Контакт

Култура

Книжевно-музички хепенинг во „Менада“

Објавено пред

Книжевно-музички хепенинг со почеток во 21 часот ќе се одржи во „Менада“ во Старата скопска чаршија.

Книжевно-музички хепенинг со почеток во 21 часот ќе се одржи во „Менада“ во Старата скопска чаршија. На хепенингот писателката Марта Маркоска ќе ги потпишува своите книги – збирката песни „Сите притоки се слеваат во моето корито“ и збирката раскази „Вител во Витлеем“, изданија на „Темплум“.„Можеби грешам, но ми се чини дека секоја човечка активност е краен продукт на една континуирано притаена здодевност која тлеела во нас подолго време, и токму оттука произлегла желбата на животот да му се даде поинтересна содржина. Така и овој настан, меѓу другото, е повик за размрдување, за раздвижување на сетилата. Со оглед на тоа дека истиот содржи музика, промоција на книги, видеопроекција, тоа подразбира ангажирање на мноштво сетила и пролетно будење на духот“ – изјави Марта Маркоска за Макфакс.Литературната е во функција и на музичката промоција. Имено, вечерва ќе бидат промовирани авторски музички материјали на составите Treenick и Puppetology, а по нив ќе следува и полчасовен перкусионистички настап на Марта Маркоска (конги и бонгоси), Гоце Наумов (електронски пад), Горан Попоски (тапани) и Дамјан Зифовски (тапан и тарабука).Мултимедијалниот настан ќе биде збогатен со видеоматеријал изработен од Никола Дрвошанов и целовечерен концерт на групата „Жозефина’с Суспендерс“./крај/т.д.

Култура

Во националната опера нова концертна изведба на операта „Кармен“

Објавено пред

Националната опера и балет ја најавува концертната изведба на ремек-делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата.

Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.

Диригент е Бисера Чадловска.

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот според најавата од НОБ е закажан в петок, 12 март, со почеток во 19 часот.

Од таму информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19, одобрени од Комисијата за заразни болести. При тоа задолжително е носење заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот, потсетуваат од НОБ.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) „Лебедово езеро“ на минус 15: Балерина танцува на мраз за вистинските лебеди

Објавено пред

Руска балерина од светски познатиот театар „Марински“, облечена во целосен костим како за настап, изведува сцени од „Лебедово eзеро“ на Чајковски, но, не на сцена, туку на замрзнатиот Фински Залив.

Ова е начин Илмира Баграутинова да се спротивстави на изградбата на пристаниште во заливот Батареинаја, популарна плажа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија.

Баграутинова танцуваше на -15С и ги објави своите видеа на интернет. Како што објасни за новинарката Екатерина Венедиктова од „Би-би-си рашн“, балерината се надева дека нејзиниот настап ќе спаси вистински лебеди кои се гнездат во заливот.

Прикажи повеќе...

Книги

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“) се петте романи што влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности.

Жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“, која се доделува под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје, следниот понеделник.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22. пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Потврдени 316 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 316 нови случаи на коронавирус, 681 оздравен пациент и 11 починати, соопшти...

Македонија14 часа

Јавно обвинителство: Од „Телеграм“ засега немаме добиено никакви податоци за случајот „Јавна соба 2“

Од Јавното обвинителство велат дека активно постапуваат за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“, во пресрет...

Македонија15 часа

Грција не ги отвора границите за Македонија, продолжена забраната за патници од трети земји

Грција ја продолжи забраната за пристигнување патници од околните земји по воздушен, копнен и морски пат, а тоа правило важи...

Македонија15 часа

Филипче: Предложивме од среда да се воведе полициски час, најмногу поради непочитувањето на мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку објава на својот фејсбук-профил ја објасни причината за барањето на ресорното министерство за воведување...

Европа15 часа

Европската агенција за лекови засега не одобрува користење на руската вакцина во ЕУ

Високата службеничка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, апелираше до членките на Европската Унија да не го одобрат...

Свет15 часа

Меган Маркл: Сакав да се самоубијам, а не смеев да побарам помош

Во интервјуто кое се емитуваше на „CBS“, војвотката од Сасекс, Меган Маркл изјави дека имала суицидни мисли додека била бремена....

Свет17 часа

Американците тврдат дека пронашле лек за коронавирусот, во употреба за шест месеци

Новиот антивирусен лек „молнупиравир“ може да го смени текот на епидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е...

Забава18 часа

Меган тврди монархијата одбила да го направи Арчи принц поради бојата на кожата

Меган, сопругата на принцот Хари, изјави дека пред раѓањето на нејзиниот син Арчи постоела загриженост дека неговата кожа ќе биде...

Македонија19 часа

„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне...

Свет1 ден

Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено...

Свет1 ден

Градоначалник во Италија даде оставка откако јавноста дозна дека се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне денес објави дека дава оставка откако преку ред се вакцинира против Ковид-19, а полицијата отвори...

Македонија1 ден

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија1 ден

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Европа1 ден

Скандал во Бундестагот: Пратеници профитирале со трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет2 дена

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија2 дена

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија2 дена

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија2 дена

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа2 дена

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Досие