Култура
Емир Кустурица ексклузивно во „ТРИ“

Од Издавачкиот центар „ТРИ“ во петокот го најавија своето ексклузивно издание „Смртта е непроверена гласина“ од култниот режисер Емир Кустурица
Како што известија од скопската издавачка куќа, „ТРИ“ веќе ги откупил правата за македонското издание на книгата. Книгата „Смртта е непроверена гласина“ ќе биде промовирана ексклузивно на Саемот на книгата во април. „Смртта е непроверена гласина“ е автентична биографија на Кустурица, и во неа се споменуваат имиња и од културниот и од политичкиот живот од 70-тите до 90-тите години од минатиот век. Таа е топла и полна со емоции книга, на моменти тажна, но и тогаш Кустурица тоа го обојува со хуморни бои. Ова е дело кое, како што вели Кустурица, го напишал за некои работи да не се заборават.„Смртта е непроверена гласина“ исто и како насловот, е доволно провокативна книга составена од седумнаесет поглавја и исто толку автентични, провокативни и неверојатни приказни во кои Кустурица, не се поштедува ниту себе, ниту другите.Кустурица е еден од најпознатите во светски рамки режисери од просторите на поранешна СФРЈ. Автор е на култните филмови „Се сеќаваш ли Доли Бел“ за кој во осумдесеттите години од минатиот век го доби „Златниот лав“ во Венеција и на „Татко на службен пат“ за кој е добитник на „Златна палма“ во Канскиот филмски фестивал. Овојпат Кустурица првпат во својата творечка кариера се јавува како автор на книга, и тоа автобиографска, која исто како и неговите филмски остварувања, предизвика голем интерес кај публиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Во националната опера нова концертна изведба на операта „Кармен“

Националната опера и балет ја најавува концертната изведба на ремек делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“ , една од најпознатите опери во историјата.
Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.
Диригент е Бисера Чадловска.
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот според најавата од НОБ е закажан во петок, 12 март, со почеток во 19 часот.
Од таму информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19, одобрени од Комисијата за заразни болести. При тоа задолжително е носење на заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот, потсетуваат од НОБ.
Книги
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“) се петте романи што влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности.
Жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“, која се доделува под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје, следниот понеделник.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22. пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Култура
Велешкиот театар ќе настапи на интернационалниот фестивал „Сараевска зима“

Театарот ,,Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, со претставата „Кралските копилиња“, на 15 март 2021 година ќе настапи на 47. издание на фестивалот „Сараевска зима“.
Поради пандемијата, фестивалската програма во најголем дел ќе биде прикажана онлајн, односно претставите ќе се одржуваат на матичните сцени, а сараевската публика ќе ги проследи преку видеостриминг.
Претставата „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски во својата жанровска дефиниција е театар на телото во епски слики, работена според посттројанскиот митски циклус, сместен во кралската куќа Арг.
„Кралските копилиња“ е приказна за боголуѓето, која се случува непосредно по завршувањето на војната за Троја и зборува за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор.
Автор на тесктот, режисер и автор на аудиовизуелниот концепт на претставата е Сашо Димоски, режијата на сценското движење е на Васил Зафирчев, видеодизајнот и анимациите се на Данчо Стефков и Крсте Шупев, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и на плакатот е Адам Мартинакис.
Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев како Агамемнон, Кети Борисовска како Клитемнестра, Талија Настова како Електра, Жарко Спасовски како Орест, Маја Љутков како Касандра, Фаик Мефаилоски како Егист и Марија Стефановска како Ифигенија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“