Култура
Спектаклот „Трилогија Романа“ ќе го отвори Охридско лето
Со проектот „Трилогиjа Романа“ од Оторино Респиги во продукција на шпанската компанија „Ла фура дел Баус“ од Шпанија ќе се отвори Охридско лето
На отворањето ќе настапи Македонската филхармонија со која ќе диригира Андреас Везе.Оваа изведба ќе биде дел од светската премиера на ова дело кое на 17 јуни ќе биде изведено во Валенсија, на 2 јули во Рим и на 12 јули во Античкиот театар на 51-вото издание на фестивалот во Охрид.„Трилогија Романа“ содржи три дела, и тоа „Фесте Романе“, „Фонтане ди Рома“ и „Пини ди Рома“. „Музиката на Респиги дозволува музичарите со своите инструменти да бидат големите протагонисти, со својата кореографија која произлегува од велелепноста на партитурата. Околу музичарите се монтирани екрани кои ја примаат светлината од видео-проекторите и произведуваат слики на вода, скулптури, борови и сенки во постојано движење. Целиот проект е реализиран на начин да централната улога ја има имагинацијата. Публиката да си ги визуелизира светлосните линии кои доаѓаат од звучните бранови произведени од симфонискиот оркестар, а во исто време да ги реинтерпретираат идеите кои на Респиги му поминале низ глава додека ги компонирал овие три грандиозни партитури. Музика и светло. Слики и движење“, изјави Гордана Јосифова-Неделковска, селектор на музичката програма на „Охридско лето“.„Овде ќе се претставиме со достоен спектакл. Ние сме театарска компанија која повеќе се занимава со авантура отколку со театар. Во светот станавме познати по тоа што одевме спроти принципот на гравитација. Сакаме да направиме актерите и пејачите да летаат и работиме со елементи кои се од традицијата на Медитеранот оганот, водата и земјата. Во Охрид ќе се претставиме со нешто револуционерно што првпат ќе се види на овој фестивал. Музичарите од оркестарот нема да бидат седнати како што е вообичаено. Забележав дека овде на Балканот длабоко ја чувствуваат музиката и дури седат не се мирни, па затоа на овој проект ќе направиме да скокаат и да летаат. Она што ги спојува Валенсија, Рим и Охрид е водата, оганот и воздухот“, изјави Карлос Падриса, уметнички директор на компанијата „Ла фура дел Баус“ од Барселона. „ Значајно е да бидеме дел од овој спектакл, а со тоа да бидеме и дел од случувањата во светот. Сите композиции во „Трилогија Романа„ ги имаме свирено, но како поединечни композиции. Се работи за исклучително интересни композиции и комплексни партитури но ќе биде интересно обединети да се изведат. Овој предизвик ќе го прифатиме и ќе се обидеме да го изведеме на највисоко ниво“, рече Маја Чанаќевиќ, директор на Македонската филхармонија.„Ла фура дел Баус“ е компанија која од основањето во 1979 г. пристапува кон нови предизвици во областа на сценските уметности, а до сега организирала перформанси во многу земји како Бразил, Колумбија, Австралија, Кина, Русија, Италија, Шпанија, Холандија и други. Годинава ќе заживее четири стари опери и ќе има свои настапи во Дубаи, Исланд и Кореа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.
Култура
Почина Георги Сталев Поповски
Друштвото на писателите на Македонија информира дека на 30 декември 2025 година, во 95. година од животот, почина Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки и најстар член на писателската асоцијација.
Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 година во Витолиште, а почина во Скопје. Високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на својата богата професионална кариера, меѓу другото, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“.
Член на Друштво на писателите на Македонија бил од 1956 година, како прв член примен во Друштвото по заслуга на своите достигнувања во областа на книжевниот превод.
Поповски е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои двапати наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ во Сараево (1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, како и македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.
Тој останува актуелен и во 2025 година како еден од авторите на збирката раскази Она што се памети живее („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ, во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на неговиот татко, Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

