Контакт

Култура

Магичната сцена на Народниот театар Битола ги одушеви битолчани

Објавено пред

Театарот, играта, танцот, поезијата, песната, музиката беше во силниот потенцијал на актерите на Народниот театар од Битола, кој со сценско-музичкиот настан „Музиката и ние”, одиграна на 19-ти април 2011 година, ги воодушевија битолчани

dobivaj vesti na viber

По одиграната претстава, односно сценско-музичкиот настан „Музиката и ние” јасно е дека сцената на Народниот театар од Битола ќе биде поинтересна и ќе живее уште многу долги години, без разлика на генерациската разлика, затоа што со заминувањето на возрасните актери доаѓаат новите, младите потенцијали кои нема да дозволат да згасне, туку ќе го продолжат растежот на битолската театарска куќа, што мислам е и суштината на еден театар, во кој работат живи актери.Сакам да кажам дека актерите од различните старосни години со својата актерска сензибилност и одиграни точки до перфекција, со своите игри, песни, танцови, и с# друго што можеше да се види на сцена, а се отсликува само кај врвните актери, им ја стопли душата на битолчани, на публиката која постојано го следи нивното волшепство. Менка Бојаџиева, Елена Моше, Валентина Грамосли, Јулијана Стефановска, Соња Михајлова, Соња Ошавкова, Габриела Петрушевска, и доајенката на битолското глумиштте Јоана Поповска, па помладите актерки, Јулијана Мирчевска,  Викторија Степановска, Маја Андоновска, Илина Чоревска, Катерина Аневска, како и машката актерска гарнитура, Петар Мирчевски, Борис Чоревски, Петар Горко, (а запеа и директорот на Народниот театар од Битола, Валентин Светозарев), па и помладите, Никола Пројчевски, Васко Мавровски, Петар Спировски, Александар Копања, Марјан Ѓоргиевски, (а оние што не сум ги споменал нека не ми се лутат, бидејќи немам толкав простор за сите нив), направија една елаборирана претстава, со голема кореографска силина, што ми се чини дека сите тие низ режисерската призма на младиот режисер Јован Ристовски ги разиграат улогите (ја развеселија публиката), па низ легитимните сценско-кореографски односи ни даде до знаење дека актерите на Народниот театар од Битола се семожни.Јас не знам како поинаку да зборувам за таа нивна сценска благородност, освен да кажам дека тие со својот настап го разиграа и универзумот.Сега не треба да постои дилемата за правење и на ваков тип претстави, да речеме, ако сакате и кабаретски, што би било убаво да бидат еден составен дел од театарското искуство што го има ансамблот на Народниот театар од Битола, а доказ дека треба на репертоарот да имаат и вакви претстави е и публиката која го сака тоа. Аплаузите кои се редеа еден по друг, впрочем, се доказ.Она умеење што го покажаа, од совршеното пеење, глумењето, играњето, танцувањето, до сето она што е придружно за еден театарски настап, би можело да се рече, дека постојано треба да биде присутно на репертоарската сцена, како еден вид на траен дел од нашиот театарски живот, бидејќи актерите, оние нашите актери што ние ги познаваме и силно ги љубиме, ја покажаа магичноста на сцената на Народниот театар од Битола.Во целиот тој сценски амбиент, учествуваа и музичките имиња: Јасна Василева, Бојан Колевски и Александар Талевски, од музичкиот бенд „ЛИВЕ 5”. Но присутни беа и битолските „Боеми”, како и специјалните гости на вечерта Зоран Маџиров  и Калиопи.Значи, уште еднаш да конретизираме, сценско-музичката атрактивност „Музиката и ние”, ни даде до знаење дека нашите актери постојано се подготвени да ги задоволат сите апетити и на најпребирливата публика, (која, пак, публика покажа дека кога ќе и’ се погоди вкусот таа и ќе го посети театарот), па дури и да го збогати репертоарот.Чинам дека колективната взаемна среќа на целиот ансамбл на Народниот театар од Битола, ја врати вербата кај публиката, дека повторно, како еден овие актери можат да функционираат, бидејќи она што го видовме на 19-ти април годинава и она што го видовме минатата година за 66-годишнината на Народниот театар од Битола, е одиграно со душа, со радост, без дволичност, затоа што играа за својата публика, но и за својата театарска куќа. И сосема за крај, сметам дека би требало да кажеме дека поводот за убавиот сценско-музички настап, беше пробувањето на новата музичка опрема и озвучување која ја доби Народниот театар од Битола од Општината Битола, односно од градоначалникот Владимир Талески, кој пред градоначалничката функција беше дел од овој театарски ансамбл.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Герасимовски со ансамблот „Орце Николов“: Македонската традицијата е дел од нашата програма

Објавено пред

По повод 80 години постоење на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со раководството на културно-уметничкото друштво.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за тековните културни активности во општината и можностите за понатамошна соработка меѓу Општина Центар и ансамблот.

