Култура
Работилница за развој на културата
Од денес до 7 април во Битола ќе се реализира работилница за Анализа и стратешко планирање за развој на културата во регионот Пелагонија, како прв обид во Македонија да се воспостави план за развој на културата на ниво на регион.
На работилницата ќе се изработи анализа на потребите, недостатоците, потенцијалите во полето во култура во општините од регионот Пелагонија, ќе се согледаат можностите за креирање регионална визија и цели за развој на културата во регионот и за креирање одредена методологија за изработка на стратегија и план за културен развој.Во работата на работилницата ќе учествуваат триесетина учесници, како претставници на културниот сектор од сите девет општини на Пелагонискиот регион (претставници на општините одговорни за култура, претставници на јавните културни институции, здруженија на граѓани, независни уметници, занаетчиски здруженија, итн.) кои активно работат во општините на Пелагонискиот регион.Работилницата е дел од активностите планирани за 2011 година на програмската целина за Културна политика и културна размена од проектот за Децентрализирана соработка меѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија од Франција.Лидери на оваа програмска целина се Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје (Македонија) и CRECET – Регионален центар за култура, етнологија и техника на Долна Нормандија.Партнери во реализација на програмските активности во Македонија се Центарот за регионален развој на Пелагонискиот плански регион, општина Битола и Министерството за локална самоуправа.Работилницата е програмски уредена и ќе биде модерирана од страна на Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова (Локомотива, Скопје) и Кристина Кујунџиќ (експерт и соработник од Србија).На работилницата, како поканети експерти и презентери, ќе учествуваат: Маријана Цветковиќ (Србија), Пјер Шмит, Одри Пулмие и Реми Приве (Франција), Биљана Прентоска и Драгана Ќурчоска (Министерство за култура на Република Македонија).Во текот на оваа година како дел од активностите на програмската целина во текот на месец јуни во Долна Нормандија ќе се организира уште една работилница за градење на професионални капацитети во институциите за култура во Долна Нормандија и на локалните културни актери со цел да се зголеми степенот на нивна интернационална соработка во доменот на културата и користењето на вондржавни интернационални фондови за култура.Проектот за Децентрализирана соработка меѓу Република Македонија и Долна Нормандија е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија.Активностите во рамките на проектната целина за Културна политика и културна размена се посветени на развој на културната политика (креирање на стратегии за локален/регионален културен развој), децентрализацијата во културата, поттикнување на партнерска соработка помеѓу националните, локалните институции и граѓанскиот сектор, како и поттикнување на уметничка размена и мобилност меѓу Р. Македонија и Долна Нормандија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Изложба на Иван Ивановски во Кина
Во Гуангдонг Сан Та Музејот за Уметност во Гуанџоу, Народна Република Кина, на 8 ноември 2025 година, беше отворена самостојната изложба „In Between“ на македонскиот уметник Иван Ивановски.
Куратор на изложбата е Александра Ацеска, а настанот е реализиран во организација на Фликер студио, Зенг Чуан, Чен Хуе Бин (Guangdong San Ta Museum of Art), со ко-организатор Жанг Веи, а изложбата е реализирана со поддршка на Министерство за Култура и Туризам на Република Северна Македонија.

Изложбата е придружена со музиката на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), студиски сет специјално снимен за оваа прилика.
Фотографиите се на Даниел Коцев – Пазамат, а дизајнот на постерот е на Лиу Чен.
![]()
![]()

Култура
Македонскиот проект „Балада за лонецот и капакот“ доби 9.000 евра за развој на сценарио
Филмот „Балада за лонецот и капакот“ во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Ивана Шекуткоска и Минимал Колектив Продукција, е меѓу избраните проекти што ќе добијат финансиска поддршка во рамки на 2025 Funding Round на SEE Cinema Network.
Официјалната најава беше објавена во рамки на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун (TIFF66), каде што SEE Cinema Network ги претстави добитниците на овогодинешниот развоен фонд, соопшти Агенцијата за филм.
Секој од поддржаните проекти ќе добие 9.000 евра наменети за развој на сценарио и подготовка на продукција.
Култура
Нова меѓународна награда за „Златната пеперутка“ со Биби и Боби
Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната Пеперутка“, со омилените детски херои Биби и Боби, освои ново меѓународно признание – наградата „Млади Хоризонти“ (Young Horizons Award) на престижниот CEE Animation Forum, што се одржа од 4 до 6 ноември во Плзењ, Чешка.
На форумот беа претставени 29 проекти од 15 земји, пред повеќе од 200 претставници од европската анимациска индустрија: продуценти, режисери, телевизиски уредници и дистрибутери.
Ова е втора награда за „Златната Пеперутка“, по MIA Development Award која проектот ја доби во октомври годинава на MIA Market во Рим – еден од водечките европски филмски пазари.
„Франција ги има Астерикс и Обеликс и Мињоните, Англија ги има Валас и Громит, Русија ги има Маша и Медо, Хрватска го има Балтазар, а Белгија го има Тин-Тин. Нашата цел е децата од светот да слушнат за Македонија преку Биби и Боби“ – изјави режисерот Гоце Цветановски.
„Златната Пеперутка“ е еколошка авантура за целото семејство. Во филмот, Биби и Боби патуваат во амазонската џунгла во потрага по легендарната златна пеперутка, симбол на рамнотежа меѓу човекот и природата. Нивната мисија ги води кон митскиот град Ел Дорадо, каде ќе мора да ги здружат своите сили за да ги победат темните сили што демнат во џунглата.
Македонски продуценти на проектот се Македонска Крепост, Светот на Биби и Тун Моушн Студиос, а филмот ќе се реализира во копродукција со Аргентина, Шпанија, Колумбија и Бразил.

