Култура
„Ако никој не свири“ во кино „Фросина“

Документарниот филм „Ако никој не свири“, снимен по сценарио и режија на Ѓорѓи Јаневски, денес и утре со почеток во 20 часот ќе биде на репертоарот на кино „Фросина“ во МКЦ.
Документарниот филм „Ако никој не свири“, снимен по сценарио и режија на Ѓорѓи Јаневски, денес и утре со почеток во 20 часот ќе биде на репертоарот на кино „Фросина“ во МКЦ.Документарниот филм „Ако никој не свири“ одблиску ги следи почетоците на скопската група „Бернајс пропаганда“ низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката и е приказ на подземната историја на скопската рокенрол-сцена, на нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија.Во филмот учествуваат Васко Атанасоски, Кристина Горовска, Џано Куч, Горан Аргировски, Кирчо Арсовски, Мирко Попов, Ненад Неделков, Сеад Хаџиќ.Филмот е снимен по сценарио и режија на Ѓорѓи Јаневски, камерата е на Бранд Ферро, а монтажата на Благоја Неделковски. Во реализацијата на документарецот учествуваа независната продукција „Стотројка“ – Здружение на граѓани за културна иницијатива во соработка со „Петра Пан Филм“, „House 57“ и 3X. Филмот финансиски беше поддржан од Македонскиот институт за медиуми и од Про Хелвеција – Швајцарска програма за култура.Минатиот месец „Ако никој не свири“ ја освои наградата за најдобар филм во регионалната конкуренција на петтото издание на фестивалот на документарен рок-филм ДОРФ, кој се одржа во Риека и во Винковци.Во наредниот период филмот „Ако никој не свири“ ќе има свои проекции во повеќе градови низ Македонија./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)

ИФФК „Браќа Манаки“ како дел од проектот „Кадар-на“ (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин кадар“) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор.
Проектот „Кадар-на“ е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (анг. Culture and Creativity for the Western Balkans – CC4WBs), кој е финансиран од Европската унија и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за да се оствари поголемо социо-економско влијание. Проектот „КАДАР-НА“ е во заедничка реализација на Филмскиот фестивал во Нови Сад и Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.
Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, а оваа програма е наменета за нови и млади уметници, филмски работнички кои сакаат да ги усовршат своите знаења и вештини со поддршка од истакнати експерти од филмскиот свет, преку онлајн работилници и интензивна менторска програма.
Повикот е отворен до 09, а резултатите ќе бидат објавени на 16-ти јуни.
Учесничките ќе имаат можност да следат пет онлајн работилници со експертки од филмскиот свет, конференции во Нови Сад и во Битола, три мастер-класови, менторска програма и претставување.
За било какви дополнителни информации и/или појаснувања на [email protected].
Култура
Недела на полски филм во Кинотеката на Северна Македонија

Кинотеката на Северна Македонија, во соработка со институтот „Адам Мицкевич“ од Полска и со поддршка од Амбасадата на Република Полска во Скопје, го организира настанот „Недела на полски филм“, што ќе се одржи од 12 до 17 мај 2025 година, по повод претседателството на Република Полска со Советот на Европската Унија.
Во рамки на оваа тематска филмска недела, публиката ќе има ретка можност да погледне избор од значајни полски филмови кои оставиле траен белег во европската и светската кинематографија. Програмата опфаќа наслови од различни генерации и стилови, вклучувајќи ги делата на прославените режисери Кшиштоф Кјешловски и Агњешка Холанд, како и современи гласови како Агњешка Смочинска и Куба Микурда.
Филмската недела ќе започне на 12 мај (понеделник) во 20:00 часот со проекција на филмот СОЛАРИС, ЉУБОВ МОЈА (Solaris mon Amour, 2023) – визуелен и поетски омаж инспириран од филмот на Андреј Тарковски и романот на Станислав Лем. Влезот за овој филм е бесплатен. Гостинка на оваа проекција ќе биде монтажерката на овој филм Лаура Павела, која по проекцијата заедно со режисерите Саша Станишиќ и Јане Алтипармаков ќе разговаат за нејзината работа на ова филмско дело.
Сите проекции ќе се одржат во кино-салата на Кинотеката, со почеток во 20:00 часот, а ќе бидат прикажани филмовите СЛЕПА ШАНСА (Przypadek / Blind Chance, 1987), ОСАМЕНА ЖЕНА (A Lonely Woman / Kobieta samotna, 1987), АКТЕРИ ОД ПРОВИНЦИЈА (Provincial Actors / Aktorzy prowincjonalni, 1979), ЗЕЛЕНА ГРАНИЦА(Green Border/Zielona granica, 1923) и ЈАДИЦАТА (Córki dancing/The Lure, 2015)
Програмата е реализирана во соработка со Институтот „Адам Мицкевич“ како дел од меѓународната културна програма на Полското претстедателство со Советот на Европската Унија 2025.
Култура
Камерното трио „Анимато“ утревечер со јубилеен концерт „Квинтесенца“, влезот е бесплатен

По пет успешни години на музичко творештво и настапи на домашната и меѓународната сцена, Камерното трио „Анимато“ ќе го прослави својот јубилеј со свечен концерт насловен „Квинтесенца“. Настанот ќе се одржи утре, 12 мај 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во Даут Пашиниот амам во Скопје, во организација на Националната галерија.
Триото во состав Даниела Неделковска (флејта), Симона Марочковска-Манојловска (флејта) и Светлана Димитриевска (пијано), ќе ја претстави својата препознатлива уметничка енергија низ програма која вклучува дела од Доплер, Прокопиев, Илин и Шор.
Во текот на изминатите пет години, Трио Анимато се етаблираше како еден од најактивните камерни состави во Македонија, со настапи во земјата и странство, промовирајќи ја домашната музичка сцена и соработувајќи со бројни истакнати уметници и институции. Овој јубилеен концерт е заокружување на едно успешно поглавје и најавува нови проекти со уште поголема посветеност кон уметничкиот развој и културната промоција.
Влезот е бесплатен за посетителите, а љубителите на класичната музика се поканети да бидат дел од оваа музичка прослава и да уживаат во виртуозната изведба на триото кое го слави своето постоење токму таму каде што традицијата и современоста се сретнуваат – во срцето на Старата скопска чаршија.
Дополнителни информации за концертот може да се најдат на официјалните канали на Националната галерија и Трио Анимато.