Култура
Денови на македонската музика 2011

Со концерт на Ревискиот оркестар на МРТ во чест на 80 години од раѓањето на Драган Ѓаконовски-Шпато, на 21-ви март ќе бидат отворени 34-тите Денови на македонска музика (ДММ).
Со концерт на Ревискиот оркестар на МРТ во чест на 80 години од раѓањето на Драган Ѓаконовски-Шпато, на 21-ви март ќе бидат отворени 34-тите Денови на македонска музика (ДММ).Концертот посветен на Драган Ѓаконовски-Шпато, еден од основоположниците на македонската современа музика, ќе биде проследен и со објавување на обемна монографија за неговото творештво, која ја подготви Ванчо Димитров и компакт-диск со избор на композиции од Шпато.На првата прес-конференција на која присуствуваа Марко Коловски, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија, Јана Андреевска, уметнички раководител на ДММ, Кире Костов, композитор и Ванчо Димитров, композитор на популарна музика, беше најавена програмата и промотивните активности на годинашните ДММ.„Деновите на македонска музика остануваат на стратешкиот курс што го имаа и досега, а тоа е ДММ да бидат преглед на остварувањата на македонските композитори во текот на претходната година. Значи, да го содржат главно она што е новосоздадено, со што би се имало увид во естетските и уметничките преференции и дострели на македонските композитори. Исто така, ДММ во голем дел се простор каде македонските музички уметници го претставуваат своето уметничко мајсторство. ДММ се и простор каде СОКОМ им оддава признание на авторите кои што ја граделе историјата на македонската музичка култура“, нагласи Марко Коловски.Во однос на програмскиот сегмент Јана Андреевска, како селекторка на програмата, истакна неколку карактеристики на фестивалот.„Преовладувачки елементи во програмата на годинашниот фестивал се значајното присуство на младите композитори, а како најочигледен пример ќе го истакнам концертот на Македонската филхармонија. Вториот момент е присуството на голем број странски ансамбли во правец на презентацијата на македонската музика надвор од државата. Сакам да нагласам дека присуството на странските ансамбли се реализира врз основа на заемна соработка, што значи дека не станува збор само за гостување на музичари од странство. Значајно е што дел од ансамблите веќе настапиле на претходните ДММ, што само го потврдува фактот дека станува збор за двоен влог во кој странските ансамбли изведуваат македонски композитори надвор од Македонија, а едновремено настапуваат и пред македонската публика“ – изјави Јана Андреевска.Во програмата на ДММ, која ќе се реализира од 21-ви до 30-ти март, покрај концертите поместени се и повеќе промоции на монографски изданија и компакт-дискови со композиции на македонски композитори во издание на СОКОМ.Во однос на концертот на отворањето на ДММ, на 21-ви март во Македонската опера и балет, посветен на Драган Ѓаконовски-Шпато, Кире Костов, кој ќе диригира со Ревискиот оркестар на МРТ, го нагласи значењето на настанот.„Можам да кажам дека сум пресреќен со идејата да се возобнови и на еден друг начин да се претстави музиката на Шпато. Правиме еден историски зафат поврзан со неговата музика. Исто така, би сакал да кажам дека станува збор за нов почеток на реформирање на ансамблите, како Ревискиот оркестар при МРТ, чие отсуство создаде голема дупка и за авторите на современата музика и за изведувачите на истата. Ревискиот оркестар е просторот каде што Шпато припаѓа, каде што е создаден, каде што се свирени неговите најзначајни дела и целиот живот го поминал во тој ансамбл“ – изјави Кире Костов.Монографијата за Драган Ѓаконовски – Шпато ќе биде промовирана пред концертот во Македонската опера и балет.„Мотивот што ме поттикна да ја подготвам монографијата за Шпато е што, кога се навршија 20 години од неговата смрт, почувствував дека едноставно е незамисливо да нема книга за него и за неговото творештво. Околу пет години поминав во собирање на фактите од неговиот приватен, а особено од неговиот творечки живот, кој е извонредно богат. Во книгата не сакав да превладува мојот впечаток за Шпато, кого лично го познавав, туку поголемиот дел а содржи мислења на сите негови соработници, композитори, уредници, новинари, инструменталисти, кои свиреле во бројните оркестри кои тој ги водел, бидејќи мислам дека тие се најдобриот и најсигурен извор за она што Драган Ѓаконовски – Шпато значи во македонската современа забавна, а особено џез-музика“ – објасни Ванчо Димитров, авторот на монографијата за Шпато.Деновите на македонската музика се реализираат под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Помогнати се од Министерството за култура, Гете-институт, Македонската филхармонија, Факултетот за музичка уметност, Македонската опера и балет, Македонската радиотелевизија, Музејот на град Скопје, хотелот „Центар“ и голем број странски дипломатски претставништва во Македонија./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Во националната опера нова концертна изведба на операта „Кармен“

Националната опера и балет ја најавува концертната изведба на ремек-делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата.
Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.
Диригент е Бисера Чадловска.
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот според најавата од НОБ е закажан в петок, 12 март, со почеток во 19 часот.
Од таму информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19, одобрени од Комисијата за заразни болести. При тоа задолжително е носење заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот, потсетуваат од НОБ.
Култура
(Видео) „Лебедово езеро“ на минус 15: Балерина танцува на мраз за вистинските лебеди

Руска балерина од светски познатиот театар „Марински“, облечена во целосен костим како за настап, изведува сцени од „Лебедово eзеро“ на Чајковски, но, не на сцена, туку на замрзнатиот Фински Залив.
Ова е начин Илмира Баграутинова да се спротивстави на изградбата на пристаниште во заливот Батареинаја, популарна плажа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија.
Баграутинова танцуваше на -15С и ги објави своите видеа на интернет. Како што објасни за новинарката Екатерина Венедиктова од „Би-би-си рашн“, балерината се надева дека нејзиниот настап ќе спаси вистински лебеди кои се гнездат во заливот.
Книги
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“) се петте романи што влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности.
Жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“, која се доделува под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје, следниот понеделник.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22. пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“