Култура
Наградата на 39. ФЕСТ за „Мајки“ на Милчо Манчевски
Филмот „Мајки“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски е прогласен за најдобар во рамките на натпреварувачката програма со наслов „Европа надвор од Европа“ на 39. ФЕСТ во Белград.
Филмот „Мајки“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски е прогласен за најдобар во рамките на натпреварувачката програма со наслов „Европа надвор од Европа“ на 39. ФЕСТ во Белград.„Имаше само една дилема во текот на носењето на одлуката, а која беше поврзана со филмот ‘Мед’ на Семих Капланоглу, кој со својот квалитет веќе доби неколку награди на големите светски филмски фестивали. Со нашата одлука сакавме да го свртиме вниманието кон значењето на другиот филм“ – изјави режисерот Горан Паскаљевиќ, како образложение на комисијата за доделување на наградата.Наградата „Еритроцит“, која е дело на вајарот Никола Пешиќ, а која „Политика“ ја доделува за најдобриот филм во програмата „Европа надвор од Европа“, годинава ја доби филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски.„Наградата ја доделивме поради суптилното истражување на вистината и фикцијата низ три намерно разновидни епизоди и поради храброто поместување на границите меѓу фикцијата и документарноста, со цел да го нагласи и да го пренесе силното чувство на, сè уште, присутниот матријархат во македонското општество“ – објасни режисерот Горан Паскаљевиќ во образложението на комисијата.Покрај него, членови на комисијата за доделување на наградата беа и филмската критичарка Дебора Јанг, уметничкиот директор на филмскиот фестивал во Таормина, Барбара Лори де Лашриер, и филмската критичарка на „Политика“, Дубравка Лакиќ.Содржината на филмот е составена од три приказни кои се случуваат во три различни македонски градови. Првата епизода зборува за моралните дилеми на детенце кое оди во полициска станица за да пријави еден злосторник. Втората приказна е сместена во едно напуштено село и го следи животот на двајца остарени селани. Третата епизода има документарна форма и таа е највознемирувачка: во неа станува збор за шокантната смрт на жени и мајки во средни години кои се убиени од патолошки болен човек кој страда од неизлечивиот комплекс „мајка“./крај/ блиц/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Премиера на филмот „Соучесници“ во Скопје
Во среда, 18 февруари, во киното Синеплекс во 20 часот, ќе се одржи премиерата на долгометражниот игран филм „Соучесници“, по сценарио на Огњен Обрадовиќ, а во режија на Марко Новаковиќ. Филмот е копродукција помеѓу Зилион Филм (Србија), Партизанс (Македонија) и Интер Филм (Хрватска).
Филмот „Соучесници“ е психолошка и социјална драма, во кој идиличниот живот на главните ликови нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, нивната совест ги прогонува, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани.
Продуцент на филмот е Лазар Ристовски (Зилион Филм), а копродуценти се Роберт Насков (Партизанс) и Иван Малоча (Интер Филм). Директор на фотографија е Бојан Ракиќ, монтажер Петар Шумоња, сценограф Ирена Марјанов, костимограф Снежана Карл, маскер Нина Илиќ, композитор на оригиналната музика за филмот е Владимир Пејковиќ, а дизајнери на звук се Велибор Хајдуковиќ и Небојша Зориќ. Во постпродукцијата на звукот учествуваше и нашиот Игор Поповски.
Главните улоги ги толкуваат Невена Неранџиќ и Радован Вујовиќ, Аница Добра, Даница Ристовски, Зоран Цвијановиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Анита Огњановиќ и Јован Белобрковиќ, како и пет исклучителни актери од регионот: нашата Сара Климоска, Стојан Матавуљ и Хана Јапунџиќ од Хрватска, Факета Салихбеговиќ-Авдагиќ од Босна и Херцеговина и Петар Новаковиќ од Црна Гора.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и ќе се прикажува на редовен репертоар на киното Синеплекс од 19.02.2026 година како и низ кината во Македонија.
Култура
Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар Скопје
Драмски театар Скопје информира дека комеморацијата за актерката Ленче Делова ќе се одржи на 19 февруари (четврток) во 10 часот во Драмски.
Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите достоинствено со збор, сеќавење, фотографија и снимка ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова.
Во 1970 година, се вработила во Драмски театар Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното пензионирање во 2013 година.
Ленче Делова почина на 15 февруари на 77 годишна возраст.
Култура
Со проекцијата на „Романот за Џим“ почнуваат редовни месечни кино средби на француски филмови
Францускиот институт во Скопје известува за првото издание на месечните „Кино средби” во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија.
Овие кино средби започнуваат со проекцијата на „Романот за Џим“ (2024), од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, в четврток, 19 февруари 2026, 20:00 часот, Кинотека.
Премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан 2024, филмот беше номиниран за наградите Lumières de la presse étrangère за најдобар филм и најдобар актер, а Карим Леклу доби Цезар за најдобар актер 2025.

