Култура
Томе Трајков награден од стрип авторите од Косово
Томе Трајков, културен оператор во Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е добитник на Признание за досегашната укажана помош и соработка со стрип авторите од Косово.
Томе Трајков, културен оператор во Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е добитник на Признание за досегашната укажана помош и соработка со стрип авторите од Косово.Признанието го доделува Асоцијацијата за стрип и карикатура „Џенетс комикс“ од Призрен а на Трајков ќе му биде врачена за време на одржување на 7-от фестивал за стрип и карикатура „Призрен 2011“ што ќе се одржи од 7-ми до 9-ти октомври.На овој фестивал, повторно е забележливо масовното учество на македонски автори,пред сé од помладата генерација.Една седмица подоцна, во Велес ќе се одржи 9-иот Интернационален салон за стрип, под организација токму на Македонскиот стрип центар. Освен од домашни, потврдено е присуството на стрип автори од САД, Јапонија, Швајцарија, Косово, Албанија, Бугарија, Србија со можно присуство на автори и до други земји. За нивна достапност до пошироката стрип публика, првпат во историјата на овој салон, дел од планираните настани освен во Велес, ќе се одржат и во Скопје.„Драго ми е што сум добитник на ова признание,што е сатисфакција за напорот вложен во градењето на разни стрип мостови.Токму преку проектите на СЦМ-Велес стрип авторите од Косово остварија контакти со колеги од други земји, како од Балканот, така и пошироко. Уште повеќе ми годи што организацијата „Џенет комикс“ од Призрен ја цени постојаната помош и менторство добивано од наша страна“, изјави Трајков по повод наградата.„Стрип центарот под водство на Ване Трајков (со кој не сум во роднинска врска) веќе цела деценија претставува континуирано место за поттикнување и афирмирање на домашни стрип автори од разни генерации, овозможување контакти со автори и фестивали од други земји. Започнат е процес којшто не запира, а резултатите од оваа систематска и долгорочна работа се видливи“, рече Томе Трајков објаснувајќи ја улогата и работата на велешкиот Стрип центар.Тој додаде дека во Центарот се горди што оваа дејност и манифестација ги надмина домашните рамки, и прераснува и на ниво на Балканот, а особено станувајќи организација – ментор на нашите пријатели од други земји. Поточно, како што појасни Трајков, освен со Косово, од скоро се воспоставени контакти со иницијално јадро од стрип уметноста и од Албанија и тн./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

