Контакт

Култура

Седумдесет години од смртта на Рабиндранат Тагоре

Објавено пред

Познатиот индиски книжевник, драматург и филозоф Рабиндранат Тагоре роден е во Калкута, Индија на 7 мај 1861 година, а почина на денешен ден 1941 година во истиот град

dobivaj vesti na viber

Рабиндранат Тагоре е најмладиот син на хиндуистичкиот философ и верски мистик Девендранах. Уште како момче го покажувал својот интерес  за поезијата, па уште во осмата година од животот ги напишал првите песни.На инсистирање на својот татко се запишал на Правни студии во Англија, но набрзо се вратил во Индија и се определил да се занимава со книжевност. На Бенгалската академија студирал историја и култура.За време на престојот во Лондон, Тагоре ги објавил своите први збирки песни.Напишал повеќе од 1000 поеми, 24 драми, осум романи, повеќе од 2000 песни и голем број есеи.Неговата поезија се одликува со едноставност во емоциите, а романите со општествена свест. Главна цел на овој автор била поврзувањето на Исток и Запад.Доби Нобелова награда за книжевност во 1913 година за збирката песни „Гитанџали“ која ја напиша 1910, а самиот ја преведе од бенгалски на англиски јазик.Оваа збирка песни Тагоре ја напишал по смртта на неговата ќерка и жена. Британската влада во 1915 го прогласи за витез. По масакрот во Амрикар во 1919 година, тој се откажа од оваа титула, во знак на протест спрема британската политика во Индија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почнува седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“

Објавено пред

Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

dobivaj vesti na viber

Иницирана како дел од стратешката програма за афирмација на филмската уметност и поддршка на домашната продукција, филмската ревија „Златна рамка“ се етаблира како еден од клучните настани во македонската културна сцена. Со своето седмо издание, ревијата ја продолжува својата мисија – да ја претстави актуелната продукција транспарентно и критички, да ја доближи до домашната публика и медиумите, како и да придонесе кон унапредувањето и квалитетот на македонската кинематографија преку стимулирање на продукциската и креативната динамика во индустријата.

„Златна Рамка“, покрај тоа што е филмска ревија, претставува и платформа за професионален дијалог, каде филмските автори, продуценти и актери дискутираат за релевантни прашања, ги споделуваат своите достигнувања и остваруваат соработки.

Особено значајно е што овогодинешното издание на „Златна рамка“ се совпаѓа со јубилејот – 75. години од основањето на Друштвото на филмски работници на Македонија – здружение што има витално значење за развојот и заштитата на македонската кинематографија од нејзините почетоци до денес. Од своето основање, ДФРМ претставува глас и поткрепа за сите професионалци во домашната филмска индустрија.

„Златна рамка“ ја симболизира основната кинематографска единица, рамката, и на симболичен начин ги обединува творештвото, критиката, традицијата и современоста во македонскиот филм. Со секое ново издание, ревијата ја афирмира својата важност како двигател на културен дијалог што ги надминува жанровските, лингвистичките и културните граници.

Во рамки на тридневната програма, присутните може да очекуваат да уживаат во програма со различни долгометражни филмови, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција.

ПРОГРАМА

Краткометражни филмови:

На 26 јуни со почеток во 18 часот ќе бидат прикажани пет кратки филмови. На програмата се остварувања на режисерите: Елеонора Венинова, Халим Лута, Надежда Панов, Трифун Ситниковски и Васил Христов.

Долгометражни филмови:

27 јуни, 20:30 часот: “Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во продукција на “Трис Филмс“.
28 јуни, 20:00 часот: “Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар, во продукција на “Сектор филм“.

Документарна програма:

27 јуни, 19:00 часот: “Време на бетон“ во режија на Игор Иванов, во продукција на “Скопје Филм Студио“.
28 јуни, 18:00 часот: “Богатство“ во режија на Арсим Фазлија, “Сејви Продукција“.

Дополнително, на 28 јуни, како дел од социјалната програма ќе се одржи и специјална проекција на „Најтешкото нешто“ во Домот за стари лица “Мајка Тереза“ за публиката која не може да го посети киното “Фросина“.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски во Загреб

Објавено пред

Покрај фотографиите, изложбата вклучува и промотивни материјали поврзани со соработката на Стефановски со Теохаров Аудио, со кои заеднички ги дизајнираа познатите звучници ‘Legendary’ – технолошки и дизајнерски напредни уреди кои се здобија со голема популарност.

dobivaj vesti na viber

Во просториите на Македонскиот културен центар во Загреб, во среда, на 3 јули со почеток од 19 часот, ќе биде отворена изложбата The Vlatko Stefanovski Experience, посветена на значајниот јубилеј – 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски.

