцијата, кој, како што беше нагласено е во очајна состојба и во последните седум години немало никаква интервенција во овој сегмент, како и санација на покривните површини  во делот на главното фоаје каде што кога врне, водата навлегува насекаде. Министерот Љутков најави дека во наредниот период ќе следат уште интервенции во атаљето на установата, каде во моментов се работи на негово расчистување.

„Она, пак, што сакам да го потенцирам, а е од особено значење и се однесува на вработените, е фактот што со ребалансот на буџетот се обезбедени сигурни плати и придонеси“, рече министерот Љутков. Изразувајќи задоволство од работата на новото раководство и од вработените, министерот Љутков најави дека Владата и тој како ресорен министер ќе дадат голема поддршка на оваа институција, која, како што рече, во идниот период ќе понуди богата културна програма на задоволство на сите граѓани.

Министерот Љутков изрази и јавна благодарност до целиот ансамбл на НОБ за одличната изведба на операта „Набуко“ од Верди во Софија, за која има одлични критики на сите нивоа,  а особено во делот на т.н. културна дипломатија.

Директорот на Националната опера и балет Оливер Арсовски информираше дека е направена и нова програма за до крајот на годината, која ќе стартува на 16 октомври со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

Арсовски најави дека ноември ќе биде месец на Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, со пејачи и од странство, како и дека Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што пред австриската публика ќе бидат изведени дела и од македонски автори.

Поздравувајќи ги заложбите на министерот Љутков и на Министерството за култура и туризам за поголема поддршка на „живата култура“, директорот на Националната опера и балет најави многу промени во репертоарната политика и на операта и на балетот. Во рамките на посетата, беше споделено и дека набавен е и нов балетски под кој, како што беше посочено, ќе го подобри квалитетот на балетската продукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Борис Кондарко повторно избран за претседател на ДИК

На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во...

Македонија6 часа

Ќе се забрани пристапот до 100 странски онлајн-коцкарници што се користат кај нас, Андоновски алармира дека се вклучени малолетници  

По згаснувањето на домашните онлајн-коцкарници, кои нелегално приредуваа игри на среќа, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека ќе...

Македонија6 часа

(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад

Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош...

Македонија9 часа

Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во...

Македонија9 часа

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно...

Свет10 часа

(Видео) Тројно се зголеми бројот на загинати во Северна Каролина по ураганот Хелен: „Видовме тела како висат на дрвјата“

Бројот на жртвите на ураганот Хелен во шест американски држави се искачи на над 160, а милиони луѓе останаа без...

Македонија10 часа

„Вреди“: Елми Азири подготвен да ја потоне ДУИ

„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларијата...

Свет11 часа

Најмалку 162 изгубени животи: Хелен и официјално е вториот најсмртоносен ураган во САД

Разорниот ураган Хелен однесе најмалку 162 животи, јавуваат американските медиуми. Според информации, црниот биланс е забележан во шест земји. Ураганот...

Свет12 часа

Иран: Ова беше самоодбрана, доколку Израел не возврати, акцијата е завршена

Иранската воена акција против Израел заврши, се вели во изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во објавата...

Свет12 часа

(Видео) Моментот кога огромен број ракети се појавија над Тел Авив и Ерусалим

Иран вчера попладне лансираше стотици ракети кон Израел. Според Израел, биле истрелани речиси 200 ракети. Ракетите се појавија над Израел...

Свет12 часа

Нетанјаху: Иран направи голема грешка, ќе плати

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе се соочи со последици за неговиот напад ноќеска. „Иран направи голема грешка...

Свет22 часа

Истрелани се околу 180 проектили од кои повеќето се пресретнати, тврди израелската армија

Израелската војска соопшти дека идентификувала околу 180 проектили истрелани кон Израел од Иран. Претставник на израелската безбедност, исто така, рече...

Свет23 часа

Иранската револуционерна гарда: Овој напад е одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот врз Израел бил одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах. Лидерот на...

Свет24 часа

(Видео) Израелската армија: Иран истрела ракети кон Израел

Израелската војска соопшти дека ракети биле истрелани од Иран кон Израел. Сирените се огласија низ Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ)...

Топ1 ден

На Клиника починала 67-годишна жена од Кумановско

Денеска (01.10.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив...

Македонија1 ден

Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски

Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од...

Македонија1 ден

Ѝ се заканувал со убиство на уставна судијка преку социјалните мрежи: Обвинителството предлага условна осуда за скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за издавање казнен налог против едно...

Македонија1 ден

Минималната плата не стана 450 евра; Трендафилов: Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и ништо нема да биде сменето   

Владата на Христијан Мицкоски не го исполни барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од мај годинава – покачувањето на...

Македонија1 ден

Мицкоски за 100 дена Влада: Нема да направиме ниту една отстапка што ќе значи дополнителен срам и понижување на граѓаните

Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту...

Економија1 ден

Трајкоска за 100 дена Влада: Имавме многу високи очекувања, не добивме ништо, немаме информација како парите од кредитот ќе одат за бизнисот

Работодавците немаат никаква конкретна информација на кој начин половина од парите од најавениот унгарски кредит ќе одат за бизнисот. Претседателката...