Култура
Под слика на Гоја откриена уште една негова слика
Анализирајќи ја сликата „Портретот на дон Рамон Сатеу“ на Франциско Гоја во музејот „Ријкмусеум“ во Амстердам, експертите открија уште една слика на славниот шпански сликар.
Анализирајќи ја сликата „Портретот на дон Рамон Сатеу“ на Франциско Гоја во музејот „Ријкмусеум“ во Амстердам, експертите открија уште една слика на славниот шпански сликар. Ова откритие е овозможено благодарејќи на новата техника на хемиска анализа со помош на флоуросцентни ренген зраци. Анализирајќи ги слоевите од сликата, било откриено дека по неа е сокриен портрет на офицер од војската на Наполеон. Неговото лице не е најдобро дефинирани, но коњаничката униформа и ознаките на чинот покажуваат дека станува збор за генерал. Постојат мислења дека дури станува збор за Жозеф Први Бонапарта, шпанскиот крал под француската окупација, постариот брат на императорот Наполеон. „Со мобилен скенер можеме да ги анализираме слоевите од сликата. И сето тоа го сторивме недопирајќи го платното“, појаснува Јорис Дик од холандскиот Технички универзитет во Делфт., додавајќи дека вака реконструираните бои кои се наоѓаат под сликата се видливи за публиката.Дик и неговите соработници ја развија ваквата техника во соработка со белгискиот универзитет од Антверпен, а методот се објаснува како сличен со работата на археолозите кои ги откриваат историските слики ни пигментите.За самиот „Ријскмусеум“ ова откритие е од големо значење, бидејќи сликата „Портретот на дон Рамон Сатуе“ е единственото дело на Франциско Гоја коешто е сочувано во некој холандски музеј.Холандските експерти сметаат дека Гоја кој живеел од 1746 до 1828 година, го насликал портретот на францускиот офицер во периодот меѓу 1808 и 1813 година, кога француската војска се повлекла од Шпанија, Односно дека неколку години подоцна, Гоја преку недовршениот портрет кој можел да го компромитира го насликал портретот на дон Сатуе. Новото негово дело со текот на времето стана едно од највредните палтна на уметникот./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

