Култура
Почнува сезоната во скопскиот Детски театарски центар
Детскиот театарски Центар – Скопје денеска ја започнува новата сезона со со почеток во 19 часот, кога на сцената на театарот во скопската Стара чаршија, ќе се одржи премиерата на претставата за деца, мјузиклот „Цицибан“, работена според песните на Отон Жупанчиќ.
Детскиот театарски Центар – Скопје денеска ја започнува новата сезона со со почеток во 19 часот, кога на сцената на театарот во скопската Стара чаршија, ќе се одржи премиерата на претставата за деца, мјузиклот „Цицибан“, работена според песните на Отон Жупанчиќ. Театарската претстава е реализирана во режија на Примош Беблер (Словенија), музичка композиција Мирко Вуксановиќ (Словенија), репетитор Самир Дургути, додека сценографијата и костимографијата Крсте С. Жидров. Улогите ги толкуваат Мерлинда Саити и Фисник Зеќири. „Цицибан“, исто така познат и под насловотДетскиот театарски Центар – Скопје денеска ја започнува новата сезона со со почеток во 19 часот, кога на сцената на театарот во скопската Стара чаршија, ќе се одржи премиерата на претставата за деца, мјузиклот „Цицибан“, работена според песните на Отон Жупанчиќ. „Меурчиња“ – „Mehurčki“, е збирка поезија во која главен лик е момчето со име Цицибан. Цицибан е едно љубопитно, палаво момче со чисто срце, кој преку уникатен начин се обидува да го спознае светот, уживајќи во природата, нејзините бои, ритмови, звуци на животните (ономатопеи), чистото небо, убавините што ги има природата итн. На ист начин се развива и преставата, која е основана на поезијата на Отон Жупанчиќ, која преку детска игра спонтано се претвора во сценски ситуации и детски песни, Р`н`Б, поп, рок итн. Со развивањето на технологијата, децата се’ повеќе се затвораат дома пред компјутерот. На овој начин се оддалечуваат од природните убавини. Затворени во соба често и ги мешаат денот со ноќта седејќи пред компјутерот до раните утрински часови занемарувајќи г природните убавини. Занесени со звукот на глувчето, забораваат да ги слушнат прекрасните песни на птиците. На овие веќе заборавени убавини ќе не’ потсети претставата „Цицибан“, со цел да се вратат вистинските вредности особено кај децат, велат од ДТЦ. Претставата „Цицибан“ е во продукција на Детскиот Театарски Центар – Скопје, а финансиски поддржана од Министерството за култура на Владата на Република Македонија и од FОО-М. Претставата е на албански јазик со титлуван превод на македонски./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

