Култура
Започна 68-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција
Со проекција на филмот „Мартовски иди“ во режија на Џорџ Клуни вечерва започна 68-то издание на најстариот филмски фестивал на светот, Венецијанските мостри, во чии рамки во натпреварувачка конкуренција ќе бидат прикажани 23 филмови.
Со проекција на филмот „Мартовски иди“ во режија на Џорџ Клуни вечерва започна 68-то издание на најстариот филмски фестивал на светот, Венецијанските мостри, во чии рамки во натпреварувачка конкуренција ќе бидат прикажани 23 филмови.
„За прв пат во историјата на фестивалот по втората светска војна сите долгометражни филмови прикажани во официјалната конкуренција ќе бидат премиери.
„мартовските иди“ е четврти филм во кој Клуни се појавува како актер и како режисер. Филмот, во кој покрај Клуни настапуваат и Рајан Гослинг, Филип Сејмур Хофман и Пол Џиамати, зборува за неволјите со кои се соочува претставникот за печат на еден претседателски кандидат, кој е заплеткан во корупциски скандал.
Покрај филмот на Клуни, за главната награда „Златен лав“ ќе се натпреваруваат „Карниџ“ (Carnage) на Роман Полански, во кој играат Џоди Фостер, Кејт Винслет и Кристоф Валц, „Опасен метод“ (Dangerous Method) на канаѓанецот Дејвид Кроненберг, „Фауст“ на рускиот режисер Александар Сокуров и уште многу други.
За добитниците „Златните лавови“ ќе одлучува жири предводено од Дарен Аронофски, режисер на филмот „Црн лебед“ кој минатата година беше прикажан на „Мостра“ и за кој актерката Натали Портман доби „Оскар“. Другите членови на жирито се францускиот режисер Андре Тешин, неговиот американски колега Тод Хајнес, поранешниот лидер на групата Talking Heads, Дејвид Бирн, финската режисерка Еија-Лииса Ахтила, како и двајца Италијанци – актерката Алба Рорвашер и режисерот Марио Мартоне.
Надвор од официјалната натпреварувачка конкуренција ќе бидат прикажани 32 филмови, од кои 19 премиерно. Меѓу нив се W.E. во режија на Мадона, филм за љубовта на кралот Едвард Осми и Волис Симпсон, Wilde Salome („Дивата Салом“) на Ал Пачино, како Contagion на Стивен Соденберг, во кој, меѓу другите, настапуваат и Мат Дејмон и Кејт Винслет.
На посебна свеченост во текот на фестивалот, „Златен лав“ за животно дело ќе добие италијанскиот режисер Марко Белочи, а наградата ќе му ја врачи легендарниот Бернардо Бертолучи.
Овогодинешната „Мостра“ опфаќа и три пратечки програми програмата посветена на новите филмски трендови во светот, ретроспектива на италијанскиот експериментален филм од 1960-те и 1970-те години, како и посебна програма посветена на новите трендови на италијанската кинематографија.
Фестивалот ќе биде затворен на 10-ти септември со филмот на Вајт Стилман „Дами во неволја“ (Damsels in Distress). /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.

