Култура
Искра Шукарова ја заврши кариерата како класичен балетски уметник

Балетот „Рајмонда“ ќе се изведе в сабота на 12 март со почеток во 20ч. Солисти на оваа балетска претстава ќе бидат Александра Мијалкова, Сергеј Сидорски, Дмитро Чеботар и Искра Шукарова која воедно слави 20 години балетска кариера.
Скопје/9.3.2011/(Макфакс) Балетот „Рајмонда“ ќе се изведе в сабота на 12 март со почеток во 20ч. Солисти на оваа балетска претстава ќе бидат Александра Мијалкова, Сергеј Сидорски, Дмитро Чеботар и Искра Шукарова која воедно слави 20 години балетска кариера. Со оркестарот на МОБ ќе диригира Едуард Амбарцумјан кој е чест гостин од 2007 година.„Рајмнодна“ беше оценета добро од публиката, а тоа го дознавме од анкетните листови кои за првпат ги воведовме од неодамна. По враќањето од Италија, балетот е во добра форма, а се надевам дека нивото и овој тренд ќе се задржи. Ги надминуваме проблемите со екипата бидејќи сме малку, а се случуваат и повреди,“ изјави Горан Божинов уметнички директор на Балетот.„Задоволство ми е што по две години повторно ќе имам можност да настапам во улогата на Рајмонда. Последен пат во оваа улога настапив во Прага. Драго ми е што ќе играм со Сергеј и мојата пријателка и колешка Искра,“ изјави примабалерината Александра Мијалкова.„Со оваа претстава ќе ја заокружам мојата 20-годишна активност како балетски класичен уметник. Имав можност и чест да соработувам со извонредни кореографи, педагози и да реализирам 30 улоги. Публиката можеби повеќе ме препознава и ме идентификува со современиот танц, но 20 години МОБ е мојата матична куќа каде одиграв значајни улоги за мене како Иштар во „Гилгамеш“, „Уличната танчерка“ во Дон Кихот, Па де труа во „Лебедово езеро“ и други. Работев и како кореограф, а оваа соработка со МОБ и понатаму ќе ја продолжам. Кореографите повеќе ме ангажираа во драмскиот и современиот репертоар, но со оваа претстава ја завршувам кариерата како балетски класичен уметник. Драго ми е што е токму балетот Рајмонда и што настапувам со оваа екипа,“ изјави Искра Шукарова која работи на балетот „Болеро“ во кој главната улога ќе ја толкува Александра Мијалкова и премиерата ќе биде изведена на 13 април. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти
Уште еден концерт „Филхармонија за Филхармонијата“

По првиот камерен концерт, кој се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од оркестарот на Филхармонијата, овој четврток, во 20 часот, ќе се одржи уште еден од серијата со наслов „Филхармонија за Филхармонијата“.
На програмата се дела од Бетовен, Шнитке, Девиен, Шуберт, Премру, Глинка и од Барток. Во рамките на програмата ќе настапат квартет „Вива стрингс“ (Елена Талевска – виолина, Димитар Михајловски – виолина, Дубравка Зајкова – виола, Дејан Теодосиевски – виолончело); триото во кое свират Илза Бафтијари (виола), Илинка Велкова (флејта), Маја Михајловска (виолончело); пијано-триото со Маријана Николовска на пијано, Даниел Лазаровски на виолина, Драган Гоневски на виолончело; групата виолончела на Филхармонијата; трио тромбони (Бранко Илиевски, Никола Ристески и Александар Ниниќ) и триото во кое свират Елена Талевска (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Мерсиха Шукри (харфа).
Култура
„Ќерки на прашината” на Џули Даш вечерва во Битола, Скопје и Струмица

По повод „Месецот на црнечката историја во САД“, вечерва во 19 часот, Амбасадата на САД во Скопје и Филмската програма на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ на Тиииит! Инк. – Скопје, во соработка со локалните партнери, организираат симултана проекција на филмот „Ќерки на прашината” на Џули Даш (САД, 1991) во Битола, Скопје и Струмица.
Во Битола, проекцијата ќе се реализира во малата сала на Центарот за култура, во Струмица во Музеј – Струмица, додека во Скопје филмот ќе биде прикажан во Кино Фросина, во Младинскиот Културен Центар.
Визуелно фасцинантното импресионистичко дело на Џули Даш од 1991 година е првиот американски игран филм во режија на Афроамериканка што имал широка кино дистрибуција, а Џули Даш е единствената Афроамериканка чиј игран филм е дел од Националниот филмски регистар на САД. Ова исторски значајно и наградувано дело продолжува да инспирира – албумот „Лимонада“ (Lemonade) на Бијонсе (Beyoncé) е омаж на „Ќерки на прашината”.
„Ќерки на прашината“ е важен филм поради неколку причини: истовремено се спротивставува на линеарното читање на историјата, но и на линеарните структури и форми во филмот, што се историографски поврзани со доминантниот канон на Холивуд. Џули Даш е авторка која е дел од „Одметниците од Ел Еј“ (L.A. Rebellion), група на африкански и афроамерикански филмски автори и авторки со утописки визии и родова чувствителност, кои отворено и храбро ги преиспитуваат сите воспоставени матрици и мудрости, и се идентификуваат со движењата за ослободување во Третиот свет, отворено инсистирајќи на црнечкото. За нас, црнечките слики не се само начин на поставување на црнечкиот американски наратив од маргините кон центарот, туку и на сите други алтернативни наративи: женското, анти-колонијалното, другото,” изјави кураторката Кумјана Новакова.
„И покрај различните мерки и програми за диверзификација на културната сцена, сведоци сме на парадоксална фестивализација и централизација на културата, без систематски, долгорочен план и програма за развој на секторот. Во однос на ова, секој проект од областа на културата и уметноста што обединува различни актери, и што ја отвора и поврзува културната сцена на Македонија, позитивно влијае врз развојот на културата. Тоа е најважната причина зошто се одлучивме филмската програма посветена на различните наративи и другоста да биде претставена паралелно во Битола, Скопје и Струмица. Ова е почеток на нашата определба во иднина програмата на „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ да се реализира и надвор од Скопје, во соработка со локалните заедници и институции.“ изјавија од Тиииит! Инк.
Кураторка на настанот, како и на филмската програма, на Фестивалот „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ е Кумјана Новакова. Визуелниот идентитет и дизајн е на Елена Диновска – Зарапчиев.
Настанот се организира согласно државните протоколи за организирање настани во услови на актуелната Ковид-19 пандемија.
Согласни истите, за проекцијата во Кино Фросина во Скопје Ве молиме да си подигнете бесплатен билет онлајн или на билетарата на МКЦ.
Книги
Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.
На годинашниот конкурс пристигнаа дури 41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, в петок, на 15 март.
Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран