Култура
Иванка Апостолова – лауреат на наградата „Љупчо Филипов“

Иванка Апостолова ликовен уметник од Скопје е овогодишен лауреат на „Признанието за развој и афирмација на Македонскиот стрип“ именувано според прерано починатиот доајен на македонското стрип творештво, Љупчо Филипов.
Истото се доделува од страна на „Стрип центарот на Македонија“ со седиште во Велес. Иванка Апостолова има објавувано во над 20 светски магазини за стрип и цртеж како:„Стрипбургер“, „Лифт“, „Керозин“, „Контејнер“, „Д магазин“, „Милк“, а беше застапена и во антологијата „Женски стрип на Балканот“.Досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз, Диме Иванов – Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков – стрип оператор, неформалната групација на млади автори „ТАЈФА АРТ“, Томислав Османли-стрип теоретичар и хроничар, како и Дарко Марковиќ.Ова признание е дел од активностите кои се организираат во склоп на традиционалниот Меѓународен салон на Стрип, кој секоја година се организира во средина на октомври во Велес. За оваа година Стрип центарот на Македонија обезбеди гостување на стрип автори од Јапонија, Америка, Швајцарија, Србија, Косово како и промовирање на недоволно развиената и афирмирана сцена од Република Албанија. Во тек е и меѓународниот конкурс за стрип, кој трае до 25 септември ,а за повеќе информации околу истиот заинтересираните можат да видат на www.comicscenter.mk.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Триумф на македонската стрип заедница на меѓународен стрип конкурс

Младите македонски стрип автори убедливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0“
Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка,Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија и соработници од и Србија. Конкурсот е заснован на истоимениот грант од Младинскиот фонд за култура на Западен Балкан(WBYCF) а беше наменет за ученици од основните и средни училишта од Србија, Албанија и Северна Македонија.
Како што извести Томе Трајков –оперативен координатор на проектот , во категорија Средношколци од вкупно 12 учесници наградени се :
1) Матеа Аризановска, Скопје,
2) Викторија Асаматај, Валона, Албанија
3) Елена Апостолова, Скопје,
специјални награди
-Матија Стаменковиќ Лесковац, Србија за колор
-Урош Гајиќ, Рашка, Србија за приказна
-Андреа Младенова, Скопје, за техничко изразување
Што се однесува во категорија на ученици од основно училиште од вкупно пријавени 140 учесници) наградите ги добија
1 место Михаела Ордев, Иван Тасева и Јована Салтирова Свети Николе,
2 место Ива Давидовска, Крива Паланка
3-то место Јасмина Јовчевска, Скопје
3-то место Кристина Маркоска, Брвеница
специјални награди
• Вук Стојановиќ, Лесковац, Србија за боја
• Ардеа Соколи Валона, Албанија за порака
• Јанко Јанковиќ Врање, Србија за уметнички израз
Членови на жирито беа :
• Горан Трајковиќ, РАШКА-СРБИЈА
• Славица Купенкова, СКОПЈЕ –
• Валбона Абдулај, ВАЛОНА-АЛБАНИЈА
Треба да се истакне и трудот на менторите на младите стрип автори од сите земји,преку споменување на нивните имиња:
• Сузана Ќелешоска, Струга
• Ивана Настеска, Тетово
• Лина Тренкоска, Брвеница
• Љиљана Стриже Трајковиќ, Врање
• Илко Стојановски, Велес
• Марко Стојановиќ, ЛЕСКОВАЧКО СТРИП УЧИЛИШТЕ „Никола Митровиќ Кокан“
• Снежана Стефановска Велес
• Даниела Стојчева Илиев Скопје
• Дејан Марков .Штип
• Пале Јовановска, Велес
• Валентина Штеркова Лукарева, ОУ Даме Груев с. Ержелија
• Иванка Тодорова Милошевска, ООУ „Гоце Делчев“-Љубанци, Скопје
• Ликовно студио Кристина Стојанова Имагинариум, Битола
• Силвана Ѓуровска ООУ АЦО ШОПОВ – СКОПЈЕ
• Ване Ѓорговски Ацо Шопов Скопје
• Татјана Антевска Маркоска, Тетово
• Игбал Мемиши, Скопје
• Мег’Вана Авдулај Валона, Албанија
• Јонида Малила Валона, Албанија
Наградите и дипломите ќе се доделат на отварањето на мегународната стрип колонија во Рашка, Србија ,којашто ке се одржи од 18 до 22 јули.
Култура
Концерт на Симон Трпчески на 20 декември во арена „Борис Трајковски“

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески.
Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна интерпретација. Заедно со квинтетот „МАКЕДОНИСИМО“ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине жанровите и границите.
По минатогодишниот фантастичен концерт во арена „Борис Трајковски“, кога Симон Трпчески ја наполни салата до последно место и ги остави присутните без здив, годинава тој се враќа со јасна причина за славење.
25 години врвна музичка кариера, исполнета со настапи на најпрестижните сцени, соработки со елитни оркестри и интерпретации што оставаат траен печат. Пат исполнет со непоколеблива посветеност кон уметноста, со страст што не згаснува и со визија што постојано се надградува. Јубилеј што сведочи за храброста да се остане верен на сопствениот израз, дури и кога тој го менува светот околу себе.
Настанот е во организација на „Прагма продукција“, а картите за истиот се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.
Култура
Македонската филхармонија ќе гостува во Солун

На 30 јуни (понеделник), оркестарот на Македонската филхармонија ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун.
Диригент ќе биде Михалис Иконому од Грција, а како солисти ќе настапат нашата сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и контра тенорот Николас Спанос од Грција.
Изведбата на градниозното дело до Карл Орф ќе се одржи во Концертната сала во Солун, со почеток во 21 часот.
Ова е втора изведба на „Кармина Бурана“, по премиерата во Софија во февруари, која беше проследена со овации од публиката.
„Кармина Бурана“ е едно од најголемите музичко-сценски дела кое има статус на музички „бестселер“ на 20 век. Со своето извонредно влијание врз слушателите, „Кармина Бурана“ ги освои срцата на сите генерации. Композиторот Карл Орф го создаде ова иконично дело, инспирирано од средновековната поетска антологија „Codex Buranus“. Премиерата во 1937 година во Германија предизвика сензација и го означи почетокот на светскиот триумф на оваа кантата. „Кармина Бурана“ во себе обединува антички текстови, волшебни мелодии и моќни ритми. Вклучувајќи хор, солисти, богата оркестрација и сценско дејство, делото раскажува за кревкоста на човечката судбина, за радостите на пролетта, за бурните љубовни страсти и за задоволствата кои ги носи животот.