Култура
Премиера на „Човекот пајак“ на музика од Ју-ту на Бродвеј
Во вторник ќе се случи официјалната премиера на Бродвејјскиот мјузикл „Spider-Man: Turn Off The Dark“ по текст и музика на култните Боно Вокс и Еџ од рок групата Ју-ту (U2), која беше одложувана шест пати
Спектаклот уште пред својата официјална премиера постави три историски рекорда: временски, технички и според цената. Поставката на мјузиклот траеше четири години, а трошоците се без преседан дури и за самиот Бродвеј – 70 милиони долари. Тоа е технички најкомплексното шоу со циркуски елементи. Предпремиерите на „Spider-Man…“ во Foxwoods Theatre беа неуспешни, така минатата година толкувачот на главната ролја Рив Карни поради технички проблеми остана да виси над салата во последниот чин. Вкупно, во подготовката на музичкиот спектакл беа регистрирани пет инциденти со повреди на членовите од актерската екипа, вклучувајќи и скршени ребра и нозе.Мајската предпремиера мина без инциденти, ако се игнорира првичниот негативен став на критиката во однос на основната музичка обработка. Боно Вокс во видео клипот објавен на официјалната итнернет страница на спектаклот, уверува дека шоуто во конечната верзија од една страна станало максимално безопасно и безбедно, а од друга – дека во него се јавуваат повеќе мистерија и магија. Авторите, особено, уверуваат дека се отстранети високите потпетици на танцувачката трупа во технички сложените композиции на танцовите на пајаците. Ролјата на главниот херој Питер Паркер се смета за многу тешка за физичките интерпретирање, така што „Човекот пајак“ го играат двајца актери Рив Карни и Метју Џејмс Томас, кој ќе се појавуви во две претстави седмично, за да може Карни да ја одмори својата мускулатура. Херои во мјузиклот буквално летаат над публиката и сцената, според замислата постановката за суперхеројот – спектаклот да се направи во тридимензионална слика. Музиката, дизајнот, специјалните ефекти, ја прават претставата навистина возбудлива, .забележуваат американските медиуми.Без оглед на музичката репутација на Боно и Еџ, нивната работа малку наликува на класична рок-опера. Еџ ја опишува музичката концепција на „ Спајдермен“ како „мешавина на ро-ен-рол, циркус, опера и музички театар“. Боно, пак, го дефинира жанрот како „опера во стилот на поп-арт“Како режисери на спектаклот се јавуват Џули Тејмор кој подоцна беше заменет со Филип Вилијам Мекинли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

