Контакт

Култура

Изложба на Биљана Кајевиќ во Прилеп

Објавено пред

Во петок навечер во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, беше отворена изложба на слики и цртежи од уметницата Биљана Кајевиќ од Скопје која прилепската публика ќе има можност да ја погледне следните десетина дена

Ова е прва самостојна изложба на Кајевиќ во Прилеп каде ќе се претстави со дваесетина вои дела работени во изминатиот период.„Досегашното творештво на Биљана Кајевиќ претставува едно посветено негување на сопственото сликарско истражување, еден тивок и камерен опус, творечки созреван далеку од очите на јавноста. Се работи за смирен интимистички темперамент, деликатно третирање на цртежот, сигурна цртачка арматура – трпелива преплетеност; една органска сконцентрираност од детални и комплексни ликовни проблеми, со коишто таа си ги гради своите слики и објекти. Нејзиното творештво е посветен простор во однос на евокативното, во однос на емотивното и духовното спознание, коешто во овој пример, во основа, се приближува до поетското. Иако во својата уметност авторката е ’фокусирана’ на фигуративно сликарство, со својата занаетска умешност и природа, авторката не робува на реалитетот и на вулгарната дескрипција. Нејзините сликарски претстави се дотерани, но не и патетично измазнети“, вели меѓу другото за оваа изложба на Кајевиќ, ликовниот критичар Дејан Буѓевац.Откако во 1994 г. дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин. Кајевиќ од 1995 до 1997 г. работи на дизајн на поштенски марки  и разгледници за одделот за филателија при Пошти на Македонија (Марката од серијата Олимписки игри во Атланта се најде во најтесниот избор на 14 марки од 60 земји во светот за наградата Олимпија во организација на МОК и Меѓународната федерација на олимписката филателија). Од 1998 г. работи илустрации за едукативна детска книга за животни по нарачка на дизајн студиото при „Огласник М“  кога учествува со дел од илустрациите на Меѓународниот саем на детска книга во Болоња, Италија 2006. Од 1999 до 2001 г.  работи дизајн нарачки за продукцијата „Трето уво“ продукција, а од 2001 до  2008 г.  работи на илустрации, дизајн на логоа, корпоративен дизајн, дизајн на промотивни и музички CD- а, внатрешен дизајн на ентериери и др. за различни нарачатели. Во меѓувреме се Биљана Кајевиќ се занимава со фотографија (дигитална фотографија и компјутерска манипулација), работи на претставување на избрани работи  од областа на дигиталната фотогрфија во грчкиот часопис за уметност и дизајн Project Amoeba Mag. Од 2009 г.  работи како дел од тимот за внатрешно уредување на Музејот на македонска борба. Кајевиќ е автор на идејно–ликовно решение за централниот  витраж на куполата на Музејот на македонска борба.Претходно Кајевиќ самостојно изложуваше минатата година во Уметничка галерија „Безистен“ во Штип, своите илустрации ги изложи во Кинотека на Македонија во Скопје и се претстави пред кавадаречката публика во Дом на култура „Иван Мазов –Климе“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Ќерки на прашината” на Џули Даш вечерва во Битола, Скопје и Струмица

Објавено пред

По повод „Месецот на црнечката историја во САД“, вечерва во 19 часот, Амбасадата на САД во Скопје и Филмската програма на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ на Тиииит! Инк. – Скопје, во соработка со локалните партнери, организираат симултана проекција на филмот „Ќерки на прашината” на Џули Даш (САД, 1991) во Битола, Скопје и Струмица.

Во Битола, проекцијата ќе се реализира во малата сала на Центарот за култура, во Струмица во Музеј – Струмица, додека во Скопје филмот ќе биде прикажан во Кино Фросина, во Младинскиот Културен Центар.

Визуелно фасцинантното импресионистичко дело на Џули Даш од 1991 година е првиот американски игран филм во режија на Афроамериканка што имал широка кино дистрибуција, а Џули Даш е единствената Афроамериканка чиј игран филм е дел од Националниот филмски регистар на САД. Ова исторски значајно и наградувано дело продолжува да инспирира – албумот „Лимонада“ (Lemonade) на Бијонсе (Beyoncé) е омаж на „Ќерки на прашината”.

„Ќерки на прашината“ е важен филм поради неколку причини: истовремено се спротивставува на линеарното читање на историјата, но и на линеарните структури и форми во филмот, што се историографски поврзани со доминантниот канон на Холивуд. Џули Даш е авторка која е дел од „Одметниците од Ел Еј“ (L.A. Rebellion), група на африкански и афроамерикански филмски автори и авторки со утописки визии и родова чувствителност, кои отворено и храбро ги преиспитуваат сите воспоставени матрици и мудрости, и се идентификуваат со движењата за ослободување во Третиот свет, отворено инсистирајќи на црнечкото. За нас, црнечките слики не се само начин на поставување на црнечкиот американски наратив од маргините кон центарот, туку и на сите други алтернативни наративи: женското, анти-колонијалното, другото,” изјави кураторката Кумјана Новакова.

