Култура
„Аналогии“ во МКЦ
На 31-ви мартии 1-ви април, во терминот од 20 часот во Младинскиот културен центар Скопје, односно во Детски театарски центар во Скопска чаршија ќе биде прикажана претставата „Аналогии“
Станува збор за современата претстава „Аналогии“ којашто во изведба на српскиот театар „Семејство на бистри потоци“, во режија на Божидар Мандиќ, а настапуваат Милена Јакшиќ, Драгана Јовановиќ, Божидар Мандиќ, Радомир Теодосиевиќ, Кристина Васиќ и Урош Вукша, а кој се поставува во рамктие на иницијативата РЕКОМ.Тоа е претстава за надминување на осаменоста преку освестување на чувството за ’оној другиот’. Во светот на општата оттуѓеност, човекот пред сè, се оттуѓува од самиот себеси. За да се запознаеме себеси, потребен ни е некој друг. „Аналогии“ трага по она што е ’исто’ во сите луѓе. Аналогија се воспоставува тогаш кога се препознаваме себеси во ’она спроти нас’. Претставата се темели на принципот дека концептот и глумата произлегуваат од внатрешниот процес на самиот изведувач. Театарот „Семејство на бистри потоци“ не е ниту аматерски ниту професионален театар, туку ’посветен’ театар. Функционира во рамки на истоимената комуна, група на општествено ангажирани луѓе, кои живеат според принципот враќање кон природата. Комуната е основана од писателот Божидар Мандиќ во бранот на младинските движења од 68-та, во слично време кога настана и Комуната „Дружина в Шемпасу“ (Семејство во Шемпас) на Марк Погачник во Словенија. Комуната делува како отворен дом и во духот на скромна економија, а од самото основање е и уметнички активна.По претставата ќе следи и разговор со изведувачите и кратко претставување на Иницијативата за РЕКОМ, која ќе ја претстави нејзиниот медиумски координатор Лазар Стојановиќ.Иницијативата за РЕКОМ е мрежа на невладини организации од просторот на поранешна СФРЈ, која се залага за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и други тешки кршења на човекови права (РЕКОМ) кои се случија на територијата на поранешна Југославија во деведесеттите години. Според репутацијата на ткн. ’комисии за вистина и помирување’, главната цел на РЕКОМ е да се разоткријат фактите за сите злосторства и кршења на човековите права, како и да се создаде простор каде би можело да се чуе искуството на жртвите и на тој начин да се врати нивното човечко достоинство. Повеќе за ова може да дознаете на: www.zarekom.org. Врската меѓу претставата „Аналогии“ и Иницијативата за РЕКОМ е пред се’ идеолошка. Во основа претставата е желба да се препознаеме во „оној другиот’, односно во секој човек да препознаеме човек и човечност, што воедно е и основен принцип на Иницијативата за РЕКОМ: на жртвите да им се врати личноста, да се индивидуализираат, и да не бидат само празни бројки во историските интерпретации и луѓето, посебно од спротивставените групи, да доживеат сочувство кога во ’другиот’ ќе се видат себеси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.
Култура
Почина Георги Сталев Поповски
Друштвото на писателите на Македонија информира дека на 30 декември 2025 година, во 95. година од животот, почина Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки и најстар член на писателската асоцијација.
Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 година во Витолиште, а почина во Скопје. Високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на својата богата професионална кариера, меѓу другото, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“.
Член на Друштво на писателите на Македонија бил од 1956 година, како прв член примен во Друштвото по заслуга на своите достигнувања во областа на книжевниот превод.
Поповски е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои двапати наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ во Сараево (1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, како и македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.
Тој останува актуелен и во 2025 година како еден од авторите на збирката раскази Она што се памети живее („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ, во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на неговиот татко, Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

