Контакт

Култура

„Македонски фолклор“ – изложба на Вренцоска во Мала станица

Објавено пред

Вечерва (вторник 15-ти март) во 20 часот во објектот Мала станица при Националната галерија на Македонија ќе биде отворена изложбата на уметницата Гордана Вренцоска, насловена „Македонски фолклор“. Изложбата ќе биде отворена до 5-ти април

Изложбата содржи фотографии, објекти, слики и графики, како што вели самата авторка, создадени во процесот на истражување, „разоткривање“ и „прочистување“ на актуелната македонска фолклорна естетика. Овој проект ги покренува прашањата за себеидентификацијата или „припадноста“ на одредено поднебје, етникум, нација, традиција, како клучни прашања што си го одредува секоја индивидуа независно, но во исто време ги разгледува и проблемите на вулгаризацијата и квази–негувањето на фолклорните традиции.Во својот предговор за каталогот подготвен за изложбата на Гордана Вренцоска, кустосот Ана Франговска – Стојановска ќе рече: „Гордана Вренцоска со својот проект Македонски фолклор коментира, констатира и реагира. Нејзиниот ангажман што влегува и во доменот на ликовното и во доменот на дизајнот, мошне инвентивно испреплетувајќи ги за да создаде една визуелна сензација чија концепциска актуелност релевантно проникнува во суштината на зададениот дискурс, нуди емпириски, естетски напоени солуции за потврдување на себеидентификувачкиот именител како одбележје на една горда, но доволно самосвесна и самокритична индивидуа.“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Велешкиот театар ќе настапи на интернационалниот фестивал „Сараевска зима“

Објавено пред

Театарот ,,Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, со претставата „Кралските копилиња“, на 15 март 2021 година ќе настапи на 47. издание на фестивалот „Сараевска зима“.

Поради пандемијата, фестивалската програма во најголем дел ќе биде прикажана онлајн, односно претставите ќе се одржуваат на матичните сцени, а сараевската публика ќе ги проследи преку видеостриминг.

Претставата „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски во својата жанровска дефиниција е театар на телото во епски слики, работена според посттројанскиот митски циклус, сместен во кралската куќа Арг.
„Кралските копилиња“ е приказна за боголуѓето, која се случува непосредно по завршувањето на војната за Троја и зборува за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор.

Автор на тесктот, режисер и автор на аудиовизуелниот концепт на претставата е Сашо Димоски, режијата на сценското движење е на Васил Зафирчев, видеодизајнот и анимациите се на Данчо Стефков и Крсте Шупев, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и на плакатот е Адам Мартинакис.

Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев како Агамемнон, Кети Борисовска како Клитемнестра, Талија Настова како Електра, Жарко Спасовски како Орест, Маја Љутков како Касандра, Фаик Мефаилоски како Егист и Марија Стефановска како Ифигенија.

Прикажи повеќе...

Култура

Онлајн-дискусија со Вангел Ноневски за семантичките аспекти во потеклото на хип-хоп ремиксот

Објавено пред

КСП Центар – Јадро најавува онлајн-дискусија со Вангел Ноневски за семантичките аспекти во потеклото на хип-хоп ремиксот, која ќе се одржи денес со почеток од 18 часот.

Од појавата на дадаизмот повеќето современи уметности се проткаени со духот на директна и/или индиректна медијација. Имено, уметничките дела денес претставуваат колажи или рециклирани производи на постојни дела. Во овој поглед пронаоѓањето на грамофонот има клучна и незаменлива улога во однос на хип-хоп/ремикс-културата. Кредото на ремикс-културата – да се создаде нешто ново од постојното – стана парадигма на денешната музичка сцена. Сепак, поминаа неколку децении откако глобалната култура ја загуби вербата во потрагата по новото, без оглед дали тоа се бараше во уметноста, забавната индустрија или музиката. Воопшто не треба да жалиме по загубата на таа вера. Верата во новото е вера во суверениот автор бог и во концептот на комплетно и завршено уметничко дело. Суверениот автор, кој во предмодерниот период беше идентификуван како носител на неспорното семантичко значење на уметничкото дело, е изгубен во процесот на ремиксувањето. Штом некое дело е подложно на репродукција, тоа значи дека е лишено од неговиот автор како единствен деноминирачки фактор на семантичка резонанција. И тука настапува DJ-от, кој миксува и манипулира со композиции, со што тој го заменува авторот како семантички атрибут-фактор, а тој однос уште повеќе се демократизира и либерализира кога забележуваме дека DJ-ите миксуваат музика според реакциите на посетителите на забавите во дискотеките. Според тоа, семантичкото значење на современото музичко (хип-хоп) дело станува проширено и подложно на потенцијално бесконечна (ре)контекстуализација.