„И покрај различните мерки и програми за диверзификација на културната сцена, сведоци сме на парадоксална фестивализација и централизација на културата, без систематски, долгорочен план и програма за развој на секторот. Во однос на ова, секој проект од областа на културата и уметноста што обединува различни актери, и што ја отвора и поврзува културната сцена на Македонија, позитивно влијае врз развојот на културата. Тоа е најважната причина зошто се одлучивме филмската програма посветена на различните наративи и другоста да биде претставена паралелно во Битола, Скопје и Струмица. Ова е почеток на нашата определба во иднина програмата на „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ да се реализира и надвор од Скопје, во соработка со локалните заедници и институции.“ изјавија од Тиииит! Инк.

Кураторка на настанот, како и на филмската програма, на Фестивалот „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ е Кумјана Новакова. Визуелниот идентитет и дизајн е на Елена Диновска – Зарапчиев.

Настанот се организира согласно државните протоколи за организирање настани во услови на актуелната Ковид-19 пандемија.

Согласни истите, за проекцијата во Кино Фросина во Скопје Ве молиме да си подигнете бесплатен билет онлајн или на билетарата на МКЦ.

Прикажи повеќе...

Книги

Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, в петок, на 15 март.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Прикажи повеќе...

Книги

Четири нови книги од култниот автор Милан Кундера во издание на „Арс Ламина“

Објавено пред

Книгите на Милан Кундера говорат за луѓето, за нивните мисли, чувства и намери, а неодамна на македонски јазик излегоа четири негови дела „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“. Како Чех кој, пак, според пасошот не е со таа националност, веќе со децении наназад живее во Франција. Чехословачка во 1978 година му го има одземено државјанството и на тој начин го има „протерано“ еден од своите најпознати писатели во егзил. Живее повлечено и никогаш не сонувал за враќање во татковината. Чесите долго време мораа да чекаат на неговото враќање, и тоа книжевно, па дури во деведесеттите години, неговите подоцнежни романи се преведени и на чешки јазик. „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“ се издадени од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

„Шега“

„Шега“ е првиот роман на Милан Кундера, напишан на чешки јазик и објавен во 1967 година. Дејството се протега од крајот на Втората светска војна до настаните пред Прашката пролет кон крајот на шеесеттите години од XX век во тогашна Чехословачка. Роман за нарушената љубов и одмаздата, за разочарувањата од некогашните идеали и, како резултат на тоа, неретко гротескната верба во постигнување на мали, лични победи, за нераскинливата заемна проникливост на шегата со нејзината неминовна повеќезначност – и неретко опачина… „Шега“ се вбројува во стоте книги на векот според „Монд“.

„Животот е на друго место“

Романот „Животот е на друго место“ е напишан и издаден оригинално на чешки јазик во 1969 година, а во 1973, непосредно по неговото објавување на француски јазик, ја добива наградата „Медичи“ (Prix Médicis Etranger).

„Со Дон Кихот и со Госпоѓа Бовари, Животот е на друго место е можеби најстрогото дело што некогаш било напишано против поезијата. Поезијата како привилегирана територија на потврдата, на занесот и на ’автентичноста‘. Поезијата како последното прибежиште на Бога…“, се вели во поговорот од Франсоа Рикар.

„Проштален валцер“

Во едно бањско лекувалиште со застарен изглед, осум личности се фаќаат на еден валцер што се забрзува: една симпатична медицинска сестра, еден гинеколог фантазер, еден богат Американец (понекогаш светец понекогаш Дон Жуан), еден познат трубач, еден стар осуденик, жртва на чистки, кој е на прагот да ја напушти својата земја… Овој роман е еден „сон на летната ноќ“, еден „црн водвиљ“.

Најтешките прашања во оваа книга се поставени со таква леснотија поради која разбираме дека модерниот свет нè лишил од правото на трагичното.

„Смешни љубови“

„Смешни љубови“ е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета. Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта…

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија3 часа

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија4 часа

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Македонија6 часа

СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со...

Топ7 часа

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија9 часа

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион10 часа

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет10 часа

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет24 часа

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија1 ден

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија1 ден

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија1 ден

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија1 ден

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Европа1 ден

Коронавирусот повторно ја затвора Европа

Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите...

Македонија1 ден

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Македонија1 ден

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија1 ден

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Македонија1 ден

Владата: Напаѓачите на новинарите ќе бидат казнети

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите на вчерашниот протест по судските одлуки за случајот „Монструм“ и најави дека ќе...

Свет1 ден

„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот вид на коронавирус

Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што...

Македонија1 ден

СДСМ по пресудата за Мијалков: Се случува правда, законите важат за сите

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите...

Досие