Култура
Промоција на два романи на Сибила Петлевски

Културната установа „Блесок“ вечерва, во 21 часот во „МКЦ-клуб“, ќе промовира два романи на Сибила Петлевски, преведени на македонски јазик. Станува збор за романите „Мојот Антонио Диаволо“ и „Време на лаги“ (прв дел од трилогијата „Табу“).Промоцијата е замислена како мултимедијален перформанс со наслов „Од во празно“, составен од три компоненти: симфониска поема изведена од компјутерски и видеокомпилации на Давид Газаров и поезија која во живо ја изведува Сибила Петлевски. Премиерата на „Од во празно“ е изведена во рамките на Риечките летни ноќи на 6 јули 2010 во Астрономскиот центар во Риека, а првата изведба во Загреб е одржана на 12 октомври 2010 во Музејот на современата уметност.Романот „Мојот Антонио Диаволо“ е објавен со поддршка на Програмата за култура (2007 – 2013) на Европската Унија и Министерството за култура на Република Македонија. Романот „Време на лаги“ е добитник на најпрестижната хрватска награда – Годишната книжевна награда „Т-Портал“ за 2010 година, а објавен е со поддршка на Министерството за култура на Република Хрватска. Двата романи од хрватски јазик ги преведе Игор Исаковски.„Контактот со Сибила го имаме оддамна. Покрај овие два романи, досега во издание на ‘Блесок’ се појавија уште две нејзини книги: избор поезија со наслов „Споени лица“, објавена на три јазици – македонски, хрватски и англиски, и романот „Ноќен тренинг“. Претходно објавивме текст за нејзиниот татко, сликарот Ордан Петлевски. Подоцна се сретнувавме на различни книжевни манифестации во Хрватска, а во последно време сè почесто е гостин во Македонија, и поради нејзините научни и академски ангажмани, и како автор кој веќе има четири објавени книги, и како автор кој и понатаму ќе го преведуваме и објавуваме“ – за Макфакс, изјави Игор Исаковски од културната установа „Блесок“.Сибила Петлевски е писателка, научник, авторка на поетски, прозни, театарско-теориски книги и драмски текстови, преведувачка, универзитетска професорка, уредничка и перформерка родена во Загреб. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филозофскиот факултет на Загрепскиот универзитет. Предава драматургија на Академијата за драмски уметности. Членка е на Европската поетска академија и француската поетска академија „Маларме“. Преведувана е и застапена во повеќе национални и неколку меѓународни антологии. Настапувала на сите поважни светски книжевни фестивали. Од 2001 до 2005 година била претседателка на Хрватскиот ПЕН. Членка е на управата на Меѓународниот ПЕН. Авторка е на пет тома научни и стручни книги./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”