Вангел Ноневски е роден 1977 година во Белград. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. За време на студиите повеќе од една година работел како водител во македонското радио „Канал 103“. Досега има издадено три авторски книги: „Музички бриколаж“ (2003 година, „Магор“), „Грамофонот како метаинструмент: од механичка репродукција до ремикс-култура“ (2014 година, „Аксиома“) и „Киборшка естетика: ремикс-апропријација на уметноста“ (2018 година, „Аксиома“); и приредено еден зборник: „Грамофонот како метаинструмент“ (2014 година, „Аксиома“). Неговите интереси и активности се од областите на културата и студиите на ремиксот (од Марсел Дишан,= преку Grandmaster Flash до дигитално-вмреженото село); естетиката и интердисциплинарните студии на интерактивните уметности (од конструираното искуство до еманципацијата и назад); модерната и современата уметност и нејзиниот однос кон семиологијата (од Бенјамин до Дерида и отаде); културните студии (истражувања засновани на филозофијата, современата популарна култура и медиологијата); теоријата на модерната архитектура и јавниот простор; и сè она што влегува во пукнатините меѓу нив… што и да е тоа. Од 2012 до 2018 година бил професор на Универзитетот „Евробалкан“ во Скопје, а од 2015 до 2018 година визитинг-професор на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Од 2018 година работи како вонреден професор на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што предава естетика, филозофија на културата и филозофска антропологија. На Архитектонскиот факултет во Скопје е визитинг-професор на предметот естетика.

Дискусијата ќе ја модерира Ѓорги Пулевски.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Црногорски филмски плакат“ во Кинотеката

Објавено пред

Во Кинотеката вчера беше отворена изложбата „Црногорски филмски плакат“.

На пригодната свеченост, со запазување на здравствените протоколи, изложбата ја отворија амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, и директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов.

Во фоајето на Кинотеката се изложени 40-ина плакати на филмови од црногорската кинематографија, но и копродукциски проекти – реализирани главно во втората половина на дваесеттиот век, но и од поновиот период. Повеќето од изложените експонати се дел од единствената оригинална колекција на филмскиот режисер Момир Матовиќ како резултат на неговото децениско трагање по кинотечните архиви, библиотеки, архивите на филмските продуценти и дистрибутери, а некои се откупени од приватни колекционери.

Амбасадорката Марија Петровиќ посочи дека е голема чест и задоволство што деновиве во Скопје е изложена поставката „Црногорски филмски плакат“ на Момир Матовиќ.

„Оваа изложба е само продолжение на културните активности што ги спроведува Амбасадата на Црна Гора во Македонија со цел да се претстават црногорската култура и идентитет на македонската јавност. Во оваа мисија имаме голема поддршка од македонските институции и пријатели, без чија помош не би била можна реализацијата на вакви културни активности. Изработката на филмски плакат е важна за секоја филмска продукција бидејќи претставува своевиден пропаганден материјал, кој на најдобар и најсугестивен начин и овозможува визуелен контакт на публиката со тоа што ќе го види. Би повторила дека е големо задоволство што ја имаме оваа изложба во македонската Кинотека затоа што таа на некој начин е сведоштво и на специфичната, и на општата и на комерцијалната култура. Исто така, изложбата ‘Црногорски филмски плакат’ е сведоштво и на културното наследство на Црна Гора за овој одреден временски период што го покрива“, истакна Петровиќ.

„Црногорската кинематографија во текот на своето создавање, по Втората светска војна, опстанокот и денешното битисување, со продуцираните филмови, изборот на темите, визуелниот идентитет, наградите и признанијата на домашните и светските фестивали, стана незаобиколен сегмент од црногорското културно наследство“, се вели во предговорот на монографијата „Црногорски филмски плакат“.

Изложбата „Црногорски филмски плакат“ е своевиденвиртуелен музеј на црногорската кинематографија во кој можете да сретнете разни филмски стилови и теми, од разни автори (меѓу другите: Живко Николиќ, Здравко Велимировиќ, Вељко Булаиќ итн.), како и мноштво врвни црногорски и и ексјугословенски актери, но и некогашните филмски ѕвезди и од Истокот (Сергеј Бондарчук) и од Западот (Џозефина Чаплин)…

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Регион42 минути

Во Србија над 3.000 новозаболени и 20 починати

Според последните информации, во Србија биле регистрирани 3.042 новозаболени лица, а 20 лица починале. Во последните 24 часа биле тестирани...

Европа1 час

Скандал во Бундестагот: Пратеници оствариле профит од трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет1 час

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија2 часа

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија2 часа

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија3 часа

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа3 часа

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Македонија5 часа

Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од...

Свет6 часа

Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката...

Македонија7 часа

Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од...

Свет7 часа

Откриен нов „застрашувачки“ сој: високозаразен и ја намалува ефикасноста на вакцините

Научниците во американската држава Орегон открија нов многу заразен вид на ковид, кој првпат се појави во Велика Британија. Сепак,...

Свет19 часа

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување...

Македонија21 час

Мицкоски од инфективна: Ќе се спасите од мене само ако не се разбудам утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи од инфективната клиника, каде се лекува од коронавирус. Тој порача дека овој ден...

Топ23 часа

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија....

Македонија24 часа

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на македонскиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување. „ Почитувани граѓани, почитувани...

Македонија1 ден

Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал набавија вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, за фијаско со набавката на...

Топ1 ден

Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција

Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници...

Македонија1 ден

Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Полицијата затекна 11 гости во чајџилница во Гостивар, после 21 часот. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена...

Досие