Изложбата претставува избор од концертни фотографии кои ги документираат различните фази од солистичката кариера на Стефановски. Автори на фотографиите се Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ – фотографи кои долги години го следат Стефановски на неговите настапи и турнеи во Македонија, Србија и пошироко. Таа за првпат беше поставена во галеријата Мала Станица во јуни 2024, во рамките на фестивалот Скопје Синема Сити.

Преку објективот на овие четворица фотографи се отвора еден визуелен архив кој сведочи за уметничкиот раст и развој на Стефановски – од неговите рани соло настапи, преку бројните музички соработки, па сè до денешните концерти кои сè уште пленат со виртуозност и силна емоционалност. Фотографиите ја доловуваат не само динамиката на настапите, туку и атмосферата на концертите, реакциите на публиката и посветеноста со која Влатко излегува на сцена.

Покрај фотографиите, изложбата вклучува и промотивни материјали поврзани со соработката на Стефановски со Теохаров Аудио, со кои заеднички ги дизајнираа познатите звучници ‘Legendary’ – технолошки и дизајнерски напредни уреди кои се здобија со голема популарност.

„Концертната сцена е местото каде што музиката се доживува најнепосредно – под рефлектори, без филтери“, вели авторот на изложбата, новинарот и куратор Ненад Георгиевски. „Влатко Стефановски е уметник кој постојано покажува дека звукот може да биде и емоционален компас и културен идентитет.“

Изложбата The Vlatko Stefanovski Experience е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и ќе биде отворена за посетители до 8 јули. Таа е поддржана од Министерството за култура и туризам. Публиката е поканета да ја доживее оваа визуелна ретроспектива како омаж за еден уметник чие музичко творештво надминува граници, жанрови и генерации.

Прикажи повеќе...

Култура

„Отровни стрели“ – на улица во Скопје поставена инсталација што потсетува дека зборовите може да бидат опасни

Објавено пред

Инсталација е поставена во центарот на Скопје на малиот сквер кај Ким во порта Буњаковец, која има за цел да прати силна визуелна порака. Инспирирана од симболиката на отровните стрели, инсталацијата го прикажува говорот на омраза како невидливо, но моќно оружје што повредува.

dobivaj vesti na viber

Идејата на оваа акција е да нè потсети дека и зборовите можат да бидат опасни. Во центарот на инсталацијата е поставено човечко лице со широко отворена уста, од која излегуваат „отровни“ стрели — симболична претстава на зборовите што креаторите на говор на омраза ги користат за да навредат, повредат или омаловажат. Со димензии 1,4 х 1,2 метри и изработена од рециклирани метални материјали (лим, профили, арматури), оваа скулптурна композиција привлекува внимание со својата впечатлива форма и силна симболика.

На подножјето стои јасна порака: „Говорот на омраза повредува“ — повик до сите нас да размислиме за последиците од нашите зборови, особено во време кога комуникацијата сè почесто се одвива во дигиталниот простор, а говорот на омраза станува сè поголем општествен проблем.

Оваа уметничка интервенција има за цел да ја подигне јавната свест за штетните ефекти на говорот на омраза и да поттикне општествена одговорност, емпатија и почит кон другите.

Оваа акција е подготвена од Центарот за современи уметности – Скопје во рамките на проектот Мрежа за разновидност 2.0 – Нова агенда што го спроведува Здружението за унапредување на новинарските практики „Иновативни медиуми – Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Да го урнеме системот на бандитизам од политички и бизнис структури кои функционираат во широки коалиции, порача Мицкоски

Измина една цела година, на предизвици, на тешка, посветена и макотрпна работа. Во секој еден ден од овие изминати 365...

Македонија2 часа

Македонските граѓани во Израел, Катар и ОАЕ за сите прашања да се обратат до надлежните амбасади, МНР со апел да не се патува кон земјите од тој регион

По последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот,...

Регион3 часа

Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот, вели бугарскиот министер Георгиев

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година за Северна Македонија нема да биде успешен. Европскиот парламент нема...

Свет4 часа

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар со балистички ракети

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз...

Свет5 часа

Трамп до Медведев: Не го употребувајте лесно зборот „нуклеарен“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му рече на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, да не...

Македонија5 часа

По најавите за претстојниот топлотен бран, ИЈЗ со препораки за заштита на граѓаните

Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи...

Македонија9 часа

Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и...

Македонија9 часа

Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки...

Македонија12 часа

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло...

Свет15 часа

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија15 часа

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија15 часа

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ1 ден

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет1 ден

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија1 ден

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...

Македонија1 ден

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Топ2 дена

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Македонија2 дена

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет2 дена

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет2 дена

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...