Култура
Изложба на Виолета Чаповска во Чифте амам
Денеска во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „Семејство“ на Виолета Чаповска, македонската уметница која подолго време живее и работи во Австралија.
Денеска во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „Семејство“ на Виолета Чаповска, македонската уметница која подолго време живее и работи во Австралија.Проектот „Семејство“ вклучува грифички и видео инсталации со следните наслови: „Именување имиња“ која се состои од женски имиња напишани на кирилица и латиница, каде авторката почнува од сопственото трагање по женска линија по мајка. Исто така како резултат на нејзиниот интерес за психоанализата се вклучени и имиња на некои од пациентите на Фројд и Бројер, како и историски и религиозни имиња од традицијата, како што се: Марија Магдалена и Сирма војвода, како и трагичните и романтични имиња од литературата (Офелија, Јулија и Хеда).Делото „Хипноза и сеанса“, ја истражува хистеријата со која авторката се занимавала во текот на нејзиниот студиски престој како уметник во болницата св. Винсент во Мелбурн, каде во графиките се искористени фотографии и цртежи од Селпетрие, ментална болница за жени во Париз во 1800-те години.Делото „Именден“ е инспирирано од традиционалниот македонски обичај во кој се прославува името. Авторката дарувана со име на цвет – Виолета го прославува својот именден на Цветници. Цветните симболи и метафори имаат длабоки религиозни и сексуални конотации. во средновековната уметност ружата е симбол на Богородица, лилјанот на минојската култура, 300 години п.н.е. и се поврзува со мајчинството. во грчката традиција перуниката се поврзува со смртта. Темата исто така се потпира на потеклото и развојот на ботаниката, рефлектирана во историјата на ботаничките илустрации со богати научни текстови. Зборот корола на латински значи круна од венче, но шведскиот ботаничар Линаеус ја хуманизира флората со тоа што употребува термини на сексуални органи. Виолета Чаповска е родена во Скопје 1967, дипломирала на Универзитетот св. Кирил и Методиј, Факултет за ликовни уметности (на одделот графика) во Скопје во 1991 и магистрирала на Кралскиот институт за технологија во Мелбурн во 1995. во нејзините дела се вклучени: Ланд принт проектите (1994 и 1996) – Малото езеро, Пелистер (2280м). инсталацијата телесни течности на Чаповска беше вклучена во изложбата Гендер чек во Музејот на модерни уметности во виена во 2009. таа се интересира за различни културни репрезентации на женското тело, и влијанието на психоанализата во современата уметност . нарациите на субјектот на мајчинството се рефлектирани во видео проектот мајчинска група, Мелбурн и Скопје (2000). во 2004 Чаповска оствари студиски престој во болницата „Сент Винсент“ во Мелбурн, испитувајќи го историскиот аспект на темата на “хистерија“ и современиот наратив на женските боледувања, видливи во нејзините видео дела: Bолно заљубена девојка (2004) и Хипноза (2004). Во нејзиното творештво се исто така вклучени: инсталацијата Блескавост (2006), проектот Именување на името (2008-2010), видео проектот Терапија (2011), со употреба на графика, текст, видео и текстил. Изложбата ќе ја отворат Маја Крстевска, директор на националната галерија на Македонија и Дмитар Малиданов, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.Изложбата е финансирана од министерството за култура на република Македонија и истата ќе биде отворена до 10 октомври 2011 година./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.

