Контакт

Култура

Ретроспективна изложба на проектот „Поинаков поглед“

Објавено пред

Во мултимедијалниот центар „Мала станица“, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена ретроспективна изложба на фотографии од проектот „Поинаков поглед“.

Во мултимедијалниот центар „Мала станица“, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена ретроспективна изложба на фотографии од проектот „Поинаков поглед“. Македонскиот центар за фотографија, каде се реализираше проектот „Поинаков поглед“ во период 2007-2010, во соработка со Националната галерија на Македонија, едновремено организира три изложби на фотографии: „Ретроспектива“, „Модна фотографија“ и „документ.дете“.На изложбите ќе бидат прикажани фотографии на повеќе од 300 млади автори, фото документи од активностите опфатени со проектот и фотографии од курсот по модна фотографија.„Ретроспективната изложба ‘Поинаков поглед 2007-2010′ претставува завршен дел на овој проект кој што четири години го работевме со финансиска поддршка на Швајцарската програма за култура – Западен Балкан.’Поинаков поглед’ во основа е едукативен проект и опфаќа едукација од сите аспекти на фотографијата. Преку курсеви, летни школи и работилници правевме директна фотографска едукација, а, пак, преку гостувања на еминентни гости со нивни презентации, изложби, предавања и со нивно учество на конференциите што ги организиравме, вршевме индиректна едукација на пошироката публика.Иако, официјално, проектот ‘Поинаков поглед’ заврши, МЦФ ќе ги продолжи истите активности и во наредниот период. Во изминативе четири години реализиравме 18 курсеви по фотографија, 4 летни школи, 2 меѓународни конференции за фотографија, 5 документарни проекти, 34 фотографски изложби и 14 јавни презентации. На курсевите и работилниците се обучиле повеќе од 300 слушатели“ – за Макфакс, изјави Роберт Јанкулоски, директор на Македонскиот центар за фотографија.Документарниот проект “документ.дете“ на авторот Моника Мотеска е реализиран во соработка со ученици од О.У. „Димитар Миладинов“ од Скопје.„Фотографскиот проект ‘документ.дете’ содржи 34 фотографии снимени со тројна експозиција. Прикажувајќи деца фотографирани со нивните омилени играчки, проектот ‘документ.дете’ претставува портрет на детството или документ на детството. Инспирацијата за проектот ја добив од една фотографија на Благој Жежоски, снимена во 1929 година во Прилеп“ – објасни Моника Мотеска.Ретроспективната изложба на проектот „Поинаков поглед“ во мултимедијалниот центар „Мала станица“ ќе биде поставена до 15 март./крај/т.д.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Ќерки на прашината” на Џули Даш вечерва во Битола, Скопје и Струмица

Објавено пред

По повод „Месецот на црнечката историја во САД“, вечерва во 19 часот, Амбасадата на САД во Скопје и Филмската програма на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ на Тиииит! Инк. – Скопје, во соработка со локалните партнери, организираат симултана проекција на филмот „Ќерки на прашината” на Џули Даш (САД, 1991) во Битола, Скопје и Струмица.

Во Битола, проекцијата ќе се реализира во малата сала на Центарот за култура, во Струмица во Музеј – Струмица, додека во Скопје филмот ќе биде прикажан во Кино Фросина, во Младинскиот Културен Центар.

Визуелно фасцинантното импресионистичко дело на Џули Даш од 1991 година е првиот американски игран филм во режија на Афроамериканка што имал широка кино дистрибуција, а Џули Даш е единствената Афроамериканка чиј игран филм е дел од Националниот филмски регистар на САД. Ова исторски значајно и наградувано дело продолжува да инспирира – албумот „Лимонада“ (Lemonade) на Бијонсе (Beyoncé) е омаж на „Ќерки на прашината”.

„Ќерки на прашината“ е важен филм поради неколку причини: истовремено се спротивставува на линеарното читање на историјата, но и на линеарните структури и форми во филмот, што се историографски поврзани со доминантниот канон на Холивуд. Џули Даш е авторка која е дел од „Одметниците од Ел Еј“ (L.A. Rebellion), група на африкански и афроамерикански филмски автори и авторки со утописки визии и родова чувствителност, кои отворено и храбро ги преиспитуваат сите воспоставени матрици и мудрости, и се идентификуваат со движењата за ослободување во Третиот свет, отворено инсистирајќи на црнечкото. За нас, црнечките слики не се само начин на поставување на црнечкиот американски наратив од маргините кон центарот, туку и на сите други алтернативни наративи: женското, анти-колонијалното, другото,” изјави кураторката Кумјана Новакова.

„И покрај различните мерки и програми за диверзификација на културната сцена, сведоци сме на парадоксална фестивализација и централизација на културата, без систематски, долгорочен план и програма за развој на секторот. Во однос на ова, секој проект од областа на културата и уметноста што обединува различни актери, и што ја отвора и поврзува културната сцена на Македонија, позитивно влијае врз развојот на културата. Тоа е најважната причина зошто се одлучивме филмската програма посветена на различните наративи и другоста да биде претставена паралелно во Битола, Скопје и Струмица. Ова е почеток на нашата определба во иднина програмата на „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ да се реализира и надвор од Скопје, во соработка со локалните заедници и институции.“ изјавија од Тиииит! Инк.

