Култура
Проекции на документарни филмови во МКЦ
Денеска во Скопје на платото пред пМладинскиот културен центар со почеток во 20 часот ќе може да се проследат документарните филмови „Во градината на звуците” (Nel Giardino Dei Suoni) и „Приклучи и моли се” (Plug and pray) ќе се одржат утре (четврток, 15 септември).
Денеска во Скопје на платото пред пМладинскиот културен центар со почеток во 20 часот ќе може да се проследат документарните филмови „Во градината на звуците” (Nel Giardino Dei Suoni) и „Приклучи и моли се” (Plug and pray) ќе се одржат утре (четврток, 15 септември).Станува збор за завршниот трет ден од Фестивалот на антрополошки документарен филм „Маргарет Мид”. Влезот е слободен, а за филмски проекции е обезбеден македонски превод. „Во градината на звуците” минатата година ја доби престижната награда Prix de Soleure 2010 на фестивалот во Золотурн, Швајцарија. Се работи за трогателно истражување на врската помеѓу мозокот, телото и звукот и кинематографско патување до границите на комуникацијата. Приказна за Волфганг Фасер, слеп музичар кој работи со сериозно хендикепирани деца, помагајќи им да го најдат своето место во светот кој не е направен за нив. Додека во „Приклучи и моли се” се разработува темата на вештачката интелигенција. Следната генерација истражувачи ги визуeлизираат роботите како наша иднина. Од големи роботи кои ќе ги користиме како дадилки до нанороботи кои ќе циркулираат низ нашите клетки и ќе ја подобруваат нашата ДНК. Но еден човек, научникот Џозеф Веизенбаум се сомнева во мудроста на визијата и смета дека треба да размислиме што правиме пред роботите да станат сеприсутни.Фестивалот беше отворен во вторникот со проекциите на два документарца и јавната дебата на тема „Најлоши форми на злоупотреба на детскиот труд” на која говореа претставници од Првата детска амбасада во светот – Меѓаши. Во средата беа прикажани филмовите „Си беше еден остров” (Te Henua e Nnoho) и „Снимање со Мурси” (Shooting with Mursi) што беше проследено со дебатата „Идентитет и визуелна антропологија” на која ќе учествуваа д-р Маја Мухиќ, д-р Катерина Колозова и д-р Иванка Апостолова.Фестивали од овој тип кои го носат името на светски познатиот антрополог Мид, се одржуваат низ целиот свет со поддршка на Американскиот природонаучен музеј во Њујорк, а ова е првпат таква манифестација да биде одржана и во Македонија. Фестивалот е во организација на Центарот за драмски уметности Т-ХАУС од Скопје во соработка со Младинскиот културен центар од Скопје. Фестивалот се реализира со поддршка на Американската амбасада во Скопје и со грант од програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC./крaј/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

