Култура
Портрет на Јован Павловски во ДПМ
Во Друштвото на писателите на Македонија се одржа средба посветена на писателот, новинар и публицист, Јован Павловски.
Во Друштвото на писателите на Македонија се одржа средба посветена на писателот, новинар и публицист, Јован Павловски.Повод за овој литературен настан е излегувањето на новиот, 67–ми број на списанието за уметност СУМ, целосно посветен на опусот на Јован Павловски.Писателот Јован Павловски, од објективни причини, не можеше да присуствува на денешната средба во Друштвото на писателите на Македонија. Неговото писмено обраќање го прочита неговиот син Мишел Павловски.„Пријатно ме израдува иницијативата еден број на списанието СУМ да биде посветен на моето творештво. Задоволството е дотолку поголемо што списанието во децениите во кои излегува се профилираше и се потврди како авторитетен и значаен промотор на македонската литература и култура“ – нагласено е во писменото обраќање на Јован Павловски.Едновремено, во писменото обраќање Павловски се заблагодари на главниот уредник на списанието Трајче Кацаров, уредниците Милан Ѓурчинов и Александар Прокопиев, како и на Раде Силјан, претседател на ДПМ, и Веле Смилевски, претседател на Собранието на ДПМ.За богатото и значајно творештво на Јован Павловски зборуваше академик Милан Ѓурчинов, кој своето обраќање го подели во три тематски целини посветени на творештвото и на авторот Јован Павловски.„За Јован Павловски се одлучив да зборувам од три причини. Прво, затоа што сметам дека е значајно име на македонската современа литература кое со текот на годините до денес, а се надевам и понатаму, си избори едно чесно, достојно и високо место во летописот на македонската литература со своите книжевни дела и погледи“.„Втората причина е што сметам дека Јован Павловски при сета своја непосредна ангажираност во сопствената литература е една вонсериска личност во нашата средина, човек кој широко се препушти на тековите на нашиот културен и општествен живот повеќе од 50-тина години, и кој оставил и се уште остава неизбришливи траги за тој живот со своите активности“.„На крајот, со Јован Павловски, како човек и како писател, не поврзува длабоко и искрено пријателство“- нагласи академик Ѓурчинов.Во својот говор академик Ѓурчинов се осврна на појавата и творештвото на Јован Павловски, неговите активности во Друштвото на писателите на Македонија, како и на неговата издавачка дејност во издавачката куќа МИ-АН. Посебно внимание Ѓурчинов посвети на своите книжевно-критички погледи кон романот „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ и стихозбирката „Идентитет“, која Павловски ја објавил во 1974 година.За содржините на СУМ и за причините да се посвети цел број на творештвото на Јован Павловски свој осврт даде Трајче Кацаров, главен уредник на списанието.„На Јован Павловски не му требаме ние, не му треба списанието СУМ, ниту се што ќе кажеме за него, бидејќи тој самиот и неговото дело се поголеми од се. Можам да кажам дека списанието СУМ има своја мисија која почна во 1993 година. Целта беше да се направи исчекор од сето она што се случува во Скопје и да се даде одглас на она што се случува надвор од центарот. Списанието СУМ се профилираше самото по себе, додека со посветувањето на творештвото на Јован Павловски, новиот број на СУМ продолжува да ја остварува својата културна мисија во областа на книжевноста. Сметам дека СУМ уште долги години ќе знае да го избере она што навистина е иманентно во македонскиот културен простор, ќе знае да другарува со вистинските вредности и да отстапува простор, да остава траги по кои некои можеби ќе стигнат до она што цел живот го посакувале“ – нагласи Трајче Кацаров.Текстови од творештвото на Јован Павловски како поет, романсиер и раскажувач на средбата во ДПМ читаше артистот Страшко Милошевски.Со оваа средба Друштвото на писателите на Македонија одбележа 55 години од почетоците на творечката дејност на Јован Павловски./крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