„Со Ансамблот имаме одлична соработка. Во рамки на програмата за култура, ансамблот доби и финансиска поддршка за проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, со што продолжуваме да вложуваме во негувањето на народната уметност“, порача градоначалникот Герасимовски.

Тој нагласи дека локалната самоуправа е силен поддржувач на културата и народното творештво.

„Во изминатиот период значително ги зголемивме вложувањата во културата, а за 2026 година буџетот за култура изнесува 26 милиони денари. Преку бројни манифестации овозможуваме културни содржини што ги обединуваат граѓаните од сите возрасти. Културата е и ќе остане наш приоритет“, рече Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Култура

Софија Стојанова – автор на најдобрата беседа на конкурсот во чест на Прличев

Објавено пред

Од

Годинашен добитник на наградата за најдобра беседа за 2026 од конкурсот што го распиша НУ Библиотека „Григор Прличев“ на тема: „По песната птиците се разликуваат“е Софија Стојанова. Таа е ученичка во втора година во гимназијата „Јане Сандански“во Струмица.

dobivaj vesti na viber

Нејзината беседа беше под шифра „Тивериопол“, таа го докажа авторството, а Библиотеката доби потврда и од нејзината професорка по македонски јазик и литература Боркица Филева.

„Добивањето на наградата на конкурсот распишан од Библиотеката во Охрид за мене претставува исклучително значајно признание и длабока лична радост. Овој успех не го доживувам само како потврда за мојот труд, туку и како охрабрување да продолжам уште посветено да се надградувам и да го следам патот на знаењето. Ова признание претставува поттик да бидам уште поодговорна кон сопствените цели и уште похрабра во остварувањето на своите соништа“, изјави Стојанова за веб страницата на Библиотеката.

Дека Софија е млад веќе изграден автор сведочат и наградите кои само во изминатите две години ги освоила на полето на литературата:

2025 – Диплома за прво место на литературниот конкурс ,,Со својот живот Ацо Шопов опеал дело, а во своите дела, го опеал животот”- Оштина Штип

2025 -Прва награда на литературниот конкурс ,,Топли гнезда”- Општина Струмица

2025 – Диплома за прво место на конкурсот ,,Дигитални човекови права и приватност во ерата на технологијата”- Општина Струмица

2025 – Прва награда на литературниот конкурс ,,Моето посебно другарче”- Општина Струмица

2024- Диплома за прво место на конкурсот ,,Тишината понекогаш зборува најгласно и најдобро за делата и поетот Ацо Шопов”- Општина Штип

На младата Софија Стојанова автор на најдобрата беседа на шести февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ во Охрид ќе и биде доделена парична награда од 9.000 денари и признание со ликот на Прличев.

Прикажи повеќе...

Култура

Кинотеката ја објави програмата за февруари: тивки гласови, силни приказни и филмот како чин на сеќавање

Објавено пред

Од

Програмата на Кинотека на Македонија за февруари 2026 година претставува внимателно изграден мозаик од современи авторски визии и значајни европски остварувања, кој уште еднаш ја потврдува Кинотеката како простор на мисла, чувствителност и отпор кон заборавот. Ова не е програма што нуди лесна забава, туку покана за длабинско гледање и активно учество во филмот како уметнички и етички чин, велат од Кинотеката.

dobivaj vesti na viber

Во центарот на вниманието е актуелниот филм на Тамара Котевска, авторка чиј сензибилитет се движи меѓу документарното и поетското, помеѓу човекот и пејзажот, помеѓу исчезнувањето и траењето. Нејзиното дело продолжува да ја истражува кревката рамнотежа помеѓу личното сведоштво и универзалната грижа за светот што го населуваме. Во истата линија на тивка, но моќна авторска исповед се вклучува и документарецот „Приказната за Сиљан“, филм што преку интимна нарација отвора пошироки прашања за идентитетот, наследството и човечката потреба да се раскаже сопствената приказна.

