Култура
Отворена изложбата „Цвеќе на мирот“
Изложбата насловена „Цвеќе на мирот“ на македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин денеска беше отворена во новиот дел на Универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“.
Изложбата насловена „Цвеќе на мирот“ на македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин денеска беше отворена во новиот дел на Универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“. Изложени се уметнички слики на разновидни цвеќиња, стихови од светски поетски имиња посветени на Цветин, како и признаници и благодарници за неговата хуманост. Свое обраќање до присутните имаа директорот на НУБ Св. „Климент Охридски“, Миле Бошевски, професор Ферид Мухиќ, амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Роберт Кирнаг, како и Живко Поповски-Цветин. „Долгогодишната работа на сликање цвеќиња на мирот и по својата хумана мисија и подарување на своите цвеќиња во форма на слики, досега Живко Поповски-Цветин има подарено 30 илјади слики. Дел од нив се во рацете на многу познати личности, светски политичари, нобеловци, студенти и ученици“, изјави Бошевски. За време на церемонијата Цветин доби писмо со благодарност од претседателот на Република Словачка, поради подарена уметничка слика. На изложбата присуствуваа ученици од основните училишта Св.Кирил и Методиј“ и „Јохан Хајнрир – Песталоци“. Изложбата беше организирана од страна на Амбасадата на Република Словачка во Македонија, Универзитетската библиотека Св. „Климент Охридски“ и Младиинфо центарот. Новоотворениот Младиинфо центар има за цел на студентите од Република Македонија да им понуди бесплатни информации, совети за стипендии и информации за стипендии, едукативни програми, конференции, обуки итн./крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Две нови награди за „Неми Филмови“ на Господиновски во Русија и Тајван
Анимираниот филм „Неми Филмови“ на Крсте Господиновски, минатата недела освои две нови награди на меѓународни фестивали, наградата за „Најдобар интернационален краток филм“ на „Меѓународниот фестивал за краток филм Вижн“ во Кемерово, Русија и „Почесно признание“ на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ“ кој се одржува во Тајпеј, Тајван.

Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во Тајван, по октомвриската награда на престижниот ТИАФ кој се одржува во Тајчунг.
Во септември филмот ги освои Гранд При наградата на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм Аниматор Фест“ во Јагодина и наградата од домашната публика на „Меѓународниот фестивал за краток филм Ѕирни“ во Скопје.

Од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, „Неми Филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни фестивали и има освоено 7 награди.
Филмот е во продукција на Фокус Покус Филм и во копродукција на Флипбук Продакшнс, а е поддржан од Агенцијата за филм на Република С. Македонија.
Култура
Кавадарци го слави „Месецот на театарот“ со премиера на Чехов и богата програма во Домот на културата
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат повеќе настани од областа на театарската уметност.
Во четврток, на 13 ноември 2025, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата “Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов. Претставата е состав на две едночинки. Режијата е на Микица Илова.
Во првата едночинка играат: Александар Малинков , Ивана Секуловска ,Саше Орешков, а во втората едночинка: Елена Илова, Петар Стојанов , Мартина Илиевска. Суфлер: Дијана Мишова; Костимограф: Сара Милевска; Сценска подршка: тим на Дом на култура Кавадарци; Светло/тон: Пепи Ангелов.
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци е и организатор на манифестацијата “Месец на Театарот“ која годинава се оддржува по петти пат. Манифестацијата ќе биде отворена со изложба на избор плакати од претстави на Театарот при Домот на кутурата Кавадарци изминатите децении.
Официјалниот распоред е:
15.11 (сабота) Свечено отворање на манифестацијата со Изложба на театарски плакати
15.11 (сабота) “Ухљеби“, ДРАФТ Театар, Тузла, Босна и Херцеговина
17.11 (понеделник) “Петок 13“, Народен Театар Струмица
19.11 (среда) “Предлог за брак/Мечка“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
22.11 (сабота) “Госпоѓа Министерка“, Театар “Џинот“, Велес
25.11 (вторник) “Смртта на еден човек на Балканот“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Сите претстави започнуваат од 19 часот.
Култура
Изложба на Иван Ивановски во Кина
Во Гуангдонг Сан Та Музејот за Уметност во Гуанџоу, Народна Република Кина, на 8 ноември 2025 година, беше отворена самостојната изложба „In Between“ на македонскиот уметник Иван Ивановски.
Куратор на изложбата е Александра Ацеска, а настанот е реализиран во организација на Фликер студио, Зенг Чуан, Чен Хуе Бин (Guangdong San Ta Museum of Art), со ко-организатор Жанг Веи, а изложбата е реализирана со поддршка на Министерство за Култура и Туризам на Република Северна Македонија.

Изложбата е придружена со музиката на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), студиски сет специјално снимен за оваа прилика.
Фотографиите се на Даниел Коцев – Пазамат, а дизајнот на постерот е на Лиу Чен.
![]()
![]()