Кураторка на настанот, како и на филмската програма, на Фестивалот „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ е Кумјана Новакова. Визуелниот идентитет и дизајн е на Елена Диновска – Зарапчиев.

Настанот се организира согласно државните протоколи за организирање настани во услови на актуелната Ковид-19 пандемија.

Согласни истите, за проекцијата во Кино Фросина во Скопје Ве молиме да си подигнете бесплатен билет онлајн или на билетарата на МКЦ.

Прикажи повеќе...

Книги

Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, в петок, на 15 март.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Прикажи повеќе...

Книги

Четири нови книги од култниот автор Милан Кундера во издание на „Арс Ламина“

Објавено пред

Книгите на Милан Кундера говорат за луѓето, за нивните мисли, чувства и намери, а неодамна на македонски јазик излегоа четири негови дела „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“. Како Чех кој, пак, според пасошот не е со таа националност, веќе со децении наназад живее во Франција. Чехословачка во 1978 година му го има одземено државјанството и на тој начин го има „протерано“ еден од своите најпознати писатели во егзил. Живее повлечено и никогаш не сонувал за враќање во татковината. Чесите долго време мораа да чекаат на неговото враќање, и тоа книжевно, па дури во деведесеттите години, неговите подоцнежни романи се преведени и на чешки јазик. „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“ се издадени од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

„Шега“

„Шега“ е првиот роман на Милан Кундера, напишан на чешки јазик и објавен во 1967 година. Дејството се протега од крајот на Втората светска војна до настаните пред Прашката пролет кон крајот на шеесеттите години од XX век во тогашна Чехословачка. Роман за нарушената љубов и одмаздата, за разочарувањата од некогашните идеали и, како резултат на тоа, неретко гротескната верба во постигнување на мали, лични победи, за нераскинливата заемна проникливост на шегата со нејзината неминовна повеќезначност – и неретко опачина… „Шега“ се вбројува во стоте книги на векот според „Монд“.

„Животот е на друго место“

Романот „Животот е на друго место“ е напишан и издаден оригинално на чешки јазик во 1969 година, а во 1973, непосредно по неговото објавување на француски јазик, ја добива наградата „Медичи“ (Prix Médicis Etranger).

„Со Дон Кихот и со Госпоѓа Бовари, Животот е на друго место е можеби најстрогото дело што некогаш било напишано против поезијата. Поезијата како привилегирана територија на потврдата, на занесот и на ’автентичноста‘. Поезијата како последното прибежиште на Бога…“, се вели во поговорот од Франсоа Рикар.

„Проштален валцер“

Во едно бањско лекувалиште со застарен изглед, осум личности се фаќаат на еден валцер што се забрзува: една симпатична медицинска сестра, еден гинеколог фантазер, еден богат Американец (понекогаш светец понекогаш Дон Жуан), еден познат трубач, еден стар осуденик, жртва на чистки, кој е на прагот да ја напушти својата земја… Овој роман е еден „сон на летната ноќ“, еден „црн водвиљ“.

Најтешките прашања во оваа книга се поставени со таква леснотија поради која разбираме дека модерниот свет нè лишил од правото на трагичното.

„Смешни љубови“

„Смешни љубови“ е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета. Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта…

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Македонија11 минута

Новинар тешко повреден на протестот за „Монструм“

Новинар од Скопје вчера бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, за време на протестот за случајот „Монструм“. Тој...

Македонија4 часа

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Топ5 часа

Четворица тинејџери се тешкo повредени во сообраќајна несреќа во Визбегово

Автомобил и два мотора се судрија синоќа во Визбегово, пришто со тешки повреди во болница завршија четири млади лица кои...

Македонија6 часа

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија6 часа

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Македонија6 часа

Владата: Напаѓачите на новинарите ќе бидат казнети

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите на вчерашниот протест по судските одлуки за случајот „Монструм“ и најави дека ќе...

Свет8 часа

„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот вид на коронавирус

Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што...

Македонија8 часа

СДСМ по пресудата за Мијалков: Се случува правда, законите важат за сите

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите...

Македонија8 часа

Oпозицијата бара одговорност за состојбата со вакцините

На прагот на март во Македонија нема ни една вакцина, Филипче најави дека ќе доцнат и кинеските, одговорност мора да...

Регион21 час

Брнабиќ: Луѓето се опуштија и мислат дека е готово, апелираме до сите да станат сериозни

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, посочи дека луѓето се опуштиле и дека тоа може да се забележи според бројот на...

Европа23 часа

Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти...

Македонија24 часа

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци. Од МВР исто така информираат дека се приведени осум...

Македонија24 часа

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања, а прашањето за Гоце Делчев не било ниту...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски

Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен...

Македонија1 ден

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот...

Македонија1 ден

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор...

Македонија1 ден

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Европа1 ден

Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „Астразенека“ затоа што...

Досие