Февруарската програма го вклучува и новиот филм на култниот независен автор Џим Џармуш. Неговата минималистичка естетика, тивки паузи и егзистенцијален хумор повторно нè потсетуваат дека филмот може да биде простор на созерцание, а не само на наративна ефикасност. Џармуш останува еден од ретките автори што доследно ја брани слободата на независниот филм.

Европската селекција ја проширува програмата со филмовите „Љубовта што останува“, „Луда љубов“, „Двајца обвинители“, „Приватен живот“ и „Ромериа“ — остварувања што низ различни поетики и жанровски регистри се занимаваат со интимноста, вината, правдата и кревките човечки односи во современиот свет. Овие филмови не нудат конечни одговори, туку отвораат простор за сомнеж, емпатија и морална дилема, токму онаму каде европскиот авторски филм е најсилен.

Посебно значајна е и програмата за најмладата публика, со избор на квалитетни анимирани филмови за деца, кои не ја потценуваат својата публика. Преку јасна визуелна имагинација и внимателно обликувани приказни, тие носат сериозни пораки за емпатијата, различностите, пријателството и одговорноста — градејќи темели за идни гледачи што ќе умеат да гледаат, а не само да консумираат.

„Февруари 2026 во Кинотеката на Македонија не е само месечна програма, туку јасна изјава за филмот како уметност што мисли, чувствува и памети. Простор каде тишината зборува, а сликите остануваат долго по завршувањето на проекцијата“, велат од таму.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации

Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија....

Македонија10 часа

Бугарското МНР: Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи не само со зборови, туку и во пракса во водење на отворен дијалог

Бугарското министерството за надворешни работи изразува длабоко разочарување од неконструктивното однесување на Република Северна Македонија, официјално обвинувајќи го Скопје за...

Македонија13 часа

Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња: „Ако сте купиле, не ја употребувајте“

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор...

Македонија15 часа

Мицкоски за утрешниот протест за минимална плата 600 евра: Секој има право да си протестира, во март законски ќе ја зголемиме

Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на...

Македонија15 часа

Хотели без дозволи, бесправни објекти на Галичица и недостаток на урбанистички планови: Ревизијата со забелешки за Охрид

Општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во...

Македонија16 часа

(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини

Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“....

Македонија16 часа

(Видео) Димитријевиќ: Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општините...

Македонија16 часа

Левица ќе гласа против новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува за партизација

На утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица...

Македонија17 часа

(Видео) Камионџиите ја проширија блокадата на граничните премини, заострените шенгенски правила го блокираа товарниот сообраќај на Балканот

Возачите на камиони од  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес продолжија со блокадите на граничните премини за...

Македонија17 часа

Просечната плата во здравството е 50.327 денари, од март ФЗОМ најави ново покачување

Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари, просечната плата...

Македонија18 часа

Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција

Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици...

Европа20 часа

Америка ѝ нуди на Украина гаранции и оружје, но бара многу болни отстапки кон Русите

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ соопшти на Украина дека безбедносните гаранции на САД се условени од тоа Киев да се...

Свет20 часа

(Видео) Зимската бура ги парализираше САД, стотици илјади без струја, најмалку 30 мртви

Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи...

Свет21 час

Трамп: Иран сака договор

Доналд Трамп рече дека Иран сака да склучи договор, бидејќи американски носач на авиони и придружна борбена група пристигнаа на...

Свет21 час

Британскиот премиер оди во Кина: „Нема да бирам меѓу две страни“

Премиерот Сер Кир Стармер изјави дека нема да биде принуден да „избира помеѓу“ својот однос со САД и со Кина,...

Европа22 часа

Францускиот парламент ја поддржа забраната за социјалните медиуми за лица под 15 години

Националното собрание на Франција во понеделник го поддржа законот со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на...

Регион22 часа

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Црна Гора го затвори преговарачкото поглавје 32 – Финансиски надзор вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија...

Македонија1 ден

Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година...

Македонија2 дена

Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов

Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со...

Македонија2 дена

МВР ги објави казните за „Безбеден град“: што ќе се санкционира и колку ќе плаќаат возачите кои ќе направат прекршок

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните...